Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    1.720
    Директорот на СЗО во споредба со германскиот министер за здравство е памукче. Овој цело време збори за следниот сој што ќе дојде наредната есен и бара задолжителна вакцина за сите над 18 години. Човек неможе телевизор или радио да пушти, само за тоа се збори. Разбирам задолжителна вакцина ама да е една и да имаш имунитет за подолго време, зарем три-четири можат да ги направат задолжителни, не ми е јасно :?:|(
    И со која цел ќе биде таа задолжителна вакцинација, кога вакцината и самиот министер кажа дека не е со очекуваната ефикасност и доколку имаш две дози без бустер си исто како невакциниран и можеш да се заразиш и да го шириш вирусот :^)
     
    Последна измена: 20 јануари 2022
    На elenaklasik и Cosmi им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    Ќе заврши тогаш кога ке решат горе да заврши,ако решат,си имаат правила на ниво на ЕУ,никоја од европските држави нема да ги укине ковид пасошите еднострано,или ке ја заврши короната,ке се договорат.
    Франција ке бара бустер ,Италија исто,Австрија веке бара.Германија нема намера да намали со мерки,а не да ги укине,си изјави министерот за здравство во понеделникот.
    Вакциниран со две дози веке нема да биде регуларно вакциниран,ке бараат бустер ако сакаш да функционираш.
    Ги скратуваат сертификатите за прележување на 3 месеци.:|
    Народ не се буни,сеуште исто верглање околу вакцините.
    Така да ке видиме за 2 месеци што ке биде.
     
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.566
    Допаѓања:
    251.948
    Прво ми беше невозможно, ама муабетот е од Германија, 2023 година ќе завршило.
    Премногу политика има.
    На крај муабетот и така ќе испадне.
    2023 изгледа ќе е.
     
    На LejlaD и Cosmi им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    И во пракса е друг вирус од првиот сој или од делтата која даваше најтешка слика. Ама пак хоспитализира, постари невакцинирани и не прележани. Кај прележани и прележани плус вакцинирани не дава баш никаква слика, само затнат нос и мала главоболка. Има многу наплив во амбуланта на Инфективна, ама мн помал број со сериозна слика, повеќе одат на преглед испаничени дека е ковид, па за секој случај.

    Велика Британија укинува мерки за Борис да испере гз дека он се журкал дур други седеле дома и да не мора оставка да даде. А и таму има научници и советници асални, па знаат што совет да дадат.

    Ги имам сите податоци од UK за % на болни vs %на хоспитализирани, и стварнк бројките се многу охрабрувачки дека со ковид од ваков вид ќе продолжиме да живееме како порано.
     
    На Billy Idol, JoyJoy, Anne Boleyn и 7 други им се допаѓа ова.
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Се буни народот, има големи протести низ многу градови во Германија но тоа на ниту една телевизија не може да се види. Има на јутјуб еден канал што става видеа од протестите, веќе неколкупати го блокираат и му се закануваат со отстранување од платформата.
     
    На Billy Idol, SiMpAtIcNaTa, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.184
    Допаѓања:
    181.225
    Абе што се деси со АфД? Еднаш нешто прочитав рации, апсења...
     
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.708
    Допаѓања:
    11.237
    Пол:
    Женски
    Знам дека постојат, колку спасуваат - не знам.
    Сега нека навалат уште повеќе и на корона вакцините и на тие за сезонскиот.

    Мислев дека како народ треба повеќе да обрнеме внимание на зајакнување на имунитетот, физичка активност, свесност за сопственото здравје, храната, стилот на живот, но, подобро е да се сумира грижата во една работа - вакцина за сезонски вирус.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    8.577
    Бидејќи уште е присутна и Делтата.
    Спомна Даниловски, по 2-3 недели од сега ќе ги имаме вистинските бројки на починати од Омикрон сојот, веројатно до тогаш ќе биде потисната скрос Делта варијантата.
     
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Добро, има некој од вас информација од прва рака дали Даниловски и Пановски ќе бидат во комисија, или овој предлог на ЛДП ќе си остане само кутар предлог даден на бафтана?
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.566
    Допаѓања:
    251.948
    Но по ЕУ има смртни случаи, да, тие бројки се минимални, ама има. А таму доминира Омикрон.
    Значи ако е настинка, не би требало дневно да има по 10 мртви.
    Било каде нели.
    Даниловски е ок, ама он и лани прогнозираше крај, па имавме имунитет, на крај вирусот мутираше.
    Се надевам стварно иде крајот.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    8.577
    Не знам навистина во колкав процент е застапен Омикрон. Ама еве, негде од средината на февруари ќе сметаме дека е само тој присутен, и ќе направиме споредба во бројот на починати тогаш и сега, па ќе знаеме на што сме.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Даниловски одби, Пановски би влегол под одредени услови.

    Но, како што прочитав, ЛДП не ни предложила конкретно овие два др. да влезат во Комисијата, туку само повеќе стручен кадар.

    Како и да е, како што вели Даниловски, КЗБ нема голема моќ и нема автономија, така што кој и да влезе во тој тим нема можност многу да се истакне и да промени нешто.
     
    На Glowy, Angie1432, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Да, во ред, но доколку е така се поставува прашањето - доколку КЗБ нема одлучувачка моќ, кој ги носи одлуките околу пандемијата? Или исклучиво доаѓаат од врховните редови додека КЗБ само следат?
    Малку е збунувачки искрено. Од старт нешто..смрди. :)

    На позитивна страна на страна од муабетот, прочитав дека В.Б. полека ќе ги трга маските од употреба.
    Прочитавте, така?

    https://fokus.mk/velika-britanija-gi-ukinuva-sertifikatite-i-maskite/
     
  14. Okica

    Okica Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    484
    Незнам од која рака е :D( мала шала ) ама читав дека Даниловски го одби предлогот велејки дека не сака да биде член ,а др. Пановски бара некои услови да му исполнат. Се на се мислам пропаднат предлог. :(
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Не го сакаат Пановски, не им се аресва оти не им ја следи наредбата околу сертификатите.
    Зошто тоа беше еден од неговите услови за влез во комисијата, истите да не бидат важечки.
     
    На Okica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.174
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски
    Цензура, не знаев.
    За Австрија имаше,ама за Германија мислев молчат,не се бунат.
    Читав една анкета дека граѓаните во Германија 60% придржувале рестриктивни мерки и со мислење дека вакцината ке ја спречи епидемијата(facepalm)
    ( ако не е намонтирано и тоа)
    Уште ли го продаваат филмот дека со одреден процент ке намали ко со морбилите:rofl:
    Кај нас да направат анкета 90% ќе се за укинување на мерките освен овие 10% што и на форумов се најголеми ковид проваксери без бустер.:lol:
     
    Последна измена: 20 јануари 2022
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    КЗБ е советодавно тело на МЗ, понатака дали МЗ (претходно Филипче, сега Сали) ќе ги почитува препораките дадени од Комисијата и ќе ги проследи понатака на седница до Влада и нејзините органи, зависи само од него. Исто и дали Владата ќе ги усвои тие препораки и ако се доставени од МЗ, зависи.

    Во главно се прифаќале препораките кои ги давала КЗБ, но не секогаш. Еве последно од пред само 3-4 дена, КЗБ не даде препорака за продолжување на распустот, туку таа одлука дојде од Кризниот Штаб на Владата (каде како претседател на КЗБ сепак дел е и Караџовски).
     
    На JuLleE и Acronia им се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    [
    Координацијата и менаџментот се слаби меѓу КЗБ и МЗ.
    Од почеток на пандемијата вакцинирани луѓе имаат тенденција да вршат трансмисија, но и покрај тоа не воведоа никакви надзорни контроли.
    Во Скопје само последниов месец по молови и продавници стои обезбедување кое надгледува дали се носи маска и чат - пат прашуваат за сертификат.
    За наредбите кои им доаѓаат од горе ми беше прашањето, кој ги пропишува?
    И зошто иако на мнозинството е желба Пановски и Даниловски да влезат во комисија, тоа нема да се случи?
    Владата треба да ја претставува волјата на народната маса, да се носат одлуки во наша корист.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Машки
    Еве најново што прочитав е дека новиот министер најавува дека КЗБ ќе се прошири и надополни со нови членови и за тоа веќе биле отпочнати разговорите, па ќе видиме дали ќе се случи прво тоа, а потоа и кои ќе бидат новите членови.
     
  20. Анета125

    Анета125 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали се оди во изолација ако имаш примено една доза вакцина (немаш симптоми) и живееш со партнер кој е позитивен или се рачуна дека си вакциниран и не идеш во изолација?