Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Micika12

    Micika12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2018
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира во Грција дали примаат со кинеската вакцина за влез во молови, кафиќи и општо во грција ?
     
  2. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Да, сите вакцини се прифатени во Грција.
     
    На koritsaki и WildMk им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    108.817
    Пол:
    Женски
    Update на веста дека за влез во Грција требаат тестови (за вакциниранни и невакцинирани)
    Освен пцр тест (важност до 72 часа), ќе може да се влезе и со рапид тест.
    И кажаа дека меркава ќе важи за празничниот период :drunk:
     
    На WORRIED.BT и g8lQQk им се допаѓа ова.
  4. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Mинистерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во периодот од 6 август заклучно со 16 декември.

    Како што посочуваат од ресорното министерство, во анализата за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примањето на втора доза вакцина.

    Така во наведениот речиси четиримесечен период, на територија на државата 64.963 граѓани биле позитивни на Ковид-19, а од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.

    Според статистиката, 44.069 граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани.

    Од Министерството за здравство посочуваат дека процентот на невакцинирани лица кои се хоспитализирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

    Анализата покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

    Во периодот од 6 август до 16 декември гидинава на територијата на државата починале 2.272 лица со Ковид-19, при што 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина.

    Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.


    ©Makfax.com.mk
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    aha znaci
    32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.
    од починатите 21% примиле вакцина
    додека само 2% од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.?!?

    procentite se losi i toa e ogromen broj, za zal
     
  6. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Kога ќе почнат со вакцинација на децата?
     
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    15.777
    Пол:
    Женски
    Темава е најактивни па тука да прашам. Каде може да се направи pcr без закажување?
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.662
    Допаѓања:
    126.460
    Пол:
    Женски
    Биотек во Капиштец
     
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Бројот на активни случаи на коронавирус изнесува 5.539 лица, откако вчера беа потврдени 301 нов случај од 3.814 тестирања.

    Најмногу од активните случаи на ковид има во главниот град (2.632), по што следат Битола со 429 случаи, Прилеп со 380, и Кавадарци и Охрид со 265 односно 228 случаи на заразени. Над 100 потврдени случаи на коронавирус има во Велес (169), Куманово (155), Струмица (135) и Штип (112). Во повеќето други градови бројот е двоцифрен.

    Во моментов само во Дебар и Демир Капија не е потврден ниту еден случај на ковид. Мал е бројот на заразени во Пехчево(5) и Дојран(4) активни случаи.

    Досега во Македонија се направени вкупно 1.519.050 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.095, бројот на оздравени пациенти е 207.755, а на починати е 7.801.

    ©Makfax.com.mk
     
  10. Ajudhchsja

    Ajudhchsja Нов член

    Се зачлени на:
    10 август 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Дали за излез од македонија бараат вакцина на аеродром во скопје или доволен е само пср тест?
     
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Неколку деца во Германија случајно примиле вакцини против Ковид-19 од компанијата „Модерна“, која не била одобрена за нивната возрасна група.

    Според официјалните лица, неколку деца во регионот Олпе во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија примиле дози од вакцината на „Модерна“, иако за тие години била одобрена само онаа на „Фајзер/Бионтек“.

    „За инцидентот веднаш биле известени родителите на децата“, се вели во соопштението.

    На барање на родителите настанот е пријавен во полиција. Не беа објавени податоци за бројот на деца што ја примиле дозата.

    Во ноември Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Бионтек“ за петгодишни деца.

    Децата добиваат една третина од дозата што ја примаат возрасните.


    ©Makfax.com.mk
     
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.397
    Пол:
    Женски
    Не знаев ни каде ни кого да прашам за најточна информација.
    Се работи за блиска личност, вакцинирана со Синовак и позитивна на тест, досега непрележана (неофицијално) и не знае точно колку време би била во изолација.
    Колку време трае изолацијата за вакцинирани позитивни? Знам дека имаше дискусии за ова, олку дена, онолку дена ама оти „пресредено“ ни е се' со закони/прописи, не можам да разберам точна информација.
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Вакцината нема врска со изолацијата која се одредува кај позитивните, тоа се одредува врз база на симптомите. Ако се лесни до никакви симптоми, 10 дена, потешки и подолготрајни- 20 дена. Со помин :)
     
    На JoyJoy и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  14. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Најмалку 10, а најмногу 20 дена во изолација, секако зависи од симтомите кои ги има. Ќе и стигне решение, секако, а матичниот ќе одреди колку денови ќе биде дома. Мојот сопруг беше 10 дена, а јас бев 20 дена, според проценка на нашата матична.
     
    На lale22, JoyJoy и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    На lale22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.662
    Допаѓања:
    126.460
    Пол:
    Женски
    Дисциплина, култура на живеење. Ти текнува од кога носат маски они? Ако некој е настинат кај нив без маска не излегува од дома, а не па за пандемија.
    https://www.gavi.org/vaccineswork/long-view-100-years-and-counting-mask-wearing-japan
     
    На cresa-jagoda и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.396
    Пол:
    Женски
    Веројатно многу фактори придонеле, заедно со генетиката.
    Тие беа меѓу првите кои кога се појави омикронот во светот ставија строги мерки за влез во земјата а и се како култура многу подисциплинирани веројатно повеќе ги почитуваат мерките како колектив. Мислам дека и начинот на исхрана и тој зелен чај што го пијат ко ние кафе што љокаме им помага истотака. Башка на запад и на исток празничните сезони не се поклопуваат...
     
    На cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    @nena2010, @Cosmic Girl пишува и за маските и за култура и за се. Пишува и дека Азија генерално има помалку случаи и помалку смтрни случаи од други региони заради таа дисциплина и искуство со САРС. Ама само Јапонија е ваква, Северна Кореја е иста по маски и се друго, а има раст на случаи, Јапонија нема. Имаат случај на омикронм кој не наптувал никдае, а имаат контрола на граници ептен строги. Ама ете дури и омикрон не им се шири така брзо. И за научниците е добар случај за проучување за да видат дали има нешто што може да помогне (генетика, мерки и слично).
     
    На nena2010 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    На WildMk и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.396
    Пол:
    Женски
    Убаво и разбирливо објаснето. Интересен е делот каде ја објаснува поврзаноста на вирусот со инфламационите процеси воопшто ама и во стартоста и кај погојазните луѓе. Извесно време следам сознанија за исхраната и нејзиното влијание врз инфламацијата, па ми потврди работи што прочитав и на други места.
     
    На nena2010 и JoyJoy им се допаѓа ова.