Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Зошто испитуваш сега ддимери? Имаш болка во нозете, оток?

    Овој вид на корона е по агресивна, пиј витамин Ц сабајле, цинк таблети или прашак (директ) пред ручек јас повеќе прашакот го преферирам поради побрзата апсорпција и биорасположливост во телото.
    Витамин Д од 2000IE после ручек, и многу течности. За болката во грло би ти препорачала лизобакт дуо пастили кои се наменети за заштита и побрзо закрепнување на слузницата во устата и грлото додека другите како септолете и сл повеќе ќе ти ја надразнат. Лизозимот активната супстанца е добар антисептик.

    Обавезно 2ч пред или после амоксиклавот (во зависност како ти е тебе полесно) треба да земеш пробиотик. ( некој што веќе го имаш користено и ти одговара linex forte, proven, esenbak, waya, prolife)
    Пробиотикот е многу важен за да не дојде до дигестивни тегоби, тој потпомага полесно да се свари храната и го зајакнува имунитетот. Можеш и плус да внесуваш пробиотици преку јогурт и кисело млеко.

    За болките во тело и глава, јас земам рапидол С (акт супстанца - ибупрофен) бидејќи и ја сум во моментов со истиов вирус за жал само ова ми помага бидејќи кај мене освен што ме боли секој дел од телото додатно имам температура и треска, па рапидолот е со намена за третман и при на настинки, грип и намалување на температура.

    Побрзо да оздравиш :hug:
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На manako1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Фала и ти исто
    За утре ми закажа крвна слика и рече ддимери, незнам што ќе покаже кога пијам антибиотик. Отоци немам ама вчера имав ненормални болки во коски. Денес и за болки ме боцнаа. Температура од 37,5 повеќе не качив. Ми мереше и притисок и тој ми е нормален. Пијам витамин д редовно ионака ми беше под граница, ц исто во прашак, цинк со селен. Провен пробиотик. Лимон цеден и вода многу пијам, сокови никакви ионака не пијам. Е неможам ништо да јадам, ни мирис ни вкус буквално на ништо. Денес само малку руска салата ама туршија. А грлото повеќе не ме боли. Ако зборувам повеќе време само се закашлувам. Ибупрофен ми даде за болки. Се водел како респираторен вирус, а е корона. Не се тестирале и упорно се шири. Маски ниту носат, а болници и аптеки преполни.
     
    Последна измена: 4 јануари 2024
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    2.578
    Пол:
    Женски
    Има ли спас од коронава?
    Прв ден ужасна главоболка, грозница, па топло-ладно.
    4ти ден како се убивам од кашлаље, градиве ме болат веќе.
     
    На Melissa_39 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Пак ли зема замав? Со истите тие грозни симптоми на болки и губење мирис и вкус? :?:
     
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.352
    Допаѓања:
    20.324
    Корона секако има ама не во епидемиски размери.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Да, но мислев дека сега веќе е со лесни симптоми, а читам овде пак како на почетокот што беше.
     
  7. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Кашлањето се смирува со таблети за алергија ( пр. лоратадин, рупафин малце појаки од лоратадинот ) навечер пред спиење, и серапептазе 1 таблета сабајле на гладно.
    Алпенкрафт сируп доста ефикасен, и секако најважно е чист воздух и редовно проветрување ама за жал нашава државичка е на 1во место во светот по загаденост ;(
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не настинувам и ми се виде многу страшно. А трпам многу болки, поминав две миомектомии, инвитра, царски по не бе болело од ова. Грлото побргу ми помина, ама болки во коски да неможам да мрднам. А мирис, вкус на ништо цела недела.
     
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.041
    Допаѓања:
    21.672
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е ковид, после ќе одам на др, од завчера вечер, прво сува кашлица па качив 37,7
    Ноќта 39. Не се спушта под 37,7
    Кашлицата развлажни.
    Денес тек 37,4.
    Никако не иде пониско.
    Болки денес немам.
    А и реално улежана сум.
    Кашлам повеќе од месец но ќе се раклашлам, ќе протече нос па кашлица намалува.
    Од петокот не сум на работа, не знам кај имам закачено.(немав контакт со никој петокот).
    Вкус и мирис а и апетит си имам.
    Не знам што е, ама е страшен вирус.
    Секрет бел, од нос проѕирен.
    Некој со искуство?
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.988
    Пол:
    Женски
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    мирис и вкус се губело секогаш кога си настинат или со грип. Барем кај мене секогаш било нос затнат мирис минимално. Во короната веќе беше јак степен. Ама сега мислам дека е доста ослабнат вирусот.
     
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    12.972
    Пол:
    Женски
    Друго чувство, скроз поразлично беше тоа со мирисот поради Короната.
    Такво нешо првпат тогаш осетив.
    И не, не ми беше мене ко затнат туку едноставно само ко да не работеја сетилата за мирис и вкус.
    Чудно чувство како и да е.
    Добро што за брзо време ми се врати.
     
    На Cka, marchi-cool, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    и јас кога ја прележав исто чуство имав. Ама сега е вистусот поослабен така да не верувам дека ќе даде исти такви симптоми
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    На обичен тест од аптека излегов негативна, а се тестирав бидејќи го изгубив чувството за мирис, но ми се поврати после 2 дена. Досега така не сум била болна ниту од грип ниту од корона.
     
  15. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас се разболев пред Нова година, во саботата на 30ти, прв симптом ми беше сабајлето ужасна болка во грлото и гребење, не можев да зборам дури, утредента на 31, качив температура 37,3 и имав болки во цело тело, едвај се движев, ме тресеше треска, и бев за никаде. Веќе третиот ден односно на 1ви јануари изгубив и вкус и мирис, температурата највисока стигна до 37,8 и 4 дена вкупно имав температура потоа спадна со ибупрофен зошо имав ненормални болки у цело тело, а навечер кашлав и главата толку ме болеше што нитуеден аналгетик не ми помогна целосно.
    Вкусот и мирисот ми се врати после 5 дена.
    Оздравена сум сега, ама уште се осеќам без сила и енергија, и кичмата многу ме боли што досега никогаш не сум имала проблем со кичмата.
     
  16. Ivauva

    Ivauva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Корона.... сите сме катастрофа, а тек децава кога ќе тргнат во школо.... има ли некои најавени мерки, кажаа нешто? не сум слушала вести скоро
     
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.988
    Пол:
    Женски
    Само препорачливи.
    Да се носат маски во здравствените установи и старечките домови.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.