Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Се лудаци невидени во државава, ужас.
    На 500 заразени и 20 починати дневно дозволуваат отварање на дискотеки на затворено. И со 50% капацитет е многу, а башка што знаеме дека протоколите нема да се почитуваат и ке се начачкани како сардини.

    Кога беше убаво време и бавчите работеа воведоа сертификати и практично ги затворија кафулињата.
    Сега кога се позајмуваат сертификати во велико отвараат зимски дискотеки.

    Немам зборови со кои да го опишам ужасот.
    Нека не удри еден метеор да не срамни со земља најдобро.
     
    На noteforself, fana, Nikolina35 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Knudle

    Knudle Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    105
    Сега секој втор што го гледам е тренд да се пофали дека не е вакциниран, а заведен во системот на здравство како вакциниран.
     
  3. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Дали има некој што правел брз тест за корона од аптека да ми пише?Итно е.
     
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    221.381
    Пол:
    Женски
    Мхм дискотеки. Јас бев во кафич, исто како дискотека, немаше место игла да се пушти искрено. Се си беше како пред пандемија. Никаков сертификат никаде не ми бараа, освен на граница. ако ме прашаш зошто бев, бев оти ми скисна две години затворена и си поминав одлично. Секако одам еднаш на година или две.
    сега ќе видам тука во италија дали бараат сертификати или беше само на почеток исто како во мк.
    Како и да е факт е дека секаде е пооупуштено и има “луфта”.
    На маж ми не му барале задолжителен сертификат за на работа оти е задолжително ама он вика дека било можно да е запишан како вакциниран оти покажувал претходно кај претпоставениот.
    А наслушав имало луѓе што седеле дома без работа оти немаат сертификат.
    Како да кажам ќе згрешам.
    И јас сум “неверен тома” ми скисна веќе од се искрено.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Јас ,што ти треба
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.271
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Јас правев на дете од 5 и пол години тој што е со плунка од Зегин. Точно покажа (после правевме ПЦР кој исто испадна негативен).
     
  7. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    umrelo devojce od 17 god ;(
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.686
    Пол:
    Женски
    Па реално нема некоја разлика зашто и така одамна има журки по кафичи.
     
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    Се шетаат по автобуси болни, се отепуваат од кашлање и очекувате од вакви луѓе колективна одговорностт. Страшна работа е со народов, скрос се е забегано од колосек.
     
    На Tajnaotrovna, venus♡ и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.686
    Пол:
    Женски
    А што да прават?Нема термини на државно, пунктовите за брзи тестови се затворени, а нема секој пари да фрла по лаборатории.Ниту пак секој може да си земе денови од работа кога сака.

    А има и тотални сељаци какви што ги опишуваш кои немаат никаков осет.На пример пред некој ден, ми доаѓа една - абе знаеш настината сум, не бе не е ковид - кај може да е ковид.Ннема врка што кашла со денови, настинка е.100% може да седи дома ама одбира да не го прави тоа.И ај кај решила да не седи дома, па барем маска стави бе, ми кашлаш во истата просторија во која сме приморани да сме заедно.Значи тотално егоистични луѓе, ете барем маска да им текне да стават ама не, не им е гајле за никого.

    Има секакви, иако реално не можеш да генерализираш пошто некој мора и болен да оди и нема некој избор, тоа е.
     
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    Јас да сум ќе воведам за сите обавезно да носат kn95 маска, значи не може тоа да кашлаш во затворен простор. Преполн автобус, со полн капацитет и никој не води евиденција за тоа, се е оставено на совеста на луѓето што ја немаат.
     
    На venus♡, FridaodaMk, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  12. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.047
    Пол:
    Женски
    Дали има информација за влез во Германија како турист, дали треба вакцини или само со тест може ама за во јануари 2022год?
     
  13. Knudle

    Knudle Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    105
    А наместо сертификат да бараат по кафичи и ресторани каде што растојанието е прилично големо, да се ориентираат во правец на воведување задолжителен сертификат за примени две дози вакцина во автобус?
    Многу подобра варијанта е оваа.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    Ај важии.
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.876
    Допаѓања:
    129.819
    Пол:
    Женски
    Не е.И тоа би било дискриминација.
    И на некои луѓе автобусите им се единствен превоз.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    16.051
    Јас предлагам не со две, со три нека бараат, така барем ептен сигурно ќе биде дека нема да се зарази никој во автобус. |(
     
    На christinnn и Angie1432 им се допаѓа ова.
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Да, ама капацитетот на кафиќите и дискотеките не е баш ист.

    Море само задолжителна вакцинација за секаде, па и за на работа и автобус. Па да видам ке се молиме ли со проста раја година дена.
    Оваа е веќе претеризам.
    Не сакаат мерки, не сакаат вакцини, што сакаат? Како мислат дека ке го снема вирусот, зошто сам од себе нема.
     
    На Feminka22, Knudle и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Некои мислевме дека до крајот на годинава ќе излеземе од пандемијата ... епа прц.

    Нека почива во мир 17 (СЕДУМНАЕСЕТ) годишното девојче.
     
    На noteforself и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  19. Knudle

    Knudle Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    105
    А извини бе ова не е дискриминација вака по кафичи и ресторани, нарочито ако си седнал сам да испиеш едно утринско кафе?
    И што ако им е единствен превоз за на работа? Како можат тие што работат во кафичите и рестораните кои се во многу поголем број да се вакцинирани иако споредено со патниците во јавниот превоз се каде каде понеризични.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    16.921
    Пол:
    Женски
    Погрешно имаш разбрано. Не е задолжителна вакцинација за вработени во кафичи и во ресторани, молови, туку задолжителна вакцинацијата е само за посетители.
     
    На tina2018 и nextredstyle им се допаѓа ова.