Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.843
    Допаѓања:
    80.810
    Пол:
    Женски
    Колку % има кај нас вакцинирани, каде има инфо?
     
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.751
    Допаѓања:
    176.047
    Пол:
    Женски
    Мм е со кинеската.
    Точно 3 месеци после втората доза ОДМА боцна трета Фајзер.
    Секојдневно е во контакт со заболени што се вели, се пази као.
    Пупу добри сме.
    Уште не нема прифатено
     
    На H.VAGA, LejlaD и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  3. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Дали само за угостителски објекти важи новиот закон? Или важи и за болница, полиција, пошта? Бидејќи најавија само за затворени објекти.
     
    На Bitter-Sweet и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

    http://zdravstvo.gov.mk/vkupno-apli...ani-46-od-polnoletnite-gragjani-vo-drzhavata/
     
    На WildMk, Bitter-Sweet, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.408
    Пол:
    Женски
    Колку луѓе знам што се разболеа од ковид, речиси сите што ги познавам имаа по некој случај дома, ама не знам ниту еден да се разболел од некој вакциниран кој немал симптоми на вирусот, ама му го пренел некако. Дали вие познавате некој таков? Сите што ги знам, и сите за кои сум слушнала муабет, од каде и како го фатиле вирусот, сите знаат од кого или од каде се заразиле. Секогаш имало некој кој пред нив пројавил симптоми или што бил позитивен на тест, без разлика дали вакциниран или невакциниран.
    Дури и со доктори кога зборував за ова, ми рекоа дека таквиот пренос за да се случи е мала веројатноста и треба мнооогу да не се пазиш. Дури сметаа дека треба да има физички контакт меѓу лицата. Како на пример ракување на двајца со немиени раце. Вакцинираниот носител тогаш треба да има тазе залепен вирус на нив (читај плунка или секрет), па после ракувањето со него, пред да измиеш раце, да се почепкаш со тие раце за очи, нос, уста, па тогаш може да се инфицираш.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Па и без вакцина само со физички контакт се пренесува.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.408
    Пол:
    Женски
    Лошо се сфаќаме изгледа. Физички контакт, мислам да има некаков допир физички: ракување, гушкање, бакнување и сл. Не да разговарате на оддалеченост. И вирусот се пренесува и преку воздухот (нели е airborn) преку дишење, кашлање, зборување, не само преку физички контакт. Помалите честички остануваат во воздухот некое време. Нема тука физички контакт меѓу луѓето.
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Се пренесува преку капки во воздухот, од зборување најчесто.
    Ама и без вакцина пак ќе речам не се телепортира, пак треба тие капки да "влезат" во тебе, значи да нема доволна оддалеченост.
    Ако вакцинираниот има вирус во плунката, пак може и без физички контакт тогаш, само со зборување.
    Вирусот не "лебди" буквално, туку со капки кои ги испуштаат и двата типа луѓе.

    Бтв и пред вакциниве куп луѓе со позитивен партнер спиеле, се гушкале па не фатија.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.843
    Допаѓања:
    80.810
    Пол:
    Женски
    Ме интересираше за споредба со земјиве каде се воведоа построги мерки. А и денес ме збуни ова што најавија дека во затворен простор само со сертификат за втора доза ќе може да се влегува, дали се мисли како досега во угостителски објекти или нешто ново ќе има да не може воопшто во било кој објект... :worried:
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.408
    Пол:
    Женски
    Абе се ова е ок што кажа. Башка муабет тие што НЕ фатија од контакт со позитивен. Ја се прашувам дали има некој што фатил од некој друг ама тој не бил ниту болен ниту позитивен (за да се смета за асимптоматски) туку само имал улога буквално на преносител. Ко предмет. Него не му е ништо, а пренел на тој што бил со него во контакт . Еве не е битно дали е вакциниран или не. Ме сфаќаш? Не сум чула за некоја случка таква.
    Нема везе и да не ме сфаќате. Некогаш и мене ми е тешко да си ги преточам мисливе во зборови:D
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    9.408
    Пол:
    Женски
    Изгледа во повеќе затворени објекти ќе биде. Некој денес начув спомна ни на бензинска внатре нема да се влегува без сертификат. Ќе мора сега јас да влегувам и бензин да платам, пошто мм нема сертификат.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Објект е секоја градба според мене :D, а зошто точно не кажуваат од МЗ на што мислат под поимот "објект", мислам дека е недефинирано намерно, за да му ја мислат невакцинираните.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека во Европската Унија продолжува да се влошува епидемиолошката состојба поради Ковид-19, а во десет земји ситуацијата ја оцени како многу загрижувачка.

    Од 27-те членки на Унијата, Белгија, Полска, Холандија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија и Словенија се земји во кои ситуацијата е многу загрижувачка, соопшти ЕЦДЦ.

    Со 472.800 заразени на ден оваа недела ширум светот, стапката на зараза расте четврта недела по ред.


    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.843
    Допаѓања:
    80.810
    Пол:
    Женски
    Јас испаднав позитивна а врска немам од каде, ниту еден близок со кој бев во контакт не беше позитивен. Или на работа или во маркет, во аптека, во банка се фатило... не знам. Ама најверојатно на работа, сум допрела некаде каде што допрел некој позитивен, само Господ знае. :?:

    Да, затоа ме збуни тоа што слушнав. Си реков готово, стана жустро. :D
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.649
    Допаѓања:
    152.848
    Пол:
    Женски
    Еве ТОЧНО дефинирано.
    Screenshot_2021-11-15-17-56-19-457.jpg

    Бажи за во истите објекти ко и досега со таа разлика што мора да имаш две дози за да влезеш...
    Значи ресторани,кафулиња,театри,
    кина,семинари и сл.
    Сегде каде и досега се бараше.
    За дополнителни рестрикции допрва ќе се решава.
     
    На WildMk, mal.ecka, Bebac и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    17.559
    Пол:
    Женски
    Па нели ова одамна беше донесено, значи сепак не било. Ништо не се знае во државава, ни кој јаде, ни кој пие.
     
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Eпа чим не знаеш некој дали бил позитивен, како ќе знаеш дека од него си фатил.
    Не може да рече некој фатив од колегата а на колегата не му е ништо. Ако знае дека фатил од колегата, значи или колегата бил позитивен или со симптоми. Иначе не може да се знае. Може стварно фатил од колегата, ама не може да биде сигурен без да знае дали стварно овој имал симптоми или тест.
    Не си чула зашто не може да знаеш дека си фатил од него а не знаеш дали е стварно позитивен.
    Нема логика едноставно да знаеш дека си фатил од некој а да немаш доказ дека тој некој стварно имал корона.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ама пак пишува „објект и настани" :D
     
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.743
    Допаѓања:
    14.176
    Пол:
    Машки
    А шо е со ноќните клубови?

    Цела лето не функционираа за сега со полн капацитет да работат, кога во Европа брзо и сериозно се влошува состојбата? :headbang:
     
    На Snowflake97, Ugly Duckling, NPN и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Knudle

    Knudle Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2019
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    105
    Работеа и летоска. Имав отидено неколку пати преку викенд и можам да кажам дека имаше доста луѓе тогаш.

    Бев и сега пред некоја недела, со уште поголем капацитет работеа ниту инспекција имаше за да регулира сертификати/потврди за вакцинирани, ниту ни побараа потврда вратарите на самиот влез.

    Бетер од Тунгузија сме.
     
    На Snowflake97, Bebac, Cosmic Girl и 3 други им се допаѓа ова.