Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.584
    Допаѓања:
    9.003
    Пол:
    Женски
    Митинзи одржуваат сите партии, во сите градови. Поубава слика за тоа колку се почитуваат мерки, здравје. Повели кажи дали си видела човек со маска да се вози во 41, 67, 51, 73, 9 и други линии да не ги редам. Битпазар, Чаир, Ченто, Синѓелиќ, знаеш дека постојат? За Мобеликс си чула? И да не ги редам сите по име и презиме бидејќи нема поента. Ти генерализираш затоа што си убедена дека сите прават така како што правиш ти. И иако не е тема на муабет, јас сум граѓанин на светот и ќе живеам каде ќе посакам, нема тебе да те чекам да ми командаш. Излези малце од четири ѕида и соочи се со светот.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    16.970
    Пол:
    Женски
    Џабе сте испаднеле од државава каде што ние сме без култура, не почитуваме ништо, од стока сме подоле според вас, ама не сте ни вие подобро со вашата култура, ништо не сте научиле само да плукате кај ќе стигнете.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    @vitamina Е во право за сертификатите. И во кој град никаде не бараат, а не живеам во мал.
    Е маски се носат уште во затворено.
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.584
    Допаѓања:
    9.003
    Пол:
    Женски
    Зборот "стока" го искористи некој друг, а не членката која пиша за непочитување на мерките. Вие ние... кај со овој памет си тргнала не знам. Малку здрав КРИТИЦИЗАМ не е на одмет да имаш. Ама ај. Супер е, сите носат маски.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.621
    Пол:
    Женски
    Секаде не е исто и не треба генерализирање. Јас во моја околина гледам дека се почитуваат мерки. Има по некој случај каде луѓе си прават по нивно и не им е гајле за заштита за себе и за другите, такви секако има. Ама генерално, се почитуваат мерки, гледам дека мнозинството почитува. Е сега, дека некаде сликата е поинаква, е.
     
    На Tajnaotrovna и Ahoy им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    16.970
    Пол:
    Женски
    Не ми глуми од високото добро утро само затоа што си отишла во Германија и на крајот на светот да отидеш пак истата си. Ама зошто се враќате тоа не ми е јасно или скапо ви е во странство забите да си ги правите и да се прегледувате, а тука ќе глумите нешто. Си имам јас здрав критицизам ама не е лошо ни ти да го примениш. Сакаш да ми кажеш дека во странство секаде се носат маски?? Не се одржуваат концерти?? Не се собираат?? Па половина од вас заболени се враќавте по автобусите и ти ќе ми кажуваш за култура.
     
    На Nena Jovanova, Tanjamm, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.584
    Допаѓања:
    9.003
    Пол:
    Женски
    Јас не сум у Њемачка девојко, ти нешто си се збунила искрено. Живеам во Скопје, во Центар. Ти посочив точно на кои места константно не се почитуваат мерки, но ти тој коментар го игнорираш затоа што не ти одговара. Во "странство" не се почитуваат мерки и не се носат маски, но се плаќаат дебели казни, се млатат со полиција и што е најважно, не се убедуваат со луѓе дека уствари почитуваат мерки, како што правиш во моментов ти. Денталниот туризам е една од најразвиените гранки на туризмот во последната деценија на Балканот, не знам што ти пречи тоа, а за коментари од типот "високото добро утро" стварно не знам шо да ти кажам, зборуват многу за тебе
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    16.970
    Пол:
    Женски
    Тоа што некои не почитуваат мерки, а многу добро знаеме кој, што и како не значи дека тоа е цела држава. Со некој луѓе едноставно можеш да се разбереш само ако зборуваш на нивниот јазик.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.584
    Допаѓања:
    9.003
    Пол:
    Женски
    Ти да читаш коментари, ќе укапираше дека токму тоа го кажа Витамина, дека во нејзиното место никој не есапи никого и дека е изненадена пошто во Италија каде живее не е така. Ама ти си направи цел филм, додаде триста заклучоци твои лични и излегоа овие непотребни коментари.
     
    На vitamina, Anne Boleyn и LejlaD им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.442
    Пол:
    Женски
    Види, јас те разбирам.
    Ама не може цело време да ни бидат виновни дијаспори и се што не живее во Мкд.
    Сите сме во ова, има има и наши што не почитуваат мерки.
    Одат заразени на работа, кријат симптоми и се мешаат со други.
    И да, се сетив на Интермецо, колку пати го затворија поради непочитување на мерки?
    Некои уште не веруваат корона дека постои.
    А околу непочитување на мерки, одамна кажав, високи казни е лекот, удари по џеб 2000 и повеќе евра па да видеме.
    Свадби на велико имаше и погоди што? Не правеа само дијаспорци свадба, на две свадби бев поканета и не отидов иако бев вакцинирана.
    Ете има митинзи, ретко да видиш некој да носи маска.
    Ние што не сме дијаспора не одевме по одмори и слично?
    За во Скопје нз како е ама во помалите градови ретко се почитува.

    И да, јас кажав дека сме стока и пак ќе кажам.
    Се нешто ни пречи, се нешто не треба.
    Вака требало па така требало. Па се лутат ако им кажеш маски да носат.
    Сироти они бе можеле да дишат. :(
    Со исклучок на одредени членови ама некои тука претераа со милион линкови, теории и црни сценарија, како СЗО не ги зеде, срамота и жално такви таленти дома да седат.:(

    Ќе спомнам уште еден пример.
    Пред месец и нешто почина на моја другарка сопруг, одбивал да оди на болница, иако со сите симптоми и ниска сатурација...
    Кога му се слошило го носеле во Систина, не можеле да го спасат.

    Уште еден пример скоро беше.
    Најголем антиваксер у град со неговата сопруга низ град збореле кој се вакцинирал за 3 години ќе умре.
    Закачува корона, не било корона, бронхит било, корона не постои.
    Му се влошила ситуација одбивал да се лекува, ќерка му како медицинар наместо да го испрати на лекување дома го лечела.
    Сатурација 30 паѓа у кома и умира.
    И замисли, не се дијаспорци.
    Не е ова од рекла казала муабети туку од доктор.

    Еве заминаа дијаспора, короната уште е тука :)
     
    На Nena Jovanova, Nikolina35, manako1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.945
    Допаѓања:
    16.970
    Пол:
    Женски
    Се е тоа во ред, не го негирам ама заради изолирани случаи не можеш да речеш дека во цела Македонија е така и дека сите луѓе не почитуваат мерки, не се вакцинираат, значи секаде во светот има и антивакасери и луѓе што не почитуваат мерки. Во другите држави нема корона, само кај нас има.
     
    На Tanjamm и nextredstyle им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    За маските океј.
    Ама не сте ми јасни со моментот - не бараат сертификат и затоа се шири.
    И вакцинирани шират, сертификатот не гарантира намалена трансмисија.
     
    На IRBBB, deskarada, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Јасно ми е мене.
    Тактика за да се натераат да се вакцинираат што повеќе луѓе.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Можи да ми кажите матичен лекар во Аеродром шо не лечи преку телефон, туку прима регуларно пациенти?
     
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.138
    Допаѓања:
    40.503
    Пол:
    Женски
    Д-р Ана Тодоровска, пзу Тодоровски кај Три Бисери
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Живеам во поголем град и сертификати никаде не бараат, без проблем можеш да седнеш било каде.
    Е маски во затворено се носат, тоа се почитува.
     
  17. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Јас сум од помал град, и кај нас сертификати не бараат никаде. Маски претежно се носат, но секако има и исклучоци.
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.773
    Допаѓања:
    41.782
    Пол:
    Машки
    Ако веќе рапортираме, и јас сум од мал град каде сертификати се бараат откако неколкумина добија опомени, а еден и се олесни со неколку илјади евра казна поради немање на сертификат. Келнерот помина само со опомена зашто бил излажан, а ресторанот си платил одредена сума. Ама и веќе не се сертификатите толкав проблем, скоро сите возрасни се вакцинирани, односно над 60% од целото население кај мене.

    Маски се носат секаде, освен на отворено нормално со минимални исклучоци примарно од хардкор патриоти и тврдокорни шо мислат дека маските ќе ги убијат.
     
    На mal.ecka и M.B. им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.246
    Допаѓања:
    27.878
    Тања Трајчева, ТТ медика. Цела пандемија не вратила пациент
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.581
    Допаѓања:
    13.973
    Јас си носам маска и на отворено и во затворено, а вакцинирана сум. По кафичи не сум седнувала откако ги воведоа сертификатите. Две години по ред на одмори одам во Македонија, откако почна пандемијата. Одам само каде морам, пак сум си го ограничила движењето. Ако сум вакцинирана сепак постои ризик, и јас не знам што понатаму кога имунитетот од вакцината ќе заврши.
     
    На LejlaD и Guns N` Roses им се допаѓа ова.