Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.876
    Допаѓања:
    129.795
    Пол:
    Женски
    Е,секако.
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.686
    Пол:
    Женски
    За маски да се согласувам.
     
    На venus♡ и Billy Idol им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.271
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    16.919
    Пол:
    Женски
    Еве што носат мерките што немаат врска со здравиот разум, кога се ограничува слободата на народот. Поради лажните сертификати и лажно вакцинираните немаме точен увид колку се вакцинирани и дел од заболените не можат да кажат дека не се вакцинирани заради лажните сертификати.
     
    На noteforself, Amelia, venus♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден граѓаните што имаат генерирано ЕУ-сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk треба преку веб-порталот да генерираат нов.

    Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење лажни ЕУ-сертификати, со лажни имиња и лажни податоци. Сите земји што имплементирале EUDCC се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија. Како дел од ваков напад на системот, на 28.10.2021 трети страни успеале да генерираат четири лажни ЕУ-сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека тие примиле вакцина во Република Северна Македонија. Во лажните ЕУ-сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај“, информираат од Министерството за здравство.

    Тимовите на Министерството за здравство, додаваат од таму, се во постојана комуникација со тимовите за сајбер-безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската комисија. Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување зголемена заштита, ЕУ-сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен ЕУ-сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk.

    Министерството за здравство потенцира дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на ЕУ-сертификатот, кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.


    ©Makfax.com.mk
     
  6. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Машки
    Еве сме скоро ноември 2021, скоро 2 години (декември 2019) откако почна оваа пандемија. Почнавме од тоа да читаме на интернет дека се појавил нов корона вирус и дека почнува епидемија во Вухан која набрзо прогредира во Европа и другите континенти. После дојде и кај нас од прв случај па ајде сите паники по тоалетна хартија , маски , дезинфекциони средства и што ли друго не. Почнавме од 1 , 2 , 3 случаја па по 5-10-15 и така до 100 и оп , првиот смртен случај. Ајде си дадовме некаква претпоставка само постари луѓе во петта или шеста декада во животот може да егзитираат па ни дојде олеснувачки дека ние сме безбедни и дека вирусот ќе исчезне летото кога температурите ќе се покачеле. Арно ама, не само што исчезна туку ја покоси цела држава до ден денес. Замисли, вирусов "требаше" да биде смртоносен само за постари и хронично болни но кај нас секојдневно се покажува спротивното.

    Деца од 22,17,15 години починаа како резултат на трулото здравство и тоталниот хаос на клиниките благодарение на министерството кое со прст не мрдна овие 2 години поминати во пандемија. Тестови на државно нема , ако имаш ќе си платиш а ако немаш мисли му ја. Матичните лекари лечат преку телефон и се даваат антибиотици како бонбони без никаква контрола и мерка. На клиниките кој знае какви се лекарства даваат од кортикостероиди до антибиотици и други препарати кои само ја отежнуваат и онака тешката состојба на пациентот. Се поткупуваат одредени личности за фејк сертификати 300 евра и ги внесуваат таквите во систем демек вакцинирани биле, народот е оставен на милост или немилост и буквално да игра тркало на среќата, мафтајќи се од една здравствена установа до друга. Во тек на пандемија се отвораат молови, дискотеки , се организираат журки и забави со исполнетост до гуша мислиш не постои веќе вирусов. Општо колку само не сме свесни дека веќе тоа постарите се поризични пројде и дека ситуацијата стана алармантна до тој степен секој над 15 години да има потенцијален ризик од развој на тешка клиничка слика. Млади деца ни отидоа од респираторни вирози од кои порано не се знаело да има вакви случаи.

    И како за крај сакам да кажам дека ни предстои тешка зима со голем број на заразени, ние со 400 луѓе дневно сега крахираме а можам да замислам на 1500-2000. Се надевам дека барем малку ќе им проработи некоја мозочна клетка да стават одредени рестрикции барем 3-4 месеци зимово колку толку да се ублажи бранов бидејќи веќе искрено никој не е безбеден , ни деца ни возрасни а ни постари лица. Го пробушија секое дно чим дозволија толку млади животи во рок од 5 дена да ги снема.
     
    На lenysto, noteforself, Monikang и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    16.919
    Пол:
    Женски
    Браво бе дете, еден паметен да се најде и да каже нешто паметно. Додека сите паметуваат и мудруваат здравството ни е пред колапс, тотално нефункционално. Во државно здравство се лекуваат веќе само луѓето што едвај крпат крај со крај, се друго се лекува на приватно затоа што нема термини, да чекаш за едно обично ехо треба да чекаш пола година. Државното здравство ни е тотално нефункционално и кога тогаш ќе мора да се приватизира, тоа не чека во иднина. Друга работа е тоа што немаме доволно кадар, не може дерматолог да лекува инфективни болести, не се вложува во кадарот, квалитетот на образованието на медицинскиот персонал, во ништо не се вложува, затоа сме во ваква состојба. Ама некои многу убаво си живееле во државава . . .
     
    На noteforself, Monikang, темјанушка и 4 други им се допаѓа ова.
  8. UmaThurman

    UmaThurman Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Дали е вистина дека иако во едно домаќинство има заболен другите членови смеат да излегуваат од дома? Наводно официјално било кажано ама не можам нигде да најдам таква информација.
     
  9. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Машки
    :x:x
    Наводно без хронични болести. Screenshot 2021-10-30 113646.png
     
  10. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    По закон не знам, ама никој не контролира а и не може да се контролира од градинка дечиња во изолација позитивни на скринингот! Се шетаат во парк, низ град со мајка,баба.
    И пред една недела погреб (на маж ми блиска роднина 39год ) сопругот,свекор, свекрва, луѓе, гужва позитивни со симптоми со сите почести
    За еден град со 20 000 жители, а кај е цел свет
     
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    117.754
    Пол:
    Женски
    Смеат ако членовите се вакцинирани, инаку не.
     
    На UmaThurman му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    "Хоспитализација: вакцинираните се мнозинство.
    Во болницата во Падова од 48 пациенти, 18 не се вакцинирани(30 вакцинирани).
    18-те невакцинирани имаат просечна возраст од 60 години.
    Од 12 пациенти во интензивна, 4 не се вакцинирани, а најмладиот има 56 години." IMG_20211031_023822_284.jpg
     
  13. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Screenshot_20211031_102816.jpg https://sitel.com.mk/semejstvoto-na...j-pochina-od-kovid-najavuva-bitka-za-pravdata
     
    На Larson му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.292
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали на вашето работно место се почитува носење маска и дистанца?
    Период на настинки е, секој ден некој кашла, маски никој со изговор вакциниран сум/прележан сум/од сокот ладен ми е. |(
     
    На LejlaD, Anne Boleyn и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    ne,zatoa vrie korona slucai,a zapadov ne ja prikazuvaat jasnata slika megutoa jas rabotav vo centar na grad kade sto gledam deka po centtrite za testiranje e full od narod posebno deca sto prethodno ne bese
     
    На JoyJoy, mal.ecka и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.240
    Допаѓања:
    50.827
    Пол:
    Женски
    Носиме маски да, казнуваат кој не носи оти не има многу вработени.
    А јас сепак се заразив и сигурна сум дека од работа, на друго место не сум одила никаде.
     
    На JoyJoy, Ugly Duckling и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Кај мене откако се укина маска на отворено никој не носи,само јас.А доаѓаат и стари и млади,младиве ај ќе ги разберам ама стариве?Шефот па зинат за пари и на тие што барем прашуваат дали да стават маска(facepalm)им вика не мора влезете.Пандемијава извади се на површина,какви сме како луѓе,себични,не послушни,како ни ,,функционираат,,законите.Тотално се разочарав.
     
    На noteforself, LejlaD, Nena Jovanova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    48.805
    Пол:
    Женски
    Носиме.
    Секој што кива, кашла и е преладен од промаја е пратен да се тестира и додека не се опраи забрането му е да доаѓа на работа. Си користи боловање.
     
    На mal.ecka, nena2010, Nena Jovanova и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DragonSlayer

    DragonSlayer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2015
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    едвај чекам темава да умре :(
     
    На noteforself, темјанушка, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    me tooo:whew::whew::whew::whew::whew:
     
    На mal.ecka и Anne Boleyn им се допаѓа ова.