Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.972
    Логиката е, позаразен е сојот повеќе луѓе опфаќа и затоа смртноста ќе расте. Може не е посмртоносен како сој, но опфаќа многу луѓе што можеби делтата би ги избегнала. Пример кај нас нема многу вакцинирани, уште помалце со бустер. Иако заобиколува имунитет, штити вакцина од смртност и затоа кај нас се толкави бројките. И од тоа и плус што немаме начин на лекување, сите на своја рака зимаат.

    https://www.pbs.org/newshour/health...e-in-u-s-daily-death-count-than-delta-variant

    Инаку во фам имам позитивен на омикрон( направена секвенца на тест) со 3 дози фајзер, последната пред 1м. Моментално со тешка пневмонија и паѓање на сатурација. Ама коморбидитети.
    Не е само вакцината, туку колку сме здрави и колку си ги знаеме болестите.
     
    На JoyJoy, Celltica и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Да, на истото мислев, ти само подолго и убаво го напиша. Кај нас за жал и од омикрон ќе има поголема смртност околку во светот.
    Се надевам роднината ќе биде во ред
     
    На LejlaD, Milkiway и Celltica им се допаѓа ова.
  3. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.175
    Пол:
    Женски
    Од така си кашлам си патиме. Најмногу ме нервира ова.
    Со помин.
     
    На mal.ecka, KuklickaSk, Nena Jovanova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој кои се условите за влез у Грција, вакцинирана сум со две вакцини, дали треба и ПСР за влез ?
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Треба, или брз антигенски од лаб.
    Ова важи до 07.02, после ќе видиме.
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Девојки што се случува сега со изолацијава?
    Јас сум позитивна и петти ден како сум дома.
    Одма ми се јавија од центар за јавно здравје или како и да е, ја исконтактирав и матичната и пријавена сум со симптоми - значи 20 дена.

    Сега читам донеле нов закон, намален е периодот на изолација.... Мене во меѓувреме не ми стигна никаков докунент да знам до кога сум во изолација. И сега како да знам до кога сум дома?
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.408
    Допаѓања:
    113.384
    Пол:
    Женски
    Матичната ќе ти каже.
     
  8. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Седум или плус три значи најмногу десет дена, јас бев до втори втори во изолација дваесет дена со симптоми со решение стигнато и кога ја донесоа одлуката наредниот ден веќе бев тргната од систем. Утре почнувам на работа. Во петокот ми стигна смс дека веќе не сум во изолација
     
    На LejlaD и simoncelicius им се допаѓа ова.
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Не се нормални со одлуките.
    Јас го имав фатено на пцр вирусот на 6ти ден притоа бев високоинфективна, и ми рекоа следните пет дена ми се баш ризични да бидам строго изолирана бидејќи ct на пцр беше ниско.
    Значи јас до денес сум високоинфективна.

    Ако треба да се седи само 7 дена, а да го имав на пцр детектирано од почеток вирусот тоа значи дека изолацијата ќе завршеше додека јас бев сеуште високоинфективна.

    Која е логиката на изолацијава ако треба да заврши додека си сеуште болен и инфективен???
    Треба да правам пак антигенски/пцр пред да почнам со работа? Мислам мене не ми е јасно, да прекинат изолација а ти сеуште шириш вирус нека ми објасни некој :^)
     
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Дали сертификатот за прележаност во мк важи и за во странство? Т.е. дали е на англиски, како иначе би го прифатиле?
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна.

    На англиски е.
     
    На mal.ecka и MissDior им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Сертификатот се генерира со полиња и на македонски и на англиски. Како во личните документи пример. Така што секако е и на англиски.
     
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Како е најново, колку денови од прв симптом си заразен?
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Нема правила. Јас на пример се тестирав и ми покажа пцр дека сум шести ден од инфекција и дека следните 5, 6 дена сум високоинфективна.
    Постојано се зборува за правила колку дена од симптоми си инфективен ама нема правило додека не направиш пцр и не побараш да ти кажат конкретно колкав ct имаш. Рдинствен параметар по кој можеш да се водиш е тој. После ct 35 (37-40) си неинфективен.
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Директорот на Институтот за имунобиологија д-р Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести. Петличковски доаѓа на местото на д-р Жарко Караџовски, кој останува да биде член на новата Комисијата која беше избрана денеска. Комисијата сега, како што кажа министерот за здравство Беким Сали, покрај со досегашните членови е надградена со нови, а за портпарол е назначен д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје.

    Комисијата ќе се состанува еднаш неделно.

    Покрај Петличковски и Мехмедовиќ членови на Комисијата се докторите:
    1. Кристина Ставридис од Институт за јавно здравје (ИЈЗ);
    2. Шабан Мемети од ИЈЗ;
    3. Калина Гривчева-Старделова;
    4. Невзат Елези од Универзитетот во Тетово;
    5. Дугаџин Османи; и
    6. Жарко Караџовски од ИЈЗ;
    7. Иринка Сотирова-Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ);
    8. Кристина Ставриќ од Клиника за детски болести;
    9. Милена Стевановиќ, директорка на Инфективна клиника;
    10. Звонко Миленовиќ;
    11. Фадиљ Цана;
    12. научен соработник Марија Динзова; и
    13. Илир Демири од Инфективна клиника;
    14. Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје;
    15. Билјана Деспотовска-Ристовска од ДЗСИ;
    16. Ниќо Беќаровски од Клиника за токсикологија,;
    17. Арбен Лабуништа Клиника за белодробни заболувања;
    18. Марија Дуганова од Градска општа болница „8 Септември“;
    19. Марија Маневска од Министерство за здравство;
    20. Јованка Костовска специјалист-епидемиолог;
    21. Златко Арсениовски од Центар за јавно здравје;
    22. Драган Ѓорѓиевски, претставник на Здружение на лекари по општа и семејна медицина;
    23. Грета Николовска, претставник од Агенција за храна и ветеринарство; и
    24. Марија Милкова од Центар за управување и кризи.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Не е Билјана Деспотовска.туку Лилјана
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.557
    Пол:
    Женски
    Таман му е улогата на Злате ,портпарол:lol:
    Ионака не е многу едуциран да збори за тоа што збори,а уште од фрижидер не искача,секаде го има.
    Толку желба за внимание одамна немам видено.
     
    На LejlaD, FridaodaMk, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Преземен ми е текстот од СДК, доколку е грешка, фала што корегираше :)

    Сум заборавил линк да ставам (facepalm)
     
    На mal.ecka и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.133
    Не е тоа желба за внимание, мисија е:angel:
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.158
    Допаѓања:
    88.557
    Пол:
    Женски
    Треба да имаш желба да бидеш промотор на таква мисија.:D
     
    На LejlaD и FridaodaMk им се допаѓа ова.