Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    На Angie1432 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Не, не се нормални.(facepalm)
    Најдобро да ги изложат некаде на излог.
     
    На JuLleE и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.577
    Пол:
    Женски
    Идиоти :^) |( Место да чекаат Фајзер да ги смисли новите вакцини, они укинуваат мерки :tmi: цццц...
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Ако не се лажам лани имаше вака една држава што направи, Црна Гора беше мислам, или Босна, не сум сигурен. Објавените граѓани после една година добија оштета од 300€ за кршење на правата.
     
    На JuLleE, simoncelicius, Luciferka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.577
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме правно, граѓаниве за многу работи треба да добијат оштета поврзано со ковидов и „меркиве„

    И после речете не биле хитлеровски меркиве и ич не било како со евреите?
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.175
    Пол:
    Женски
    Малку ме нервира шо граѓаните само кога се работи за права се гласни. Кога се во прашање обврските никаде не' нема. Се изнашетаја позитивни, настинати од Швепсот.
    Поентата на ова објавувањето која е? Толку нема паметно шо да смислат, уште ова остана не решено. Еден чекор напред, 16 назад.
    Сите сме за нигде така речено. :D
     
    На fana, bicycle и Ahoy им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.577
    Пол:
    Женски
    Чек сеа.... тоа што некои граѓани се „неодговорни„ е оправдание да се кршат човековите права? :^)
    Иначе... кога сме кај „неодговорните„ граѓани... прво им е преку глава (и ги разбирам) второ во недостаток на тестови што да прават? Дома да седат? Кој ќе им даде оправдување ако седат дома без тест? Или треба да даваат пари на приватно?
    Или ти збориш за некои други неодговорни граѓани?
    И уште ова... а освен ковид, други болести нема?
     
    На deskarada, mKdevojce, elenaklasik и 4 други им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Па нека отворат бесплатно пунктови на секое ќоше за тестирање, место само они да полнат џеб, нема да шетат настинати.
    Секој во секое време ќе може да се тестира.
    Нема да чека по 10 па и повеќе денови за тест.
     
    На Just.do.it, noteforself, Cosmic Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.175
    Пол:
    Женски
    Епа на работа мораш да одиш ама во кафич и на гости не баш. И на работа барем маска да носеа ако ништо друго или и маска беше повредување на права? Не мора одма дека ги бранам, и јас се бунев две страни поназад дека нема тестови.
    И тие права пак само на тастатура се бараат, пак кабелот ќе е крив, пак свако чудо за три дана.
    За меркава се сложвам, тотално непотребна, нема ни потреба да се збора колку киксови имаат досега.
    Само велам да не ни е некој друг секогаш крив и да ги гледаме малку и нашите постапки.
     
    На Amellie13, Ahoy, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Норвешка си го направи своето со вакцините, ич да не се секираш. Ако опушта мерки е заради статистики за Омикрон кој е очигледно поинаков од претходни соеви, не оти конечно сфатила дека таквите ко тебе биле во право од старт |(
     
    На KuklickaSk, fana, M.B. и 4 други им се допаѓа ова.
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    A па законове што ни се донесени што се за едно почитување.....
    Еве јас бев позитивна и морав да одам да направам крвни анализи и секако прашав дали треба некаде да пријавам дека ќе излезам. Добив одговор од матичната не, затоа што нема кој да води евиденција.... ?
    Се јавив во полициска станица за да ги известам и само добив одговор добро. Реков име презиме нешто не ви треба? -Не, уживај.
    И што сеа?

    Друга ствар - дознав дека сум позитивна на шести ден од инфекција а следните 6 дена бев високоинфективна- секако се пазев. Поминаа тие шест дена а јас веќе следниот ден требаше да одам на работа каде што сум во контакт со мали бебиња, дечиња, трудници, луѓе пред операција....
    Ако до вчера сум била високоинфективна како може за 24 часа да престанам и да бидам безбедна за сите околу мене, да шетам до работа и назад? (Пошто викаш нели до работа разбирливо е, мора).

    И коа и се јавив на матичната да и кажам дека не ми се доволни 7 дена знаеш што ми кажа? Ќе ти стигне порака коа ќе можеш да продолжиш на работа, они сметаат дека си оздравена (???).

    Ајде молим те кажи ми сеа кое правило, кој закон за да се почитува?
     
    Последна измена: 2 февруари 2022
    На Cosmic Girl, elenaklasik, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам. На рака можам да избројм колку пати сум била во кафич или мол.
    Не затоа што сум скептик или паничар туку не ги поднесувам гужвите. И го фатив на крај, знаеш од каде? Од работа. Затоа што имаш милион асимптоматски случаи, а и ти да пазиш тој пред тебе не пазел, џабе и маски и прочистувачи на воздух. Јас толку бев убедена дека н95ката и хепа филтерот што го имаме во лабораторија ќе не заштити ама не. Се случува. Посебно со ова омикронот.

    Не ги разбирам ни веселбите со по 200 души како да е последно, ама не ги разбирам ни овие што мислат дека не смее да се седне некаде кафе да се испие за овие 2, 3 години.
     
    На KuklickaSk, Kitten и Mantub им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Тоа е кога не работиш ти или блиски твои во угостителство и мислиш во ред е да не работат тие "не есенцијални" дејности со години, божем пари од на небо паѓаат.
     
    На fana, Munchmallow20, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Не пишува на ниеден колку што имам инфо.
    Ќе си побараш од молекуларен биолог/ шеф на молекуларната лабораторија да ти даде интерпретација.
    Се гледа буквално се, преку секвенците и генот знаат која варијанта ја имаш закачено, кога, колку си инфективна и кога се очекува да не бидеш.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.531
    Допаѓања:
    115.158
    Пол:
    Женски
    А како ќе се богатат? Гарант си имаат дел од колачот од приватниве. Инаку да сакаа можеа одма да ги финансираат и да бидат на државно. Ама неее.. А сега со глупоста објавување име и презиме.. Е тек сега нема да се тестираат. Ко списоци за логори.
    Едит: Не знам кој направил добар спин ама еве како ќе биде за решенијата
    https://360stepeni.mk/se-podgotvuva...odatotsite-ke-bidat-zashtiteni-tvrdi-vladata/
    Значи нема да има списоци, туку ќе си укуцаш твој матичен број (претпоставувам) и ќе си симнеш решение. Нема веќе праќање по вибери и чуда.
     
    Последна измена: 2 февруари 2022
    На JoyJoy, Cosmic Girl и duffi им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.317
    Па дај и за ХИВ позитивни да објавиме вака, пошто нели утре ко ќе фатиш дечко, да си видиш одма во регистар да не е позитивен зашто може да те излаже.
    На тешки криминалци едвај иницијали им дознаваме, ама на позитивните таап име, презиме и адреса. Браво.
    Ама леле кутри тие не можеле да постигнат со решенијата. Оно на пола души не им ни стигаат воопшто, ама океј.:rofl:
     
    На Kitten, noteforself, GirlRose и 7 други им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Јас мислам и со слика да ги објават, не само со име презиме и адреса. Што помизерни да бидиме, онака со тапија!
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Никнуваат како печурки по дожд, поради тоа ги нарекуваат и корона-профитери. Приватните лаборатории што тестираат за присуство на вирусот корона, по речиси две години од почетокот на пандемијата, двапати се удвоиле.

    Опремата, просторот и кадарот со кој располагаат лабораториите никогаш не бил доведуван под прашање. За држaвата, сите се одлично опремени.

    Но, затоа бројките што ги прикажуваат некои од нив, особено со пикот на сојот омикрон, отвораат сомнеж, за кој сè погласно се коментира: Дали некаде, наместо да се тестира, се печатат негативни резултати по потреба?

    Истражувањето на БИРН покажа дека просекот на позитивни случаи кај приватните лаборатории драстично се разликува – некаде и над 40 отсто, а државата им дава бланко доверба во стручноста.

    Еден позитивен од речиси 870 теста

    31 декември, 2021. Додека сите брзаат да ги завршат подготовките во очи на новогодишната ноќ, 425 тетовци имале и други приоритети.

    Отишле да проверат дали се позитивни на вирусот корона во малата лабораторија за молекуларна дијагностика „Лаор“, отворена во јуни 2020.

    Резултатите им стигнале истиот ден, а веќе следниот, излегоа во билтенот на Институтот за јавно здравје.

    Од сите 425 теста нема ниту еден позитивен.

    На празничниот први јануари, лабораторијата паузирала. На следното тестирање, од 451 примерок, само еден бил позитивен.

    Тоа значи дека од вкупно 876 теста, позитивен излегол само еден, што во проценти е нула со една децимала, поточно 0,11.

    Овие исклучително ниски бројки на позитивни случаи не се случајност. Ги има подолг период. И не само кај оваа, туку и кај неколку други приватни лаборатории.

    На пример, на 31 декември лани и скопската лабораторија „ВФВ Медикал“ направила PCR тестови на 199 луѓе. И таму ниту еден не бил позитивен.

    Идентично е и со „Ројал Медика“. Од 152 теста во два дена, едниот ден имало еден, а другиот само двајца позитивни случаи.

    Меѓу 18 приватни лаборатории што тестираат за корона е и „Ели медика“, која пријавила 130 тестирања, од кои само 5 излегле позитивни.

    Нејасно е дали лабораторијата ги пријавувале и позитивните случаи од гевгелиската „Ели медика плус“, за која здравствената инспекција побара одземање на дозволата, бидејќи во листата на Институтот пишува само „Ели медика“.

    Но, додека во овие лаборатории се чини дека претежно одат на тестирање здрави луѓе, односно незаболени од корона, во најголемиот дел државни и приватни лаборатории речиси половината од тие што отишле да се тестираат биле позитивни. Некаде тој број достигнува пикови и до 70 отсто.

    На пример, на 3 јануари, денот кога тетовската „Лаор“ регистрирала само еден позитивен, односно 0,2 отсто, процентот на позитивни случаи во Центарот за јавно здравје Тетово е 35,7 отсто.

    Истиот ден, 48,7 отсто биле позитивни случаи во Центарот за јавно здравје Скопје, а во приватната „ВФВ Медикал“ само 2,8 отсто.

    Разлики во резултатите и до 40 пати.

    БИРН, врз основа на податоците од Институтот за јавно здравје, го пресмета вкупниот просек на позитивни случаи од први до 24 јануари по лаборатории.

    Податоците покажаа дека на подолг период има огромни и тешко објасниви разлики меѓу приватните лаборатории што прават PCR тестови.

    Најголемите се воочливи во првите 10 дена од јануари, кога неколку помали лаборатории како „Лаор“, „ВФВ Медикал“, „Ели Медика“ и „Ројал Медика“ прикажале исклучително мали проценти на позитивни случаи.

    Во просек меѓу 0,63 и максимум 5 отсто.

    Во истиот тој период, поголемите скопски лаборатории, пак, како „Жан Митрев“, „Авицена“, „Биотек“ и „Систина“, за истиот период покажувале двоцифрени бројки. Од над 28 отсто во „Жан Митрев“ до 35 отсто во „Биотек“, 34 отсто во Авицена…

    Тоа би значело дека ако „Лаор“ на 10 јануари има само 4 позитивни од 314 тестирани, „Жан Митрев“ има 99 позитивни од 192 теста, „Авицена“, 134 позитивни од 409…

    Некои лаборатории, пак, како „Плодност“ и „Спектра ММ“ за овој период имале уште повисок просек, 44, односно 56 отсто.

    Првата причина за овие разлики можеби е несоодветното земање брисеви, што лажно прикажува дека тестовите се негативни.

    Но, покрај оваа причина што може да влијае врз бројките, во јавноста сè погласно се слуша дека разликите може да бидат резултат на нешто многу поопасно, односно неизведување на тестот и издавање негативен резултат.

    Јавна тајна е, велат здравствените работници со кои разговараше БИРН, дека очигледно државата замижува пред недоследностите во бројките на неколку приватни лаборатории.

    На прашањето дали и како воопшто може да се докаже дека, наместо реална проверка, во некои приватни лаборатории само се печатат резултати, тие велат – за тоа има начин.

    Проверката би требало да ги пресмета влезните и излезните фактури за набавени реагенси и тестови. Ако реалната слика е дека во лабораториите има поголеми залихи во моментот на контролата, тогаш тоа е првата индикација дека има проблем.

    Тоа би можело да се направи и во малку посложена процедура преку проверка на PCR машините и нивните криви на флуоресценција за секој пациент посебно.

    932 теста направила лабораторијата „Лаор“ на 8 јануари. На фан-страницата на Фејсбук пишува дека работат од 8 до 14, што значи 6 часа.

    Кога бројот на тестови би се поделил со вкупното работно време на лабораторијата, излегува дека тој ден работеле „турбо“ и правеле во просек по три теста во минута.

    На посебен банер на Фејсбук, „Лаор“ се рекламирал дека и резултатите од PCR тестирањето стигнуваат за половина час.

    Кунгуловски, кој и самиот на дневна основа е вклучен во микробиолошките процедури за детекција на корона, е дециден дека брзините на правење на тестовите и бројките се релативни, односно дека македонските лаборатории хипотетички би можеле да прават и по 10 илјади тестови дневно.

    Но, за тоа да се случи, како што вели самиот, потребна е роботизација на секое ниво и поинаква организација на работата.

    „Ниедна македонска лабораторија моментално не е поставена на тој начин“, вели тој за БИРН.

    „Горниот лимит на капацитет на поголемите лаборатории („Жан Митрев“, „Систина“, „Авицена“, „Биотек“) е некаде на 400-600 тестови дневно. Сè над тоа бара натчовечки напори и додатни автоматизации и роботизации“.

    Процедурата нималку не е едноставна и брза и е составена од седум етапи: oд регистрација на пациентот, преку земање брис, до процесирање, автоматска РНК екстракција…

    Само подготовката на реагенси за PCR, за максимум 94 пациенти, која најчесто се прави за 50 и 70 примероци, е потребен половина час.


    *** Текстот е преземен од Призма.мк, повеќе на следниот линк: https://prizma.mk/laboratorii-za-zdravi-i-laboratorii-za-bolni-od-korona/
     
    На simoncelicius и Milkiway им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ако Омриконот се поминува со полесни симптоми, зошто смртноста пак почна да се зголемува, не само кај нас, туку и во други земји :?:
     
    На JoyJoy, Milkiway и Cka им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    135.151
    Ама за тоа знаеме само ние, власта ни е глува и неписмена, после ние ќе си тужиме :)
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.