Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.125
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.794
    Јас не познавам сиромашен доктор.
    Сестрите, да, се неплатени, ама матичните не баш. Ама еве велат минималец.
    Штотуку завршени, се вработубаат како општи лекари за плата од 500 евра во просек.
    Дефицитарни се, не познавам невработен кој завршил медицина и е под 30 000 ден. Зборувам за внатрешноста.
     
    На LejlaD и fana им се допаѓа ова.
  3. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207
    Точно е дека многу луѓе за жал починале од корона, но исто точно е и тоа дека и премногу луѓе починале поради позитивен тест и неукажана лекарска помош за друга болест што воопшто не е поврзана со короната, лично јас познавав два такви случаеви, жена со скршен колк која што хитно требаше да отиде на операција и пред прием и правеа тест за корона ( немаше никакви симтоми ) но испадна позитивен тест и не ја оперираа одложија прво ја "лекуваа" од корона. Исто, повозрасна жена и беше одложувана операција за срцето со месеци која би требало да биде хитна, почина од срцето, немаше симтоми на корона, посмртно и направија тест и на крај дури и ја заведоа како почината од корона.
    Лично ги познавав, и фамилиите на жените ми раскажуваа, а исто така имам слушнато и за многу, многу други слични случаеви каде не им се придружила лекарска помош ради корона пандемијата, само што нив не ги познавам лично и не знам колку се точни, но верувам дека така било.


    Од цел свет скоро најголема смртност има кај нас, меѓу првите 10 места сме. Не е само до нашето "запоставено здравје", најлесно е така да се обвинат луѓето, сигурно Петличковски нема да го обвини здравството, напротив мислам дека тука влијаат премногу фактори, како и меѓу нив запоставеното здравје и слабиот имунитет на луѓето, но и ради многу неспособност на докторите и персоналот ( секоја чест на исклучоците ), лошите протоколи за лечење, општо системот, па и тоа што и луѓето заболени од рак на пример ги заведуваат како починати од корона, или починати во сообраќајки доколку биле заведени во системот како позитивни на корона, тоа дури и Филипче го имаше кажано/признаено дека се заведуваат буквално некогаш и такви луѓе.
     
    На Grimlinko, AndyRad и темјанушка им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.561
    Пол:
    Женски
    А ти мислиш многу им се 500 евра како почетници?
    Едвај 500 евра плата им останува на тие кои имаат 2000 пациенти (мислам толкав беше максималниот лимит) Едно евро капитација земаат од државата за секој пациент. Тоа се 2000 евра, така. Сестра 300 - 400 евра плус придонеси до 600 стасува сигурно. Кирија исто 300 минимум, кај се трошоци, за на крај да земе 500 евра плата чиста. Ако и успее толку да земе? А зборувам за доктор кој има максимален број пациенти. Многумина немаат. Тие што да прават?
     
    На Te@ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.794
    Па во Македонија почетна плата за доктор без еден ден искуство 500 евра, не е малку.
    Значи зборуваме за стандард и плати кај нас, а не колку ние сметаме.
    Економисти, правници, инжинери зимаат и под 15 000.
    Сори, ама и ова се професии.
    Сестрите се најпотценети со плати.
    Специјалистите не се платени.
    Ама еве еден матичен не крпи верувај. Барем јас таков не познавам.
    Во мал град имаат прилично добра заработувачка. Се гледа по нивниот стил на живеење.
     
    На LejlaD, christinnn и fana им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.561
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам.
    Докторите мора и треба да бидат платени :!:
    А за матичните... ете ти ја погоре математиката. Како тие кои немаат 2000 пациенти стасуваат до фамозните и „пожелните„ 500 евра?
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.794
    Јас коментирам она што го гледам и знам.
    Да треба да се платени, ама треба и да работат како што треба.
    Треба општо да се кренат платите кај нас. Не само за докторите.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.125
    Постоеле 1500 матични доктори. Ми се виде малку, ама за секој да има 2000 пациенти, треба 3 милиони жители. А жители толку нема, нели. Еве и мене уште да ме бројат како пациент, пак нема.
    Има некоја посебна минимална плата за доктор, или кога велат минимална мислат на таа која треба да биде 18.000?:?:
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.663
    Допаѓања:
    39.555
    Пол:
    Женски
    А што, да не не е точно? Живееме во најзагадени градови во светот, сиромашен народ - нездрава исхрана, многу кардиоваскуларни болести, многу стрес и хронични болести, многу нелечени здравствени проблеми....каков квалитет на живот има просечното население?
    Знам, свесна сум и за тоа.Воопшто не негирам дека постојат и такви случаи.
     
    На green.eyes, Ahoy и Annath им се допаѓа ова.
  10. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    Има и тоа голем удел во смртноста што природниот имунитет ни е на слабо ниво, за тоа потполно со во право, загаден воздух, нездрава исхрана, водење нездрав живот итн. Но сепак мислам дека високата смртност во голема мера се должи и на нестручниот кадар, не само што не се стручни туку не им се ни работи, слабо се платени а башка учени се да дремат по канцеларии да се слободни и сега им дојде многу работа, системот е прелош, не знам дали е исто во сите градови, во помалите градови со саати треба да чекаш по шалтери и болници за крвна слика или ренген снимка, болен да ти се влоши состојбата да не можиш на ноѕе да стоиш а да треба да чекаш таму цел ден, за да се тестираш дали си позитивен треба да чекаш слободен термин по неколку денови доколку немаш пари за на приватно а во меѓувреме може да се влошува состојбата а лекарска помош не добиваш, едно време речиси сите одделенија освен ковид центрите не работеа недај боже да имаш мака од нешто друго така ги оставаа луѓето, дедо ми со ужасни болки во бубрезите, се влечкаше по земја од болки, крв во мокрача и не го примаа во урологија работеле само со хитни случаеви а што похитно од тоа не ни го прегледаа па да видат дали е хитно или не, сега малку подобрено е тоа колку толку работат и другите одделенија, значи и здравството ни е на најдолно ниво, катастрофа. Тие што лежат на болница ниту храна добиваат, ниту вода како што треба, им бапкаат кислород и со саати никој не ги проверува а и за тоа треба да се знае и колкава доза да се даде и колку време, не е туку така, кој имал близок што лежел во болница знае за што зборувам. Да имавме подобро здравство немаше да има толкава смртност, и во други балкански земји има исто доста загаден воздух, нездрав начин на живот, па не се со толкава смртност како кај нас.
     
    На Grimlinko, AndyRad, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    За жал во светот стануваат доктори за да помагаат, а кај нас заради его (оти бил од докторска фамилија пример). Его огромно, ретко одат по семинари, докфалификации и сл. Застанати во времето, и желба да прошетаат со бел мантил низ ходникот со крената глава, надмено без да те опулат. Какво понашање имаат по болницине, ретко да најдеш некој што нема да те испули накриво оти си отишол на преглед, ко дома да си им отишол. Не се осеќам пријатно тАму, како да сум отишла некому да му го реметам раатот. Ама не се криви тие, крив е системот што го дозволува тоа, така е од секогаш и никој не се потрудил да го смени тоа.
     
    На AndyRad, mareane, темјанушка и 7 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.561
    Пол:
    Женски
    Во најмала рака понижувачки е од доктор да даде ваква изјава во која ги обвинува самите жртви за сопствената смрт, а не никаквото здравство, полуписмени немотивирани здравствени работници, давање антибиотици и кога треба и кога не треба, исто и кислород кај што треба и кај што не треба од нестручни лица!!! Условите во болнициве ич да не ги спомнувам. Не, тешко е да се признае сопствената вина и удел во трагедијава :^) најлесно е вината да се префрли кај мртвите, пошо они не може да се бранат, и да си се потапшаат по рамото колку се они одговорни, ама луѓево стоки, си го запоставиле здравјето :x

    И за крај... најголема трагедија е што скоро половина од хоспитализаициите завршиле со смрт? Ако е точна информацијава, тоа никако не се должи на негрижа за здравјето на граѓаниве, туку вината е во медицински персонал и здравствен систем.
     
    На Grungie, темјанушка, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    4.318
    Пол:
    Женски
    Голема смртност е поради тоа што лечат само корона, а не проверуваат лекарствата што им ги дават на пациентите дали имаат контраиндикации.
    Лечат само со крвна слика дидимери - тоа е најбитно и да видат вели дробови како се.

    Што се случи кај татко ми со два стента и шеќер( шекераш е ама со апчиња) позитивен нормално дидимери високи, го боцкат со клексан и разни чуда - оди на дневна кај матичниот.
    Среќа има апаратче за шекер. Луѓе шекерот на нејадено 26 никако не може да го симне ама никако. По 2/3 дена му прекинаа боцкање поради шекерот, му дадоа апчиња и се среди.

    Е од вакви работи умираат луѓето. Дали мислите у цел овој хаос на некој ќе му текне останати болести да проверат , како нее. Сведоци сме дека жени/ мајки беа низ болниците да ги гледат своите. Немаше кој чаша вода да им даде, а не шекер да проверат.
     
    На темјанушка, LejlaD и Te@ им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Запоставено здравје жими газот. Никако и никако да се нема образ да се потисне напумпаното его и да се признае дека они потфрлиле најмногу. Впери го прстот во другиот и завршена работа.
    А фактите зборуваат друго, дека и после скоро три години во пандемија, сè уште има матични лекари кои бегаат од позитивни, не ги примаат во ординација и даваат терапија по телефон на жими мајка. Да се деси нешто, ќе си креваат раменици, ќе се тешиме оти господ така сакал и тоа е. Страшно.
     
    На Grungie, mareane, темјанушка и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.663
    Допаѓања:
    39.555
    Пол:
    Женски
    Јас едно ти пишувам, ти пак истото го повторувш.
    Ај пак - не можеш да ги негираш сите фактори кои ги напишав, бидејќи да, имаат огромен, ако не и најголем удел во смртноста. Не може нездрава нација каде што пола население преживува месец за месец да биде нација каде што луѓето магично ќе се опоравуваат. Докторите не се богови, што очекувате, да оживуваат луѓе?
    Комплексна е темава, ама еве може и во две реченици да се сумира. Таквата изјава не е обвинување на мртвите како што ти си пишуваш туку реалност и факти.

    И те молам какви ти се овие обвиненија дека сите медицински лица се нестручни? Срамота е да го ставаш цел здравствен кадар во ист ќош, има многу квалитетни лица кои не заслужуваат вака да бидат обележувани.Да, има онакви кои се тотално непрофесионални и се согласувам дека треба да има поголема контрола и да бидат казнети.Ама со твоиве генерализации никако не можам да се согласам.

    Нормално, најлесно е од дома да си седиш и да си кажуваш, па уште ти повеќе од нив знаеш колку кислород требало да им дадат на пациентите.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.835
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 факт е дека живееме во нездрава средина и не пазиме на здравјето како народ, ама не е тоа главна причина за високата смртност.
    Последниве месеци сѐ повеќе сум уверена дека луѓето во болница умираат од негрижа. Персоналот е тој што е, најчесто недоволен, секој доктор, секоја сестра тера по свое, ги негира советите од други лекари, суетата е на највисоко ниво. Не слушаат туѓи искуства и совети, тераат по свое, а пациентите се жртви на крајот. Нема стандардизирани протоколи за лекување. Ако сме реални, медицинското образование не е она што беше, години наназад. А матичните лекари, чест на исклучоците, се повеќето за срам, лечат по телефон, и превентивно лупаат антибиотици. И тоа има удел во смртноста. За жал, оди на полошо. Секоја чест на исклучоците кои се малку, ама ги има.
     
    На No Makeup, Grungie, MarijaMi90 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Bellis

    Bellis Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае за влез во Бугарија дали е потребен PCR тест или може и со брз антиген?
    Исто дали за влез потоа кај нас е потребен тест или доволен е само сертификатот за вакцина?
     
  18. Te@

    Te@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    207

    Не дај боже ти или твој близок да треба да одите да ве лекуваат од ковид на болница, па ќе ја видевте тогаш "стручноста" на кадарот, и нивната "грижа". Реков и вчера, секоја чест на исклучоците, но навистина се многу, многу ретки. Навистина на најдолно можно ниво ни е здравството. Зошто истата таа нездрава нација кога ќе отиде на приватно добива скроз различен третман, различни терапии и полесно и побрзо се излекуваат ? Не знам дали си слушнала на пример колку во Жан Митрев драстично поразлично лекуваат отколку на државна, во смисла различни терапии, различен пристап на лекување. Само што за жал не можат да си дозволат луѓето да одат на тие приватни клиники. Починати во приватни клиники речиси и да нема, процентот е многу мал, а процентот на починати од државните болници е огромен. Болен човек што лежи во болница му треба храна, му треба вода, му треба грижа, во државната кај нас буквално не добиваат ништо од тоа, со саати оставени жедни, гладни, изнемоштени, се молат за помош, жално, ужасно нешто не знам ни како им носи душата на сестрите и докторите така да ги оставаат, и нормално кога се така оставени дека болеста ќе им се влошува и ќе заврши со фатален исход. Пиша и некоја членка и како воопшто не прашуваат и не проверуваат дали имаат и други болести пацинтите, воопшто не добиваат соодветна терапија. Единствено во Скопје за нијанса мислам дека е подобро, бидејќи од Прилеп и Битола луѓе што биле пред умирање и ги пратиле таму ми кажуваат колку има ОГРОМНА разлика.
     
    На LejlaD, темјанушка, AndyRad и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261