Не отишла но тие дошле по нејзе со нивно возило значи сепак била во контакт со членови од семејството.
Додека не стигне вакцината да или да се молиме температурите да стигнат над 25 степени зашто вирусот не може да опстане
А зошто било дозволено роднините да ја превезуваат со нивна кола? Уствари кај нас е сѐ дозволено, нам границите ни се гостопримливо отворени, пола Италија нека дојде ако сака Останатите патници биле од комбето директно однесени каде што треба или отпосле стапувале во контакт со нив? Не чув сѐ, по некое време ми стана досадно да слушам, искрено.
Како зошто било дозволено? Од кој барале дозвола? Ја земале и ја однеле. Уште не можам да сфатам како за се се криви државата. Ама само кај нас го има ова.
Ако е вака како што викаш зошто вирусот е детектиран на Тенерифе и таму цел хотел е ставен во карантин откако е утврден кај еден италијански турист? Таму е топло,со просечна температура од 25 степени преку цела година. Не е ова официјална информација од сзо,за тоа дека не е отпорен на топлина.
Ајде сега сите сложно да си подадеме рачиња и да си признаеме дека не е безбедно да се патува, наместо да изигруваме Супермен по форуми. Затоа што чудово сигурно самото не си резервирало чартер лет од Италија накај Македонија. Ама не, кој смее нас да ни забранува да одиме некаде. Сте го слушнале поимот општествена одговорност? Побарајте го, интересно објаснување има. Сега деЌки, шо праеме? Тоцкаво државиче, никакви услови за лекување, премалку препарати и за испитување, хаос јавен превоз, уште „покултурен“ народ кој ти кашла во фаца и математиката сега да ја направам или сами ќе си пресметате? И да, сигурна сум дека женава одма се јавила во Инфективно само што стигнала во мк. Сигурно првата мисла после месец дена минати во Италија ѝ била „Еј, едвај чекам да стигнам во Македонија за да си појдам до Инфективно“. Да, важи.
Слушав до крај, ама „со едно уво“ така да се изразам. Јас до вчера читав поинакви информации и теории дека 70 степени биле потребни да го убијат вирусот, а пикот на заразата ќе бил од април до јуни. Многу сомнителен вирус, да не е ова обичен грип, па нѐ лажат? Не знам бе зошто многу строгост, ред и дисциплина очекувам, многу филмови имам гледано изгледа, затоа.
Ние што имаме во семејство хронични болни не треба да паничиме? Превенција нула. Основни работи маски и средства за дезинфекција нема. После ова кога не можеш сам да се заштитиш а и твоите блиски како да нема место за паника?
Јас како што прочитав никој уште не може да каже со сигурност што ќе биде зашто вирусот не бил присутен цела година, па да се знае. DO WE KNOW WHETHER THE NEW CORONAVIRUS IS “SEASONAL”? That’s what some infectious disease experts are hoping. But they cannot be sure yet because this virus has not been around long enough for scientists to collect the evidence they need. https://www.reuters.com/article/us-...er-help-contain-the-coronavirus-idUSKBN20F1RG Секаде истово го пишува.