Ајбе па и ти голема работа, среќа е кај нас тоа што ниедна зима немало преполни клкники за белодробни болести. Нема заболени од белодробни болести и плуќите ни се полни со кислород, наместо со ср*њава од отпади што ги горат во други земји, не кај нас. Шо ти е гајле безбедни сме. А и да нека не излагаат од дома тие пошо не работат тие не одат во продавница и така безбедни се.
Ти не земај све здраво за готово,има многу што пишуваат превентивно,но незначи дека е сосема точно,малку со резерва треба,ниту самите доктори не се баш сигурни,сите викаат хигиена треба и подалеку од луѓе кои кашлаат или киваат.
Добро, ама и покрај сѐ, ако е таа заболена не значи дека надлежните не треба да го заштитат нејзиното семејство и дека вирусот треба да продолжи да се шири. Нејзините веројатно не ни размислувале со ладна глава.
Можеби си во право Информацијата ја пишуваше на неколку сајтови затоа мислев дека е точна...Ама и тие може да препишуваат едни од други
Ако веќе толку сте загрижени и паничите,помогнете им на оние од семејствата кои се во поодмината возраст и кои имаат хронични болести. Испазарете им за дома,купете им лекови и основни работи за секојдневен живот,платете им сметки за да не одат во пошта и банка. Секој во семејството има по некој со слабо здравје за кој е загрижен. Избегнување на масовни собири исто така. Ама паниката што добро ќе ни донесе. Животот нема да заврши сега и тука.Дали некој земја затвори граници?-Не Постојано се е во движење,како што кажа и докторот,мора да продолжи протокот на луѓе,стоки и капитал.
Комбето сеуште е пред инфективна клиника , а и вожачот и мед. сестра се на инфективна допрво ќе ги испитуваат и нив .
Значи убаво разбрав јас иако не дослушав, си продолжиле понатаму. Ама провладиниве низ интернетов пласираа дека сѐ е под контрола, ги испитувале, под карантин биле и бајки.
Епа шознам, не е до владата. По моја логика никој не знаел сем нејзините кои ја зеле со кола. Никој не е будала да се знае и да си чила и даље со животот
Го прочитав ова неколку пати денес и на фб и по портали и една работа не ми е јасна. Вели вирусот не може да опстои на температура од 26-27 степени, па како тогаш опстојува во човечкото тело на 37 степени? Со можност за пренесување? Нешто тука не ми штима
Ма она знаела сигурно ама ќутенката. Тоа е таа јавна свест што ја немаме. Ми е гајле за другиот, за мене да е арно. После државава ни е крива, жими таквото
Како женава толку граници поминала во тоа комбе со останатите тие што патувале и никој баш никој да не примети дека она е со темперарура
Не ми се верува да знаела, не знаеме ни какви симптоми имала. Ваљда немало да патува 1000 километри ако била у тешка состојба. Само мене друго ме интересира, како поминала толку граници без да ја тестираат, а знаеле дека доаѓа од ризично подрачје.. Почна масовната хистерија инаку, Армагедон доаѓа https://www.slobodenpecat.mk/makedonczite-zapochnaa-da-gi-praznat-prodavniczite-foto/