Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јас мислам тој што Вело сериозно го сфати во било кој момент од 2021 наваму сериозно треба да си го преиспита расудувањето. Ај на почеток не се знаеше ништо, сите бевме збунети, ама со тек на време ваљда гледаш кој има кој нема чисти во главата.
     
    На mira.mira, Angie1432, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  2. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.984
    Допаѓања:
    25.647
    Пол:
    Женски
    Зошто на фејсбук страната на министерство за здравство нема инфо последниве 2 дена за состојбата во државава?
     
  3. Мисија

    Мисија Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Во понеделник имам термин за ПЦР. Ако сум позитивна, дали отсуството од работа се оправдува со решение за изолација и кога се издава боледување?
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.795
    Јас па уште не можам да сфатам како негирате и занемерувате 20 мртви на ден во просок само од корона? И тоа кога вирусот е ослабнат?
    Мене не ми е нормално, а воопшто лани не беше наивно, убаво се сеќавам каков период беше ноември.
    Ширеле паника и страв. Па и така беше низ болниците. Да не беа случајно нормални славите?
     
    На LejlaD, Ahoy и venus♡ им се допаѓа ова.
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Не те разбирам, кој тоа негира и занемарува толкава смртност? Па тоа ни е главната болка овде!
    Само што некој вината ќе ја бара во народот и лица кои на никаков начин не се вклучени во ковид протоколите и лечењето, а всушност свесно или несвесно им го прават филмот на најголемите виновници за целово срање кое го доживуваме.
    И немој те молам пак за славите. Да се заразуваа само на Балканов ќе речев до нас е вината. Ама цел свет парче се направи од вирусов, а многумина од нив не ни знаат што значи слава. Вирус е луѓе, не е слон па да го избегнеш. Само што некои земји поуспешно се справуваат со него, а кај нас само мртви бројат, и тоа е целиот напор што го вложија надлежните во "справувањето".
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.795
    Докторот кој го браниш јавно го негираше вирусот дека е опасан и дека се претерани мерките. Знам, сите интервјуа му ги слушав.
    Смртноста лани секаде беше висока. И не беше народот заплашуван, туку имаше и зошто да се плаши.
    Да не заборавам пак, колку се со последици.
    Ама другите доктори ширеа паника и страв, а Вело ја зборуваше вистината. На крај прележа и сам вели не било ова обичен вирус.
    Сфаќаш зошто државите се затвараа, зошто имаше карантини и слично?
    Епа докторот друго велеше.
     
    На JoyJoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.562
    Пол:
    Женски
    Ние како држава воопшто не сме репер за смртноста.
    Второ, од каде заклучи дека мерките со затворање и слично беа ефикасни? Има податок или.... Пошо има држави каде што немаше затворање, па пак исти беа бројките |(
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Знаеш што Јуле, перцепциите ни се различни ,и непотребно ќе се натегаме еве веќе трета година. Истите па истите работи.
    На крај, само сакам сите да си ја вршат својата работа како што треба, без да ги осудуваат другите како виновници за својата неспособност и ужасните резултати, и да му овозможат на народот колку толку нормално да продолжи со животот. Имаат луѓето многу потешки борби да водат, не е само короната.
     
    На AndyRad, elenaklasik и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.795
    Зборувам генерално, за сите држави, не само за нашата.
    Факт е дека и во други држави умираа и тоа не е нормално.
    Колку и дали беа оправдани мерките, не знам. Ниту бев за претерана контрола, ама пак во периоди на силни бранови контрола мораше да има.
    А пандемијата си се однесува онака како што ако гледаме историски наназад, природно по својот тек.
    Економската криза е очекувана. Само се надевам ќе заврши брзо.
     
    На WildMk, JoyJoy и LejlaD им се допаѓа ова.
  10. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира, јас сум позитивна, решението за изолација уште не ми е стигнато,и како треба да се регулираат овие денови, некој ми кажува кко боледување ама у тој случај ми кажаа се крати од плата, други ми кажаа да не ср отвара боледување може со решението само.
    Ако има некој упатен у ова, ќе ве молам за одговор.
     
    На Мисија му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    3.501
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Еве ви прилика за бесплатен серолошки тест :D

    Во центарот на Скопје на улица „Македонија“ во тек е скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.

    За серолошката ковид – анализа на граѓани им се земаат примероци крв.

    Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

    https://sitel.com.mk/vo-tek-skrinin...d-19-za-procenka-na-imunitetot-na-naselenieto
     
    На mal.ecka, JuLleE, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.562
    Пол:
    Женски
    Ова само за вакцинирани ли е?
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    Не, буквално секој кој ќе се појави на пунктот може да се тестира, независно од "имуниот статус" колку што сфатив. Во другите градови ќе биде таргетирано и претходно селектирани ќе тестираат, не вака како во Скопје.
     
    На noteforself, mal.ecka, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Ве молам за мислење. Дете позитивно, со благи симптоми 1-2 дена. 5 ти ден негативно дали е сеуште заразно за околината?
     
  16. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Знаете на кои други локации во Скопје се тестира денес за скриниг на антитела? @Ahoy
     
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.546
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Машки
    На истата локација како вчера само, колку што знам.
     
    На MissDior му/ѝ се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Бројот на школски деца заразени од коронавирус изминатата недела бележи зголемување, но сегашната препорака за настава со физичко присуство останува. Претседателот на Комсијата за заразни болести, Александар Петличковски, смета дека нема простор за загриженост. На денешниот состанок, анализирајќи ја епидемиолошката состојба од изминатата недела, утврдиле дека има подобрување во однос на претходната недела.

    „Анализирајќи ја состојбата според индикаторите, како број на нови позитивни новооткриени случаи, процент на позитивни тестови од сите направени, како и број на вкупни случаи активни во државата, се забележува намалување, што значи и подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба. За тоа особено не потсетува возрасната група од 6 до 14 години, каде што забележуваме зголемување на бројот на нови случаи. Тоа се школските деца, кои ја тераат наставата во најголем дел со физичко присуство. Во моментот сѐ уште нема простор за загриженост. Се следи состојбата и ние апелираме како Комисија дословно да се следат протоколите за одржување на наставата со физичко присуство“, рече претседателот Петличковски.

    Тој апелира до учениците и до родителите да соработуваат и да го прифаќаат тестирањето од најавениот скрининг за училишни деца. Со тестирањето ќе бидат опфатени 1.800-2.000 деца од целата држава, а се планира да почне следната недела. Целиот процес Комисијата очекува да заврши за една недела.

    ©Makfax.com.mk
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    88.546
    Пол:
    Женски
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.375
    Не е.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.