Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    16.509
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека и тој ќе не заобиколи :worried:.
     
    На nena2010 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Еве да те цитирам и уште у старт да ти кажам дека врска ти нема муабетот.
    Стар човек коа ќе ти дојде си кажува што му е и му даваш терапија.
    Али коа ќе ти дојдат младиве и читале нешто, па не дочитале, па чекаат да им објасниш како да дошле на предавање на медицински факултет. Па после а ова дали да правиме? А читав нешто една статија и тоа да провериме ?
    И најболното од се е коа ќе ти речат па се да провериме. Што се? Па се, се што може :rofl:

    Старите седнуваат и ти кажуваат и ти вика прави што ќе правиш си ја знаеш работата.

    Сеедно, може си налетала на таков некој, ги има не дека не, али не знам што тоа те иритира. Смисли некој нов закон како што има педијатрија за деца нека има и некој геријатриски посебен шалтер да не ти пречат тебе од 20+.
     
    На Cosmic Girl и poi им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.312
    Кога сме кај "па не мора" мислам не мора ни на работа да се иде, ете дајте отказ и работете нешто онлајн. Или живејте од заштеда дур пројде лудилово. Како беше, мора само да се умре нели.
    А еве како некој што си одеше по кафе, се гледаше со другарки и дечко, се возеше со автобус и на крај го фатив од сосем трето место, више онака ми скурче од тоа пА нЕ мОрА нА каФе Да сЕ оДи. И да, ќе рече некој може асимптоматски сум го фатила претходно. Со едни исти луѓе се гледав цело време овие две години и тие што фатија не беа од мене, или не сме се виделе последниот период, или самите знаат од кај фатиле. А некој рандом со кој сме се размениле за пола секунда на улица што фатил па ич не е од мене. Зашто не се фаќа на тој начин освен ако сум му кашлала директно у фаца.

    Океј, пазете се. Ама аман, аман веќе од осудиве на некој што излегол да се релаксира. Не зборам за свадби и такви мити работи него баш обично пиење кафе. Мислам стварно, никој неќе да му умре близок (бог да чува), ниту би уживал да лежи неподвижен у кревет.
    Лесно го пројдов, со бабини лекови се лечев и мислам да бапнев антибиотици како што пијат некои и за малку течење нос, полошо ќе пројдев него од самиов вирус. Се надевам така и ќе остане иако уште не сум скроз опоравена.
    А чисто вака овие што по секоја цена форсираат вакцини на прележани, самите си даваат автогол и ја потценуваат целта на вакцината. Се вакцинираш да се заштитиш така? А ако си прележан си секако заштитен, барем некое време. Е сега пошто не е битно како си заштитен него само вакциниран да си, баш испаѓа дека ради реда е вакцинацијава, не стварно за заштита. Ама битно се проваксери. Ахам сигурно.
    Ја втора доза примив пред 6 месеци. Како ќе го поминев без вакцина можам само у некој паралелен универзум да знам каде невакцинираната манчмалоу периодов исто така се заразила.
    За трета не сум будала одма да ставам, нормално.
    Или секако ќе биде од "морање", не за заштита.
     
    Последна измена: 4 февруари 2022
    На mKdevojce, noteforself, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    5.309
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на сите ни е смачено од “па не мора баш сеа да се шета“ и тој шо пазел не ќе може да се допази.
    Порано колку толку ни беше страв па се пазеше сеа више е дива лига, еве ја две дози на 30 баш 6 месеци ,утрента грло викам ај ветер ваму таму правам тест позитивна( со никој не се гледам освен за беља со мајка ми и татко ми )работам од дома , и еве ме у кревет. Од кај го фатив? Врска неам ни ја ни сите околѕ мене, позитивни и сите сме да фак( другарка 7 дена дома немрдната , цела пандемија помина и заразен по дома имаше не се зарази, рандом сабјле у недела станува грло ја боли праи тест позитивен . Пазено е сите сме пазеле максимално, туби и туби дезинфекции потрошени, маски, бриши чисти …
    Нека поминува со лесно на сите и да дојде крај на пандемијава веќе еднаш. Ја мислам да не се вакц ќе беше по тешко да помине време ќе примам и трета, се мислев мислев али затропа и кај мене на врата.
     
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    Јас мислам тоа пазење да не се заразиш е ветер во магла. Како е возможно и колку време?
    Цел живот ќе бегаш од вирус? Во стаклено ѕвоно ќе живееш и првото излегување ќе те фати баш тебе, баш тој кој се чувал многу.
    На вирус не е можно да му се бега, мора да се фати и да се помине и да се стекне правилниот имунитет. Подоцна поддржувајте го со вакцини, да, ама мора самиот организам да го запознае вирусот.
    Да работиме на јакнење на имунитетот, отколку да размислуваме до кога ќе му се криеме.
     
    На simoncelicius, noteforself, Sofi.ja и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Скроз исто размислувам уште од старт на пандемијава. Станав дури радикалиста. Мене ако ме прашаат за новиов сој, би рекла да не се дава никому изолација. Кој се осеќа болно нека си се лекува дома дур е болен, кога ќе оздрави си се враќа на животни обврски и тоа е тоа. Како секоја друга вироза во историјата на човештвото. Се кријеа што се кријеа, време е сите да се изложиме и да продолжиме со животот (со исклучок еве за старите). Никогаш во историјата луѓето не се плашеле волку многу температура да качат. Ова веќе е нездраво. Матичната ми вика доаѓаат пациенти само со растечен нос и ми викаат што да правам? :drunk:
    Ја мислам да нѐ остават во медиумски мрак, пандемијава ќе заврши за еден месец.

    Дома кај мене првиот пат го фативме од детето од школо ни го донесе, а сите останати работевме од дома, другото дете не одеше тогаш во градинка. Втроиов пат го фатив јас од стоматолошка ординација. А цела година нормално функционираме како да нема никаков вирус, одиме на работа, градинка, школо, си се гледаме со луѓе...
    Значи бегај бегај, ама нема бегање (за тие што бегаат).

    А тие што се пазат и се исклучија овие две години, ќе го фатат вирусот тогаш кога веќе нема медиумски да знаеме до кој сој сме стигнале и колку пцр тестови се направиле денес. И нема ни да знаат ниту да се оптеретуваат.
     
    На Amelie1708, christinnn, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    @Kitten , тоа тоа треба, медиумски мрак, за да стивне бурава.
    Вакциниве чиниш кафе за добро утро, па ајде бујрум сите на доза - две - три. :^)
    Сега и децата ги спомнуваат за боцкање, за нив млекце ќе бидат.

    Јас, во 20та многу се плашев, баш како заложник се осеќав дома. Му викам на маж ми, до кога ќе бегаме вака? Некако од тогаш медиумски се наметна како црна закана, како некој демнач. Баш по тој муабет, фативме корона, иако контакти на минимум имавме, ете маж ми го префати од колега. Мене од тоа баш ми беше страв, од помислата дека еднаш морам да го фатам, а политиката велеше бегајте да не го фатите, а вирусов горнореспираторен. :^)
    Значи нема бегање. И затоа сега кога гледам како некои бројат контакти се чудат од каде се заразиле, па две маски па што знам... Како дете, ако го чуваш затворено, премногу заштитено, прво излегување секој вирус ќе го нападне.
    Кога зборувам со некои, велам другиве болести зошто се забораваат, како да се заштитиме, превенција од нив блабла... Велат ама не се заразни. А овој е респираторен и мислат дека со вакцина ќе се заштитени, напикани во кафиќи? :^)

    И што вирус ќе беше, мутација за мутација, да не е нешто до вакцин... :tmi:
     
    На simoncelicius, Kitten и AndyRad им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    21.312
    Гледам по статистикиве, секој ден едно третина од починатите се целосно вакцинирани што баш и не е малце.
    Пример пред некој ден од 35 починати, 13 биле вакцинирани, или од 24, 9.

    Човек би очекувал да се ете, од 20 души, едвај 2ца, не 7-8
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.098
    Допаѓања:
    206.954
    Пол:
    Женски
    Ние автогол во последна минута си дадовме што би се рекло:@.На толку време пазење,онај кој беше убеден дека бил како дечко,имунитет јак имал,ете не го фаќал вирусот го собра,и сите не среди:tmi:.Така да стап дебел јадов оти во директен контакт бев со него.Вакцинирана со три дози ме патосира.Чувајте се,не е мачка да драсни па ете ќе помини...
     
    На Cosmic Girl, mal.ecka, blablabla1234 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Истото и мене ми се случи сега. Минатата сабота бев на роденден кај другарка после две години и баш испадна да биле болни од ковид -_-. Утредента ми се јавува и ми кажува дека е патос. Еве ги 5-6 дена како има температура 39. Не знам дали е до дозите или до човекот. Она има две дози примено ја три. Јас го осеќав носот како ме лути и на тоа остана. Ама она си го окрка поштено ;(
     
    На mal.ecka, fana и LejlaD им се допаѓа ова.
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    А и ти си позитивна или само претпоставка?
    Не верувам да е до дозите, само до имунитетот. Два пати прележав ковид со благи симптоми, не сум вакцинирана со ни една доза.
     
    На simoncelicius, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Не се тестирав пошо бев во директен контакт со неа. Ептен блиску бевме. И ете после една недела ми се појавија симптоми благи. Ама ми пројде. Можеби имам ковид а можеби не. Мислам дека имам бидејќи и на татко ми му се појавија симптоми два три дена после мене.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.665
    Допаѓања:
    39.567
    Пол:
    Женски
    Па...поентата на вакцина е...да се запознае организмот со вирусот...без да има болест?
    Ти нема логика ова, прво разболете се па вакцинирајте се.
     
    На Cosmic Girl и Celltica им се допаѓа ова.
  14. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.705
    Допаѓања:
    11.231
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl: а бе поенти не барај, не знам што да ти кажам. И вакцините потфрлија, ама има време кога ќе дознаеме што е правата поента.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  15. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    И пошо не сте тестирани ни ти ни татко ти, немате решение за изолација и нормално си се движите како и секогаш и после олку заразени, онолку заразени… ama so ste krivi vije i vas nekoj vi go dade!
     
    На blablabla1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    Па кога не му дозволуваат од работа да се тестира. Што да прави ??? Во Македонија живееш алооо
     
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Да бе, од работа не му дозволуваат, го чуваат врзан во подрум и не го пуштаат да излезе и да оди да се тестира. Возрасен човек ќе прашува на работа дали да се тестира ко прво одделение да е па прашува на мама дали може после часови да оди кај другарчето…
     
    На Cosmic Girl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  18. blablabla1234

    blablabla1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2021
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Машки
    :?::shake:
     
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.387
    Допаѓања:
    126.459
    Пол:
    Женски
    Можел и сам да бара од матичниот лекар да се тестира или ако нема термин, на приватно да се тестира.
    Има и опција со брзи тестови.
    Не му дозволуваат од работа не е изговор.
    И ти требало да се тестираш штом си имал контакт со позитивно лице.
     
    На simoncelicius и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека е ковид, една недела е долг период. Порано се појавуваат сега симптомите, за два дена.
    @СуперДевојка пополека со осудите. Не секој има пари да се тестира, а на државно нема термини. Немора да си затворен дома за да не шириш вирус, сѐ е до личната одговорност.
     
    На Hisha, Billy Idol, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.