Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. strumfeta01

    strumfeta01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Можеби знаете колку дена трае изолацијата ако си имал контакт со позитивен а да не си вакциниран? Дали уште е 14дена или е сменето сега
     
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    10 дена беше и уште е, колку што знам планираат да ја намалат на 7 дена.
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Вие очигледно многу провидно гледате на нештата.

    Во Австралија забраниле да се извикува името на Новак на стадионот и да се носат промотивни материјали со негов лик.

    Сфаќате нешто сега?

    Да не зборувам за лицемерната изјава на Надал кој денови наназад нешто зборуваше против него.

    Ова со коронава е само причина, причина за да се извалка името на Новак, политичка работа. Ништо повеќе.

    А таа нивна министерка што изјави дека е слободен граѓанин и може кога сака да ја напушти земјата зошто тогаш додала во реченицата “нашата полиција може да се погрижи за тоа”. Е како бе слободен граѓанин а полиција ќе го испраќа на аеродром???
    Што направил, ограбил банка па го депортираат како најголемо ѓубре да е.

    И не е само Новак, а другите го читавте ли Али на твитер, од 15 години е во имигрантскиот хотел. Ејјј 24 има сега,скоро 10 години. Алал им вера, фашистичка држава!
     
    На BloodElf, Glowy, Billy Idol и 11 други им се допаѓа ова.
  4. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Па со ваков вокабулар не останува простор за поинаков заклучок.

    Иронично е да зборуваш за навредување кога повеќе боде во очи вашето лечењето фрустрации со навреди како да ви има толку многу згрешено лично на вас за да употребувате такви вулгарни зборови.
    И не го браниме туку пробуваме да ви ја објасниме големата слика, ама тоа е тешко да го сфатат луѓе со ограничени погледи/сфаќања. (балкански менталитет де) :emo:
     
    На BloodElf, Billy Idol, SiMpAtIcNaTa и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.419
    Допаѓања:
    190.655
    Абе стварно било политика:o
    https://sdk.mk/index.php/svet/avstr...vik-do-vtornik-treba-da-se-znae-dali-ke-igra/
    Министерката на мвр барала одложување на неговата судска разрешница:^). За да си поседи уште некој ден во притвор или да се осигураат дека нема да игра? Дали они не се сигурни дека се во право, дали е можно тој сепак да го добие случајот? :?:
    Ах бе, ко ќе се заплеткаат вака, ништо не ги пере.
    What a show(heidy)

    Моето мислење за Новак не е променето од пред година и пол, и тогаш властите беа криви. Ако некому стварно беше гајле за епидемијата и здравјето, ќе се носеа здравствени а не политички одлуки.
     
    На BloodElf, Glowy, Billy Idol и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.830
    Допаѓања:
    142.339
    Не им е гајле дали ќе се зарази некој, само дали е вакциниран. Ако им беше гајле за првото, ќе ги става во карантин 14 дена и нека игра. Плус сигурно не дозволуваат со кинеска вакцина, а излезе дека фајзерот не реагира на омикронот туку кинеската.

    Не е само за него, и за нас е.
    Иако сум со две кинески и прележана, у Германија ако сакам да работам морам две фајзер. Не им е гајле што имам две заштити, туку што нема да им се е троши вакцината. Ама јас сум сиромашна и ќе се боцнам, ќе одам со 4 дози и прележана, оти ми зависи животот. Него не. Гајле му е и може да си игра со нив.

    Короната е политика, болеста е наша.
     
    На BloodElf, Glowy, fana и 8 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    https://off.net.mk/vesti/mislenja/gjokovikj-odbiva-da-i-se-pokori-na-idiokratijata

    Ова нема врска со закон или здравје. Сите знаеме дека тој не загрозува ничие здравје и дека ваквиот закон нема резон. Ѓоковиќ не смее да игра не поради закон или поради здравствени причини. Не затоа што не е вакциниран, туку затоа што не е послушен.

    што е проблемот со Ѓоковиќ? Тоа што беше гласен противник на мерките и принудата за вакцинација. Сепак, тој е прв тенисер во светот, а коронашите се обожаватели на хиерархија. Тоа значи дека секој „важен“ мора јавно да покаже почит и посветеност кон нивната религија, во спротивно треба јавно да биде понижен и компромитиран. Токму тоа сега му се случува на Ѓоковиќ.

    Дали некој навистина мисли дека Ѓоковиќ не можел да плати лекар во Србија кој би му издал потврда за вакцинираност? Или уште полесно, да му се обрател на Вучиќ, тој сигурно би му издејствувакл таква потврда.

    Целата оваа фрка не е заради вирусот. Се тренираат луѓето на послушност. Прво ќе нафрлат еден куп нелогични и бесмислени правила, за потоа да видат кој беспоговорно ќе ги почитува, а кој не. Тие што не се покоруваат се непослушници и потоа таквите се кршат еден по еден. Ова е војна против човечкиот дух, добрата волја и здравиот разум. Тоа го прави секој тоталитарен режим, само што овојпат тоа се случува на глобално ниво.

    Не е ни чудо што веднаш се наоѓаат политичари и новинари кои се натпреваруваат да о исплукаат непослушниот поединец. Тоа се опортунисти кои се обидуваат да фатат што е можно повисока позиција во хиерархијата, јавно докажувајќи ја својата приврзаност кон режимот. Тие се извршители на модерниот лов на вештерки, на модерните клади.

    Непослушните поединци ќе се издвојуваат еден по еден и ќе бидат компромитирани за да го изгубат кредибилитетот. Секоја значајна личност во светот едноставно мора да ја прифати религијата и да биде нејзин апостол. Кој тоа не го стори, го губи општествениот статус.
     
    На BloodElf, Billy Idol, orevokrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.419
    Допаѓања:
    190.655
    У Германија ако сакаш, мораш 3 фајзер;).
    А степенот на морање и не морање зависи од пар фактори, пари и живци меѓу другото.

    Го чекаме оМикрон да заврши работа, нова година- нова надеж.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.985
    Допаѓања:
    37.139
    Пол:
    Женски
    хмм... не сум оптимист баш :^) читајќи ги фајзеровци и модерновци се си мислам уште некој сој ќе измислат :wasntme: или барем уште некое правило кое што вика дека мораш уште 123456.... дози да примиш. Исклучиво Фајзер или Модерна |(
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.344
    Допаѓања:
    259.665
    Готово, ја откривме теоријата зошто ни се случи короната (facepalm).

    И само да не ме развлекувате како заслепена, испран мозок и слично, еве ќе кажам според мене Австралија има тоталитарни и пред се нехумани мерки, дека сум против целосни затварања и репресии на луѓето, но дека мора да постои контрола.
    Не гледам смисла во трета доза со немодифицирани вакцини, за вирус кој измутира кај спајк протеинот, а нели освен кинеските, другите се на база на протеинот.
    Ноле е најдобариот тенисер, неспорно. Не гледам тенис, ама е наш, и си го почитувам
    Ноле потоа е сељак и тоа е факт. Ова не му е прв испад. Мора да почитува правила. Толку.

    Пристапот кон вакцините е лош од двете страни. Противниците користат секакви небулози и невистини подржувачите по секоја цена пак ќе те принудат.
    Дали е политика? Да.
    Дали моментално на светот му се случува економска криза поголема и од короната? Да.
    И ние уште ќе веруваме дека со вакцините сакаат да не уништат и да профитираат.

    Меѓудругото, вакцините се штетни, ама затоа Скопје е пак најзагадениот град.
     
    На Glowy, fana, Waverly Raven и 9 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Се сеќаваш на листата која процури, во агендата има уште варијанти кои тек ќе го имаат својот настап на големата сцена ( медиумите ).

    Веќе почнаа државите со ултиматуми - 3 дози и дозволен влез. Таа бројка 3 убрзо ќе биде и 15 и 20 итн. Не знам да ли знаеш дека условот веќе не е Фајзер, туку и во која држава ти е примен Фајзерот.
    Познаничка едвај влезе во Малта поради тоа што земја на вакцинирање се води Македонија.

    Коронашко лудило накратко.
     
    На LejlaD, Cka, prominent и 5 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    https://www.facebook.com/1501535590152935/posts/2732263677080114/

    А како ќе образложиш зошто на стадиумот се забранети транспаренти во името на Ѓоковиќ, сосема пристојни навивачки мотиви ? Погледни го видеото.
    Како е ова во рамки на здравиот разум, како ова не е хајка против човек кој се залага за слободен избор, како не е со парола наведни глава, прави што кажувам и не прашувај зошто ?
     
    На BloodElf и AndyRad им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Му дале виза на 18ти ноември, си дошол австралија на 05 јануар и кажува дека се заразил(врз основа на што добива виза) на 16 декември, а 16-17-18 ршум направил низ Белград и сликање со стотици луѓе без маски.

    УаУ

    АНтиваксерите од поодамна се мутирани на јутуб и останато. Се бунеше ли некој тогаш?
    Ај да се чудиме оти за Ноле нема исклучок за навивачите скромни транспарентни со поддршка не давале.
     
    На Waverly Raven, LejlaD, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Нема што да се чудите.
    Забрането ви е да се чудите и да прашувате зошто.
     
    На orevokrsacka, AndyRad и christinnn им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Во моментот кога си решил да пристапиш кон некоја институција, друга држава... забрането ни е од поодамна, на сите.



    Папките со формулари и штиклирање што се исполнува што не од поодамна се реалност во светот.
     
    На LejlaD, duffi, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.419
    Допаѓања:
    190.655
    Чекај, се изгубив малку. Каква врска има банирање антиваксери на јутјуб со формулари и држави?:?:
     
    На Billy Idol и AndyRad им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Слободен избор оти немале луѓето, да изразат `поддршка`` со некое плакатче, песна, па и оро ако треба.

    Антиваксерската поддршка е оддамна на муте и се води медиумска хајка истата да се минимализира.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Биљо ја не сум фан на тенисот ниту го следам ама да те фатат на аеродром со пиштол вперен во глава е многу апсурдно.

    Освен тоа од 16те тенисери со медицински сертификат само тој и таа девојката се дискриминирани да речеме, додуша за другите 14 ништо не се знае.

    Многу мижиш погледни подобро.
    А многу сајтови лошо пренесуваат само препишуваат вести, читај кај сигурни извори и печати.

    Ја сум сигурна дека нешто длабоко се крие и Новак е само глувче за да пренесат некоја порака.
    И не знам што толку направил па да се им закануваат на фанови и подржувачи да не му го спомнат името.
     
    На venus♡, Billy Idol, AndyRad и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.419
    Допаѓања:
    190.655
    Ок, јасно е тоа, батали.
    Кажи, паѓа бројот на хоспитализации кај вас? Оти сегде кајшто гледам деновиве само минус гледам(fingers) (сегде, 2 држави:D, не сум коронолог професионално, ама ај бидете вие третата)
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Кај нас по селава е секако мирно, еве јас, најискрено не знам некој кој има/имал корона. А пандемијава е две години.
    Ќе биде олелето од понеделник, кога завршуваат одморите, и сите деца назад во градинка и школо.
    Најнова мерка МОРА 3 пати неделно секое дете во градинка и школи дома да ги тестираме.
    И до сега тестиравме, ама беше на доброволна база, сега не ти примаат дете доколку не прикажеш негативен тест направен утрото и гарантираш дека е актуелен и веродостоен.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.