Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.689
    Допаѓања:
    35.604
    Пол:
    Женски
    (y)
    Башка, мислиш им е гајле нив дали шетал позитивен или не? Дали го фалсификувал позитивниот тест или не... Друга е болката. Тука многумина на почетоков на сагава збореа дека Ѓоковиќ требало да фалсификува потврда од вакцинација :nod: И ова ќе беше ок. Нит ќе им беше гајле дали вистински е вакциниран, ниту пак веруваат искрено во моќта на вакцините. Поентата е што се осмели да се спротистави на лудилово. Затоа е шиканиран и обележан и плукан од корона фашистите ]:)
     
    На elenaklasik, Kitten, Billy Idol и 5 други им се допаѓа ова.
  2. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Немој да зборуваш за навреди и вртење и вадење на муабети како што тебе ти одговара зошто тоа самата ти го правиш.


    И ти реков стави линк, ама не полесно е да се навреди.
    Заклучоците ги вадиш од ракав како со нив дома да живееш и знаеш со што ги хранат децата.
     
    На Billy Idol и AndyRad им се допаѓа ова.
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    5.543
    Обратно е, пошто е богат и успешен, сељо е и му се ситат за ова што му се случи. Проста завист од типот да му умре козата на комшијата.

    Зашто донесе одлука базирана на статија од ббц пред 2 години а не поради некакво непочитување на правила.
    Јас не разбирам како повеќето тука не се загрозија од политичката пропаганда што владата на Австралија ја истера во случајот туку напротив се радуваат што сељото си го добил.
    Да, призна дека шетал позитивен (иако најверојатно тестот му е фалц, и тоа е ужасно од негова страна и ни Дунав не го пере, ама тоа не е доказ за одлуката на Австралија и во случајов има релевантност како доказ на ниво на рекла казала. За тоа треба да одговара во Србија.
    Нит сум фан на Новак, нит антиваксер ама фашизмот што го покажа Австралија прво спрема своите граѓани а после и во овој случај треба сите да не загрижи како општество. Ако не ми верувате, изгледајте го судењето и кои аргументи биле искористени за неговото откажување на визата. Се помочаа на својата правна држава од чисто политички причини. Во исто време двајца вакцинирани тенисери објавија позитивни тестови, ама не, Новак морал да биде вакциниран и како ваков е опасност за јавното здравје.

    Од самиот почеток сум за вакцинација и баш сум изгубила и време и нерви објаснувајќи се со антиваксери тука, ама меркиве и постапките на владите во последно време ич не се адаптирани спрема новите информации и статистики. И ние тука ги величаме и славиме само зашто му го напикале на сељото (facepalm)
     
    На ForeverYoung, do-re-mi, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.179
    Допаѓања:
    88.673
    Пол:
    Женски
    Па тоа е.Сите сложно, братство и единство,не смее никој да спротистави.:DКој ке се спротистави во затвор.
    Луѓево побудалеа од континуиран притисок и страв.

    Го постирав некаде.
    Одлична нализа на белгискиов професор психолог Матијас Десмет за Ковид масовната хипноза.

    Процесот на масовна хипноза е неопходен прв чекор во внесувањето на тоталитаризам во општеството.
    Причините за хипнозата се многу подлабоки и треба да се бараат во длабокото отуѓување на друштвото. Кризата со корона е таму за да ги поврзе изгубените делови и да ги обедини во борбата против заедничкиот непријател, т.н. антиваксерите.
    За да се спроведе процесот на масовна хипноза, потребни се четири точки:
    Недостаток на социјално заедништво и осаменост во општеството, недостаток на смислена работа, голема анксиозност и голема фрустрација и агресија во општеството.

    Потоа доаѓа короната, луѓето повторно се поврзуваат, нивните животи повторно добиваат смисла во борбата против неа. Најважно во масовната хипноза е дека треба да се солидаризирате во борбата против короната, да учествувате, да носите маска, да се вакцинирате, да држите дистанца.
    Затоа луѓето сè уште веруваат во официјалната приказна, дури и ако таа нема смисла, но води кон нова општествена заедница, а целата фрустрација и агресија може да биде насочена кон делови од општеството кои не ја прифаќаат оваа промена во општеството.


    Масовната хипноза е забележана низ историјата преку Француската револуција, Октомвриската револуција, нацистичка Германија.
    30% од луѓето се во длабока масовна хипноза (не можат да се разбудат, ништо нема да ги разбуди, нема губење на приватен имот, слобода, живот), 40% од луѓето се делот кој гледа дека нешто не е во ред, но тивко трпи и ја прифаќа официјалната препорака, само 10% од луѓето се свесни и отворено протестираат против хипнозата. Овие проценти немаат врска со интелигенција или социјален статус!
    За 30% - колку се поапсурдни мерките, толку подобро ги прифаќаат.

    Поединецот мора да се жртвува за доброто на општеството!
    Масите се чувствителни само на јасни визуелни слики, бројки, графикони и непречено повторување на пораките.
    Ако статистиките се презентираат на јасен графички начин, тие ќе имаат големо влијание врз масите.
    Враќањето од оваа група е многу тешко, ако не и невозможно.
    Во тоталитарната држава е дозволена врска само меѓу државата и поединците, но не и меѓу поединците меѓу себе.
    Носењето маска е симболичен потег, бидејќи секојдневно ги потсетува луѓето дека пандемијата е во тек и дека треба да се следат мерки.
     
    Последна измена: 16 јануари 2022
    На elenaklasik, Kitten, Grungie и 5 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Не мом да ја разберам драмава со тенисеров.
    На блиски, кои живеат во Австралија, други нивни блиски, им се изналутиле и се испокарале до незборање, оти Австралија не го пуштила Ноле да игра тенис :drunk:

    Толку немате побитни работи во животот?
     
    На Stephen Amell, LejlaD и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не, не, ако нејќе да се вакцинира нека не се вакцинира, негово право, ама дека грешкава што ја направи беше доволна за бркање од Австралија, беше.
    И мене мерката 45 дена за прележани ми е преглупа, па да дојде некој специјален и да може да влегува секаде на база на прележан повеќе од 45 дена ќе ми смета.
    Не може австралијанци затворени во локдауни за 5 случаи, тој со позитивен тест се прошетал и уф јебига човечка грешка.
    Кога ќе направи селебрити личност некој потег, многу фанови го следат и копираат.
    Ќе си речеш кога може Ноле да шета позитивен, зошто да не и јас.
     
    На Stephen Amell, LejlaD, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.572
    Допаѓања:
    252.017
    И јас прележав 2020 год, и колку пати сум тестирана, па ниту еднаш не најдоа делче од вирусот.
    Имаш медицински докази дека не треба да се тестираат до 6 месеци мислам, ама веќе сме 2022 година. Кој остаток од вирусот ќе го има, жити се.
    Инаку јас немам проблем дали Новак ќе се вакцинира или не, сеедно ми. Исто како што ти воопшто не треба да се замараш дали јас ќе примам бустер или не.
    Проблемот е што он проба да крши правила, да вади лажни сертификати или уште полошо да шета позитивен.
    Тоа го коментирам јас, а не неговото право дали треба или не треба да се вакцинира.
    Патем никој не негира дека е број 1 и баш ми е жал што можеби ова му беше и последната шанса да го собори рекордот. Ама, сам си се зезна.
     
    На danichap, LejlaD, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.689
    Допаѓања:
    35.604
    Пол:
    Женски
    Леле... ај, плс...
    Да се навратиме наназад да видите што пишувавте? Зошто не извадил лажен сертификат за вакцинација? Зошто сакал да се прави паметен сељакот итн...
    Ај, не глумете лудило бар :D
     
    На sonuvana и темјанушка им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.689
    Допаѓања:
    35.604
    Пол:
    Женски
    Истите правила и „грешки„ кои Ѓоковиќ ги направи важеа и за други спортисти, ама... они не се правеа „паметни„ (според муабетиве на некои) и не влијаеа негативно на острелијците, па нив не ги протераа, додека овој се правел паметен и не играл по правилата, а тоа е нешто што не се простува.
    За острелијскиот народ... им се отворија очиве со случајов. Излезе на виделина колку други посебни случаи имало кои правеле што сакаат, додека они седеа дома со месеци и сопствените граѓани не можеа да влезат во државата.
    Како можете да најдете оправдување во ова, еве не знам?!
     
    На Billy Idol, sonuvana, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.572
    Допаѓања:
    252.017
    Па пишав де, ако веќе толку сака да заобиколи правила.
    Ама друго е работава, мораше јавно вака да се изрезили.
    Не сфаќате што ви се пишува, се фативте за присилна вакцинација, а голем дел, меѓу кои јас не ја подржувам, ниту пак ја оправдувам да кажеме Австралија.
    И кога зборувате за масовна хипноза, хистерија и испрани мозоци, само да ви кажам, од другата страна имате ликови кои сосема нормално си го живеат животот во време на корона.
     
    На LejlaD, Lianna Anna и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    115.351
    Пол:
    Женски
    А бе аман циркузи. Сега на Нова хрватска гледам на вести дечиња тенис што играат ги прашуваат за Џоковиќ, и дали они да се негово место би се вакцинирале. Едно мртво ладно кажа да. А бе циркузи еј деца прашуваат.
     
    На gogimica, LejlaD, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    5.543
    Ама тоа се обидувам да кажам, грешката не е доволна за бркање затоа што не може судот да носи одлуки базирани врз морална одговорност. Мора да има доказ за прекршени правила според нивен закон. Иначе кај ќе ни е крајот? Ќе носат одлуки базирани на лични преференци?
    И мене мерката со 45 дена ми е преглупа и никој не ја почитува и сите шетаат со лажни сертификати и никој не казнет поради тоа? Зарем такви мерки и закони да подржуваме?
    Мене за Австралијанците најмногу ми е жал ако ми веруваш. Ги затворија како глувци две години сопствени граѓани не пуштаа да си дојдат дома еј?! И не е ова демонстрирање дека правилата важат за сите, зашто очигледно не важат. Читав за едно 20 познати што добиле дозволи за влез додека обичните граѓани гниеа по странство не можејќи да си дојдат дома. А Ноле треба да јаде казна у Србија, дали за фалц тест или свесно шетање позитивен, поготово ако е второто што е тотално неприфатливо и неоопростиво. Без тоа, џабе Вучиќ кенка и плаче дека бил таргетиран политички, зашто ќе испадне исто гомно.
     
    На sonuvana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    115.351
    Пол:
    Женски
    Мене они ми се во поголема психоза.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    6.740
    Пол:
    Женски
    На 5 заразени имаа локдауни и како глувци ги држеа жителите, а сега им се случува најголемиот циркуз.
    И после Новак лошо им влијаел. Сами лошо си влијаат, со локдаун се има контрола, ама со сертификат се нема.
     
    На Billy Idol, christinnn, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    115.351
    Пол:
    Женски
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Демек нема? :D
    Ккккхм:

    Screenshot_20220116-193808_Chrome.jpg
    Screenshot_20220116-194031_Chrome.jpg Screenshot_20220116-194212_Chrome.jpg Screenshot_20220116-193958_Chrome.jpg

    :yawn:
     
    На JuLleE и staycalm им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Тенис ми се чини дека уште важи за елитен спорт, можеби не толку како порано ама сепак, на вакви сељачки работи врвен спортист не смее ни да помисли не пак гордо да ги изјавува. Зар нема ПиАр ко секоја нормална позната личност која држи до себе, својот имиџ и кариера?
    Ама веројатно мисли дека не му треба, он Бог, нему некој ќе му кажува што да пишува и објавува.
     
    На malerozna, fana, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.557
    Допаѓања:
    115.351
    Пол:
    Женски
    @Bridget тастатура да ти се позлати.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  19. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Реков било каква вакцинација,општо. Знаеш ваљда што е антиваксер;)
    Ова е од април 2020, став кој го имаше пола планета.
    Ако е толкав антиваксер, зошто на турнирот што го организираше обезбедил вакцини. :yawn:
     

    Прикачени фајлови:

  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Новак е пример за тоа дека можеш да излезеш надвор од Балканот, ама не и тој од тебе.

    Мисли оти може се' да му се размине, и убаво е што не може. Ама се' тоа да се дешава таму каде што треба, затоа што тој шеткал позитиен дома, не на маината си преку мориња и океани.
    Австралија не требало да му одобри виза уште на почеток, особено при некокомплетна документација кога веќе на тоа се вади ситуација.

    Бат ден како би имало историја...
     
    На fana, nena2010, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.