Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Маж од Словенија ги собори сите рекорди во примањето вакцина против коронавирусот примајќи неверојатни 23 дози.

    Зад неговиот рекорден број примени вакцини не стои страв од инфекција, но, како што пишуваат словенечките медиуми, вакцините за пари ги примал во име на други луѓе.

    За да ја примите вакцината против коронавирусот во Словенија, доволно е да покажете картичка за здравствено осигурување без фотографии.

    Ова не е единствениот случај бидејќи порталот „Свет 24“ претходно објави информација за Словенец што шест пати бил вакциниран.
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Е овој му ја претерал баш. И еве како доказ за тоа "колку се штетни" вакцините сеуште е жив.
     
    На buba4e89, Mikha4, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Е тоа де, ептен се штетни :D Ама ова нѐ се важи, дека за пари е.
    А невакцинираниве, страв во коски од отровов.
     
    На Mikha4, oblace1, Need for Speed и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.741
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Машки
    88425D25-1722-4199-B3A3-F498DC1BB476.jpeg
     
    На Mikha4, JoyJoy, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    На buba4e89, Need for Speed и oblace1 им се допаѓа ова.
  6. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Данинг-Кругер ефект.;)
     
    На JoyJoy и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Кога не знаеш колку не знаеш :)
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Не било лесно да си зависник од хероин. Не сум знаела дека и за тоа се продаваат.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.501
    Допаѓања:
    191.256
    Значи многу сакам графикони, цел ден можеш да си ги анализираш како сакаш:inlove:.
    И од преѓе уште не можам да разберам зошто Словачка има исто починати колку Белгија, и зошто во Словачка е локдаун и зошто во Белгија протестираат... Ех, илјада зошто.

    Зошто илјада и прво- како тоа ковид во Јапонија мутирал до самоуништување?:^) Зошто ковид делта во Јапонија се самоубил?:?:
    https://www.news.com.au/world/coron...n/news-story/b0c7459c05dedb1ddb41908743b585fd
     
    На INNERBEAUTY, AndyRad и prominent им се допаѓа ова.
  10. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Затоа што имаа верба во вакцината, доброволно ;) и вирусот си отиде. Тргна накај австрија па даље...
     
    На JoyJoy и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    16.574
    Тоа за тебе се однесува сигурно, со таа разлика што ти не споделуваш научни студии туку од непознати причини многу овде те нарекуваат коњак на темите за вакцина :?:.

    Ви смета Славица која збори за чипирање и Бил Гејц, ви сметаат теории на заговор и антиваксери а од друга страна пак ви сметаат и тие што споделуваат научни студии... :^)

    Врз основа на што ги градите вашите про-(корона)-вакс ставови на тематикава барем да кажевте...

    За некој кој сите ги советува да се вакцинираат и ич да не му ја мислат, треба стварно да има некоја основа врз која го прави тоа.
     
    На Kitten, tambelina, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Како може бе толку слепо на медиуми да верувате уште не ми е јасно. Истите тие медиуми, институции, здруженија кои пред 1 година не убедуваа дека поради изеден лилјак е вирусот. Аха важи.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Еј се пронајде во постот? Извини.
    Не зборувај за кој каква репутација има низ темите, биди свесна и за својата :)

    Да, се тоа што наброја ми смета затоа што не е научно поткрепено. Океј е да не се согласуваш со актуелните мерки скроз, ама да негираш нешто докажано ефикасно против смрт е чист апсурд. И тие про ко-вакс ставови се базирани исклучиво на научни студии и лекарски мислења, како и на лични искуства од реален свет (сепак личните искуства логично се помалку релевантни поради недоволен примерок за анализа).

    Дали негираме дека од Фајзер може во екстремно ретки случаи да се јави миокардитис или перикардитис? Не. Исто и кај Модерна. Дали негираме дека АЗ, ЏЏ и Спутник се потенцијален причинител на тромбоза во исто така преретки случаи? Исто не. Може и Синовак и Синофарм се, не знам, тие ептен таинствени се.

    Ама како да кажам, 1 на 100 000 може да јави тромб по вакцина ако не и со помал размер, ама барем во Мк пола од овие 100 000 ќе имаат покачени д-димери и добар дел од тие 5% што ќе починат (да, 5%), ќе бидат поради тромбоза предизвикана од вирусот.

    Клише ми е веќе и да повторувам несакани ефекти на антибиотик, па и други обични лекови, кои кај нас барем се конзумираат повеќе од вода.

    И како да не ми смета Славица која глуми антиваксер пред Собрание и се брука со апсурдни теории на заговор, а во реалност си е веројатно вакцинирана :D

    Бил Гејц, Бил Гејц, Бил Гејц... :D:D:D
     
    На green.eyes, buba4e89, Mikha4 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    16.574
    За Славица знам дека ти смета и те сфаќам за тоа ама што имате против тие што споделуваат научни статии од релевантни извори, тоа не ми е јасно. Од кога за вас се тоа само луѓе што имаат доволно време за да седат на вц шоља и да гуглаат за вакцини.

    Иначе за разлика од тебе јас не се правам експерт по сите теми поврзани со вирусот па да делам совети по форуми. Никому не сум рекла "Немојте да се вакцинирате, ќе ви се случи тоа и тоа." Замисли цела моја фамилија во Мк се има вакцинирано а јас не сум го спречила тоа. Жити антиваксерот што сум.

    Репутацијата од темиве и форумов генерално ми е најмал приоритет во животот. Од почеток јас сум пред се' против апсурдните мерки кои во последно време преминуваат во силеџиство и тиранија врз обичниот човек насекаде низ светот.

    Ете вие тврдевте дека вакцината е сигурниот излез од пандемијата и мислевте дека сето ова се прави за наше добро ама излезе дека не биле во право вашите научни извори.
     
    Последна измена: 25 ноември 2021
    На Kitten, Billy Idol, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Словачка цело време се држи во ссотојба на готовс. Цело време се како полузатворени. Може затоа. Може затвораат зашто така го штитат здравствениот систем. Не знам. Не сум се заинтересирала.

    Статистиката е таква.Покажува ошти тенденции не објаснува секој поединечен случај зошто е таков. И тука од графикот јасно се гледа негативна корелација меѓу процент на вакцинација и смртни случаи. Толку за мене. Секогаш има случаи што ќе отсрапуваат од генералната тенеденција.

    Истакнувањето на тој што отстапува од нормата за да се фатиме за сламка на спасот како и зошто вакцините не помагаат е буквално тоа што анти-вакс лобито цели време го прави. Се издвојуваат поедничени случаи, не се гледа цела слика.

    @mKdevojce да те вратам неколку месеци наназад кога пишуваше дека татко ти буквално на сила го вакцнирале или не? Ти си знаш најдобро. Демек го напикале во возило и го однеле на вакцина. Не знам туак веројатно со пискање и врискање вакцнираат. Се тегнат луѓе по улица и за уши. Или твоите за разлика од тебе пореално ги гледаат работите. Па си отишле и си се вакцинирале. Гајле им е за оние што протестираат за шамани и „Кавала“ (место Кабала).
     
    На Ahoy, Waverly Raven и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    16.574
    Не на сила ама од страв дека ќе ја загуби работата. Ете почнаа да се остваруваат неговите стравови, работи во државно и веќе неговата работа зависи од вакцината. А мајка ми се вакцинира за да може да патува за да си го види внучето во странство. Ниту едниот ниту другиот не се вакцинира поради тоа што е уверен дека вакцината е спас од болеста.

    Ако не се лажам ти живееш во Германија. Е штом не веруваш во присилна вакцинација значи дека воопшто не си информиран/а како се одвиваат работите.

    Вас поинтелигентните, никој не ве тера да протестирате. Уживајте си во тоа некој друг да одлучува колку дози треба да примите. И да, омаловажување на тие што не се како вас не ве издигнува над нив, туку само доста кажува за нивото на вашата култура и интелегенција. Ама ајде, ќе препишеме на тоа дека веќе не ви останува друга одбрана освен Славица и Бил ГејЦ.
     
    Последна измена: 25 ноември 2021
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.501
    Допаѓања:
    191.256
    Нц, традиционално не се разбираме. Оти секое поинакво гледање, секое дополнително прашање, не се разбира како начин на дискусија, за да се разбере проблемот, туку се разбира како пропаганда од другата страна, која и да е. Ко божем стално само 2 страни има, ВМРО- СДСМ, ваксери-антиваксери, црно-бело.

    Немам инспирација да се расправам денес- колега прележан (февруари) -вакциниран (јуни)- позитивен (денес). Ко со грипот. :| #pеклаказаламуабет.

    Сакам во Јапонија да се селам ако може:l:
     
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    @mKdevojce не живеам во Германија. И не верувам во присилна вакцинација. Зашто нема таква сеуште во ЕУ. ИМа опција вакцинирај се или плати казна. Значи опција има. Имаш избор. А за тоа како ти се чувствуваш во однос на мене е твој личен проблем. Не мој.

    @Biljarkata нека помине ептен лесно колегата. Нема друго што да кажам. И јас лично знам човек што два пати беше позитивен во рок од 4 месеци. Пред вакцина уште лани и тогаш еден лекар му кажа дека веројатно има нешто во неговиот имун систем што го прави поподложен на заразување со КОВИД. И два пати тешко помина. Затоа се надевам дека овој твојов лесно ќе помине.

    Ако ме читаш би требало до сега да сфатиш дека ва ова баш не ги гледам црно-бело работите. Не верувам дека е од лилјак. Многу верувам дека има некоја генетска модификација лабораториски произведена смешано тука, зашто има луѓе што ептен лесно поминуваат и покрај сите ризик фактори и некои што наизглед би требало ништо да не им биде заглавуваат (па и живот губат). Ете во Јапонија сама од себе исчезнува Делта (Кина, Јапонија и слично во принцип полесно поминуваат од Европа). Ама дали побегнало или намерно било пуштено чудово не е битно. Тука е и треба да се избориме со него. Ако е вакцината дел од решението (како што испаѓа) тогаш сум за вакцина. Ако треба и плус нешто освен вакцина и за тоа сум за (како на пример носење маски и се останато).

    Многу сум против туркање на само една вакцина, што лично сметам дека придонесе за ваквиот ај да го речам вакцинален скептицизам. Зашто тоа беше промовирано како Светиот Грал (и ништо друго не чини). И испадна упс не е Светиот Грал, ама сепак конкуренцијата треба да се уништи. И тоа сметам дека е заради корупција на високо ниво (политичари и научници што земаат пари оф компанијата на еден или друг начин, а такви има многу). Политичарите секаде во моментов верувам дека се со пола мозок (ама тоа е друга тема).


    Ама на вакви докази каде од око се гледа корелација верувам. Затоа што ете наречете ме луда ама верувам во наука и бројки. Сеуште. Во политика не. Во наука да. А науката се менува со добивање нови докази. И баш затоа е интересна. И пак ќе повторам гледам тенденции општи. Поединечни случаи нит имам време, нит интерес да разгледувам. Има луѓе платени за тоа нека му ја мислат.
     
    На dunika, Mikha4, Anne Boleyn и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.234
    Пол:
    Женски
    http://zdravstvo.gov.mk/nevakcinirani-se-69-od-novite-sluchai-i-80-od-pochinatite-so-kovid-19/
    Еве, процентите се тие, не може да се замижи пред фактот дека има диспропорција(иако беше очекувано да е и повисока) меѓу вакцинирани починати и невакцинирани починати.И сѐ е тоа океј, само каде се прележаните во ситуацијава? Избришани, исчезнати, ги нема никаде?
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Има во извештаите од Институт за Јавно Здравје. Мислам дека на неделно ниво ги вадат. Таму има и статистика за прележани. Има секогаш инфо за реинфекции (плус има и за тоа колку од реинфицираните се вакцинирани од време на време).

    Еве го најновиот извештај: Неделно-инфо-од-15-21.11.2021.pdf (iph.mk). Таму имаш податоци. До сега 870 реинфекции (0,4% од сите заболени до сега). Од реинфекците 7 завршиле со смрт.
     
    На Ahoy и Angie1432 им се допаѓа ова.