Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    И што ако? За 2 3 дена поминува како настинка. Ништо сериозно не е за да драмите вака.

    Не сте нормални. Последниве месеци е обична настинка. Помина времето на корона и смртоносен вирус, вратете се во нормала и не замарајте со апокалиптични сценарија.
     
    На Принцезичка1, christinnn, Ouravanture и 2 други им се допаѓа ова.
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    Не би требало да има затварања од септември бидејќи до сега се манифестира со полесна клиничка слика за разлика од претходно и бројот на хоспитализации не е зголемен.
    За немање совест, како да кажам ама 2 и пол години поминаа и почнува да се претвора во ендемски вид и нешто што ќе си постои исто како грипот (кој изгледа малкумина знаат дека е страшен, затоа и за него има вакцини од одамна). Така да, она немање совест веќе не важи. Исповакцинирани, прележани неколку пати и пак да носат маски? Ај ако не да ставиме полициски и да не го тргаме никако зошто некој се плаши...
    Помина времето кога беше за плашење. Сега веќе треба повторно да почнеме да си го враќаме изгубениот генерален имунитет кој го имавме пред пандемијата, а хроничните болни треба дупло да поработат на тоа поле. Е сега тоа што фармацевтските компании молзат колку што можат и владиве не слушаат доктори и епидемиолози туку се водени од политика е нешто што би можело да доведе до повторни рестрикции кои ако ги воведат, ќе биде многу идиотски бидејќи цело лето било распашана команда и одеднаш као „еј ај доста ви беше, малку да ве впрегнеме“.
     
    На deniz333, BlackNight, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    После ќе се жалат на инфлација, поскапувања, луѓе работни места ќе губат од вакви паничари и хипохондрици. Ако им се живее со маска цел живот нека шетаат така, само нека не замараат други луѓе веќе.
     
    На christinnn, Ouravanture и Dandra им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.131
    Пол:
    Женски
    Тоа што повеќето се со полесна клиничка слика не го прави обична настинка.Не е обична настинка.
    Ако Станка поминала лесно не значи дека и Петранка ќе помине лесно.Немаме сите ист имунитет.
    И никој нема право да заразува други.И треба да биде спречен да го шири вирусот.
     
    На LejlaD, Cosmic Girl, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.945

    И јас така велев ко тебе.

    Еве ме денеска 6 ден по ред, пак се тестирав, уште сум позитивна, скапана работа , оваа "настинкава" сакала да поседе уште малку. Мора да се седи дома за да не го ширам вирусов.

    И тука растат бројките, јако ќе биде во септември , ќе идеме на 4 доза боцкање.
     
    На LejlaD, Cosmic Girl, PaLaVa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Немам ни прва доза, за да ставам 4 доза.

    Не ми е ни гајле за корона, ни надвор од форумов некој ја спомнува, чудно ми дојде кога видов тука дека пишувате уште. Живејте си во страв што да кажам, за другите животот си продолжува и мерки веќе нема да има. Завршена приказна е тоа. Ако се плашете седете затворени и тоа е решението, друго нема. Или психолог да си посетите за стравот зошто не ви е нормален. Цел свет си живее нормално последнава година, ваква паника не ви е нормална.
     
    На christinnn, Ouravanture и marlonbrando69 им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.131
    Пол:
    Женски
    Не е паника.Предупредување за претпазливост е.Слично ко што велат од КЗБ.
    Ти не си КЗБ.Тие ќе одлучат дали и кога ќе има мерки(кажаа дека на состанок ќе дискутираат за тоа).
     
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.945

    Леле иста си ко мене, јас така на @JuLleE и велев тука на форумот да не шири паника, се сеќавам баш тој период кога пишуваше на темата.

    Верувај не ми е страв мене од Корончево , ама шо да правиш ко ти идат дома да проверат дали си дома или надвор го шириш вирусот ?

    Така ни е кажано, моментот ко се тестираш , одма ги информираат во здравство и секаде компјутерски се пратени твои информации и ко ќе речат КАРАНТИН, мора да седам.

    Јас дури и не верував на првиот тест, уште на 2 други места се тестирав и секаде позитивна.

    Сите мубети водат до тоа дека вирусот е уште присутен
     
    На LejlaD, JuLleE, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа девојче. Прошетај малку надвор од форумот и види како нормалниот свет живее, дали корона уште некој спомнува. Поздрав, одам меѓу луѓе, немам време за песимистички дискусии и вакви чудни сценарија без крајна поента.
     
    На christinnn и Ouravanture им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.553
    Пол:
    Женски
    @Snowflake99 не паничам не барам затварања ама една совест да се има не е на одмет. Ако осеќаш симптоми, не оди во народ или ако мораш стави маска. Не е крај на свет. И грип да си болен па не е во ред да го шириш. А тоа дека е ослабен е , ама последиците ќе ги видиме накнадно..
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Ти доагаат стварно дома за проверка? Сите што ги знам што беа позитивни рекоа дека ниту еднаш не им дошле или поле медец дена кога ќе им заврши и изолацијата. Не знам сега како е
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.131
    Пол:
    Женски
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Ма какви маски пак? Опасен беше на почетокот, со тешка клиничка слика и со смртни случаи, новиве мутации се ништо. Бројкиве се чиста манипулација, не верувам дека има некаква закана за нов бран.
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.945
    Доаѓат оти секој ден тука растат бројките па се спремаат за у септември за нови мерки.

    Да бидам искрена, од ко е почната пандемијата до ден денес сме уште со маски во затворен простор.

    Не само во превозните средства, туку и во ДМ маркетко одеме и таму со маски, во маркети за јадење, по аптеки, во Кино, а посебно потенцирам во државните установи, таму МОРА маска.

    Така да, секојдневие ми е станато со маска, не се знае колку маски сме купиле до сега.

    Вчера купив брз тест, после ќе се тестирам, ми скисна дома со Карантинов скапан.

    Немам ништо против носење маски оти тоа ми помага да не ме болат синусите, ама ова веќе не се доседува по дома....скиснав :envy:
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Не постои тест што детектира корона.
    Затоа и Џонсон си даде оставка. Доза немам примано ниту една , ниту децата. Тој што носи маска во моја близина му кажувам или да ја извади или да си оди. Нит сум носел маска, нит ќе носам, ниту моите деца.
    Ќе јадам бан за ова, знам.
     
    На Ouravanture му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Во маркетот кај што пазарувам, маска не ми бараат. Во КАМ ми побараа еднаш, и таа што ми побара ја прашав зошто и е носот надвор од маската? и како на сликата на отварање на Кам маркет во Битола на сликата никој нема маска во ек на пандемија?
    И нема одговор, ќути. Ја оставив корпата и си заминав.
    Исто и во приватна клиника ми се развика една медицинска сестра како тоа без маска си влезен? Неоговорен незнам што дрн дрн. И реков Вие носете си, за мене јас одговарам. Ги почекав резултатите, излегов и не се вратив таму. Во приватни лабаратории ниту еднаш не ми побараа маска.
    Не прајте филмови да го плашите народот.
    Сега е на ред недостиг на храна, почнаа говеда да умираат во Хрватска, од необјаснати причини.
    Ако не се свестиме на време, ќе не врзат.
    Колку за инфо, во Франција и Малта ги укинаа ковид пропусниците, а тука сител вика иде ковид.
    Ако седам дома затворен, на моите деца нема Бил Гејтс да им донесе храна, или Венко Филипче.
    Еднаш ме пријавија за контакт со позитивен, ми стигна одлука 10 дена дома да седам. Секој ден се пријавував на 192 дека идам во болница да проверам сатурација и крв, ама не одев, одев да работам, и во маркет одев, и во цвеќара и така натаму
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Епа добро тоа ме интересираше, ако нејќеш маски си одиш ти, не си одат сите други ко што си пишал првично.
     
  18. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Тоа за во маркет, а за на улица, кај фризер мислев
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.475
    Допаѓања:
    251.059
    Со лесно да мине.
    Јас не ширев паника, туку некој ја минува лесно, некој не.

    Тука има доста заразени, бројот расте, ама Премиерот, не знам дали е пародија на Тикток или вистина, вели дека има два природни лека за корона, и тоа море и сонце, витамин Д.
    Не верувам дека ќе има затварање, лани немаше, не пак сега.
    Во Италија луѓето самоиницијативно си ставаат маски. Некни бев, и да, доста од нив си беа со маски.
    И овде има што носат, поретко ама ставаат.
     
    На mal.ecka и Herrera им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Не сте сериозни со враќањево на маскиве?? Пак ќе се враќаме на истото, некаде маски ќе се носат, а по кафичите, рестораните, дискотеките, концерти без маски, која ви е логикава стварно не знам. Може да си носите ако сакате никој не ви брани ама повторно да бидат задолжителни големо НЕ. Вирусот станува ендемски, сега се шири многу побрзо, инкубацијата му е пократка, клиничката слика му е со општи симптоми, ретко кој развива пневмонија. Вирусот ќе се шири и не постои нешто што може да го сопре.
     
    На sj *O*, BlackNight, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.