Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.945

    Фала Јуле :hug:

    Шо викаат трпение спасение , 100 пати изгигравме со маж ми не лути се човече, веќе и со затворени очи ја играме :D

    А за море и сонце, лелее да ти кажам искрено ич не можам да трпам жешко, на млади години не ми сметаше, ама сега не го можам топлото ич.

    За мене само снег ако има негде.


    Туку мене како ми тргна, уште од Мај месец ко ме фати алергија на полен , цело лето ми се собра и со коронава.

    Ај ќе се стрпеме оти нема смисла да го ширам, доволно е да влезам у автобус да се искивам и толку е, ќе се заразат.

    Затоа дома си седам.
     
    На Arjanit2021, mal.ecka и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Па сега е обична настинка.
    Почнале да шмркаат, кренале температура 37.5 и одма коси корнат, па трчај тестирај се и паѓај во трансови.

    Дека порано не сме настинувале, не се случувало да крениме температура или да кашламе.(facepalm)
     
    На BlackNight и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  3. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Како стари баби пред чешма седнати се. Колнат и негатива шират. Луѓе без работа. Можеби па ваквите и сакаат карантини и полициски часови зошто животот им е таков, затворени дома и без интеракција со луѓе.
    Нормален човек за маски и полициски часови веќе не сака да слушне. Не можеме животот да го пропуштиме зошто се паничари некои.
     
    На BlackNight и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Моментално иде на МРТ 1 и во живо на youtube, нова сторија "Нечиста крв"

    За методите на лечење на Жан Митрев
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Јас фатив од најмалото. Него 4 пати го тестиравме, плус во ковид центар за брзи тестови, негативна.
    Уствари и јас дома икс пати бев негативна на брзите, ама кога до онесвестување стасав, на итната го брцнаа тоа стапчето мислам до мозок, и оп, за неколку секунди позитивна.
    После го однесовме најмалото на пцр, и тогаш дури покажа позитивна, ама со вредност кога веќе не е заразна и би можела уствари и да испадне од карантин.
    Така да…колку пати до сега сме прележале, а тестовите негативни покажале, или додека сме дошле до термин за пцр можеби и сме оздравеле…е голем прашалник.
    Кај нас најмалото 4-5дена изгори од тт, другите две 1-2 дена кашлица. Цела градинка беше жариште ама спрема тоа колку соработуваат децата на брзите тестови и дека воопшто не добиваа повеќето термини за пцр, само неколку беа официјално позитивни а другите си ширеа и понатаму корона.
    За другите две не ми дадоа термин, ми рекоа како грип било, да седеле дома 5 дена и по потреба парацетамол.
    Од ффп2 се гушам, ама во гужви носам медицинска и сеуште шетам со дезинфекционо.
     
    На mal.ecka, nena2010, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Nekoja bremena da spodelime mislenja za korona? Se nemam testirano uste ama od zavcera kivnam mnoguu deneska eve site koski me bolat i pocnav treska da imam. A sum 38 nedela :(
     
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.674
    Пол:
    Женски
    Сосема се слагам со тебе.

    Се работи за здраствена култура а не за паничење.
    Мислам дека ако после ова не ја стекнавме, џабе е се друго.

    Ако си болен, седи си дома лечи се. Не туку се пикај во луѓе.
    Не е само ковид, и други болести на постар и послаб ќе му бидат фатални.
    Дедо ми почина „само“ од грип пред години.
    Од еден роднина поднастинат, една домашна прослава, цела фамилија легнавме болни. Најстариот од нас, не се опорави, почина.
    Јас тогаш првпат (и последен пат) искусив халуцинации од превисока температура.
     
    На peperutce94, Annath, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    1.980
    Колку дена е моментално карантинот за заболени од ковид?
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.553
    Пол:
    Женски
    Земи еден тест од патека 200 денари се види што ти е.
     
  10. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1658144329769.jpg

    Уште ли ќе се тестирате?
    Ако да, купете тест од Зегин, каде се е препакувано и лечете се кај Жан Митрев
     
  11. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Ништо не ти е, прелада, промена на време, бебчето е големо, имунитетот твој го штити плодот, затоа си така. Земај само витамини и цедени сокови, не земај лекови.
     
    На Joraa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Како дијагностицираш и тресеш од ракав дека ништо не и е?!
    Си има матичен лекар, тој ќе и каже што треба, а не ти. Јасно?
     
    На peperutce94, BlackNight, Billy Idol и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Da vcera i deneska se napiv po edej vitamin c i d i deneska podobro mi e , fala ti
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.674
    Пол:
    Женски
    Јас па имам баш обратно искуство од овие погоре напишани, дека никој околку нив не спомнува корона и си живеат нормално. Само на форумов дека се пишува.

    Кај мене е обратно- јас сум лабава, а сите околу мене носат маски.
    Не знам кој каде живее, ама во Скопје последниве две недели се почесто гледам луѓе со маски и тоа и во затворени простории и на отворено.
     
    На marlonbrando69 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    16.392
    Пол:
    Женски
    7 дена
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    16.392
    Пол:
    Женски
    Тие што прават самите тестови излегуваат негативни, не знам дали е причината тоа што несоодветно се зема примерок или пак не го детектира новит сој. Најдобро е со PSR во помалите градови има термини одма тестираат, за во Скопје не знам како е.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.674
    Пол:
    Женски
    Матичната викаше најсигурно е ПЦР а домашен тест да излезе позитивен многу е битно да се фати „прозорецот“, односно битна е временската рамка во кој го земаш тестот.
    Ако го земеш прерано или предоцна може да даде лажно негативен.

    Според неа најдобро е да се направи домашен тест околу 3 ден после појавата на првите симптоми, а не одма истиот ден.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Не тресам од ракав. Жена ми кога беше бремена, истото и го кажа матичната, јас само и го пренесов на членката. Види дека пишала дека и е подобро.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.553
    Пол:
    Женски
    Се пика убаво длабоко во носот, со глава наведната наназад. Се пика додека може да се издржи. т.е додека не засолзат очи.Прво се зема брис од грлото, 4 пати од секој крајник убаво да се опфати па во нос 10 вртења во една ноздра и 10 вртења во друга. Не може да дадат лажно негативни ако се правилно земени.
     
  20. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Каков тест не шири дезинформации.
    Знаеш ли длабоко во носот на кое ткиво ја тераш да го пика тестот?