Сега ќе биде интересно ако сопатниците не сакаат да бидат најдени и тестирани. Па ќе биде мене ништо не ми е, јас си имам работа, децата кој ќе ми ги чува, абе каков карантин 2 недели си имам попаметна работа... Мислам дека повеќето усвет ќе фатат, ќе се вратат ако треба назад во Италија и ќе се лечат со ж,та и шопска. Менталитет бе.
Мене само ме интересира какви луѓе се тие што доаѓаат од земја каде веќе е присутен вирусот ( италија) во македонија со цел да се заштитат без ни малку одговорност дека можеби го носат со себе вирусот
Не е работата до пазарење. Вработени се и секако имаат контакт со луѓе. Во аптеките денес барам маски и ме гледаат како којзнае што да сум побарарала. На сите телевизии кажуваат како се спремни. Каде е таа спремност кога основни средства за заштита нема.
Недај боже овде да се пришири, така еболата кога беше во "тренд" од 30 000 болни умреле 12 илјади пишува на векипедија а исти симптоми се и кај ебола и кај свински грип и овој сега. Јас мислам дека е ова масло на фармацијата, за профит на вакцините и лековите
Не се јасни овие "превентивни" мерки на северџаниве. Што семка ќе бевме мајку му... Сериозно десет пакетчиња макарони, зејтини и туни мислите дека ќе бидат трајно решение за проблемот? А на работа како ќе одите, и со странски клиенти како би имале директен контакт? Ајде ако не подрумите и бункерите да ги опремиме, па да седиме во темнина две години дур не се осигураме дека во потполност сме заштитени. Сериозно, имате ресурси за такво нешто? Калакурница.
Не сме нормални ко народ, ја да ти кажам. Не дека не знаеше.. Секоја година има по еден ваков вирус..и обичниот грип има смртност. А сега биди фраер и пазари норнално од ваквите
Ме ставаш во мисла сега. Да одам до кам маркет, на пат сум? Што ме чека таму, сериозно прашувам, без шега.
Колку повеќе читате и пишувате за тоа, толку повеќе страв ќе ви биде. Ојте гледајте некој филм. Излезете на кафе. Опијте се. Изе*ете се... Место да мислите на глупости.
Во Веро бев сега. Многу повеќе гужва од вообичаено ми се виде. 10 каси фул колички. Јајца зејтини брашно. Може потсвесно ми е. Не знам. Затоа прашав
А што ако еба*от бил на шопинг у Милано? Ако нема место у кафич почни да збориш италијански и сите ќе се разбегаат, ќе се ослободи маса одма
Јас од тераса баш видов на неколку пати од Кам како влечкаат кеси, си викам да отидам и видам празни рафтови...