Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Да да, затоа и пишав, протокол сигурно не е. Да беше протокол, и мене исто ќе ми дадеа. А пристапот беше сосема спротивен кај мене. Не знам до што е искрено.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.172
    Допаѓања:
    181.140
    Опција повикај пријател- @Cosmi :mp:шо е работава со сумамед?

    Се дава антибиотик и на други места по светов, ама за потврдена пнеумонија, не за добро утро, бриго моја преџи на другога:shake:
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.980
    @Biljarkata во здравство каде умираат од сепса, извадени здрави органи, нестелиризирани инструменти, да им капе измет во ве це, верувај сумамед е скроз минијатурен проблем.
     
    На nena2010, poi, venus♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.561
    Пол:
    Женски
    Не го даваат сега матичните,во право е Celtica.Бар од тоа што го знам,многу ретко даваат антибиотик,поднамалија со делтата ,сега ретко слушам некој да добил без врска антибиотик.
    Даваат парацетамол и пастили за лижење и контроли на 2-4 дена.
    Во почетокот тоа беше кога не се знаеше,со првиот сој каде брзо се спушташе на плуќа,кога имаше некои студии дека ке спречи пневмонија и го даваа бидејки им беше кажано од инфективните одд.не беа матичните криви по мене.
    Е сега кога треба, сумамед е одличен антибиотик.
     
    На Celltica, Biljarkata, st-el и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Aljosha

    Aljosha Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    166

    Ако беше омникрон, само 38 температура помалку од еден ден (без терапија -- ни витамини ни парацетамоли).

    Од луѓето со кои имав контакт, пола тестираа позитивни, пола негативни, а сите слични симптоми.

    Кога ќе тестирам антитела ќе дознаам дали беше стварно ковид, или лажно позитивни испаднаа контактиве, па ќе пишам пак.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.338
    Допаѓања:
    170.916
    Пол:
    Женски
    Јас сум невакцинирана, породена пред месец дена и моментално позитивна за прв пат.
    Исто и мм прв пат е позитивен, вакциниран со Синофарм и бустер Фајзер.
    Горе долу исти симптоми имаме.
    Течење на нос, дијареа, и бааѓи големи болки во мускулите.
    Мене овие дена и како трески да ме тресат. Темп Немаме
     
    На happygirl и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Beti16

    Beti16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    После колку време од контакт најчесто се појавуваат симптоми? 5ти ден како имаме позитивен со корона дома, притоа неизолиран и баш блиски контакти. Можно ли е асимптоматски да се помине и колку се чести асимптоматските ?
     
    Последна измена: 26 јануари 2022
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.294
    Допаѓања:
    33.598
    Пол:
    Женски
    Дечки колку време важи сертификат за прележани надвор од мкд? Или за секоја земја е различно?
    За Грција конкретно ме интересира.
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    За во Грција важи 90 дена, 14-90 дена после позитивниот тест ти е валиден сертификатот. Но, до 07.02, мора да имаш и негативен тест за влез во Грција.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovelygirl39

    lovelygirl39 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Дали сертификатот за прележани важи 45 дена и надвор од државава или нпр се продолжува до 3,6...месеци во зависност од правилата во другата држава?
     
  12. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Колку што е во другата држава, толку важи.
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Сертификатот издаден кај нас во странска земја важи согласно нивните правила, а 45 дена само кај нас.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Владата на Република Северна Македонија на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.

    Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање).

    За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.

    Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

    Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми:

    – Вакцинирани со COVID-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;

    – Прележани со COVID-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;

    – Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.

    Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден.
     
    На JoyJoy, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.916
    Допаѓања:
    272.709
    Пол:
    Женски
    Дали ова значи дека ако има поминато 6 месеци од вакцина контактите сепак мора да се во изолација?
    Оти не беше досега така.Без разлика на периодот штом си вакциниран не следуваше изолација.
     
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Да, според напишаното од Влада :)
     
    На JoyJoy, mal.ecka и mareane им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.570
    Пол:
    Женски
    Јас за 2 дена правам 6 месеци од втора доза...моментално во семејство имам позитивен од понеделникот(завчера). Сега за мене важи изолација или не?Нема пристигнато никакво решени па немам поим. :?:
     
  18. Tashaa

    Tashaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    38
    Хелло, дали некој го сфаќа законов од кога и за кого е во важност? Пример јас сум веќе во изолација поради контакт со позитивно лице и ми стигна решение заклучно со 05.02.2022 односно 14 дена изолација..е сега прашањето е дали да се водам според решението или да си рачунам само 7 дена?!?!хелп
     
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми ја објасни ситуацијава, на гости беше вујко ми во неделата во понеделникот качува темп се тестира искача позитивен. Јас дознав во вторникот понеделникот отидов кај мајка ми на гости, саботата јас висока темп болки во тело и болки во грло (симтоми) два брзи теста негативни пцр негативен мајка ми со истите симтоми како мене од неделата пцр негативен
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Може нешто друго да ви е вас. Само се поклопило со Ковидот.

    Инаку ова со бројкиве ич не е точно. Во моментов сите позитивни околу мене не се во систем. Знаат дека имае контакт искочиле позитивни на брз тест по развивање на симптоми и намерно не одат да се тестираат во лабораторија за да не добијат изолација.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.