Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.727
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам за респираторите.
    Сега вкупно во земјава има околу 200? Со приватниве, така?
    Плус 100 нарачани?
    Тие 200 од Кина нели беа сигурна донација во текот на неделава? Сега читам кон крајот на неделава ќе се знае дали ќе ни дадат?

    Бројов со респираторни машини многу ме загрижува, а никако не можам да разберам колку точно има во моментов и кој е максималниот број кој можеме да го добиеме во случај (недај боже) драстично да ескалира состојбава?
     
    На BloodElf, cresa-jagoda, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.968
    Допаѓања:
    34.602
    Пол:
    Женски
    Фб страната
     

    Прикачени фајлови:

    На emiliana и smile:) им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467

    A само можеше благовремено да се затворат границите за луѓе уште кога ги добивме првите девет случаи и ништо од ова немаше да се случи. Или бар ќе се минимализираше сразмерно идните ново заболени од Цаца и останатата скијачка фела. :)

    Сега нека ни е наздравје, и да, оптимизмот во вакви ситуации уште помалку помага, напротив штети бидејќи е лажен. Жал ми е, тоа е реалноста.
     
    На Nellie и emiliana им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    Не би требало драстично да ескалира ако луѓево конечно седнат дома ебаго.
    Сеа за сеа добро е успорено .
     
    На Purplelilac, Love 83, ph.orhideja и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Нигредо, за ова да се спречеше скроз, границите требало да се затворат уште пред месец дена.
     
    На Purplelilac, BloodElf, Nellie и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не мораше да се затворат пред месец дена. Доволно ќе беше да воведеа построга контрола и патниците од средно ризичните подрачја да ги превезуваат до изолираните села и касарни кои ги имаме на располагање (како сега). Немаше да завршиме со овие идни опасни бројки кои најверојатно ќе се движат над 10 000.
     
    На elenaxbbg и emiliana им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.727
    Пол:
    Женски
    Имате погрешна перцепција за зборот “затворање граници”. Граници се затвораат за странци (што кај нас е направено пред скоро една недела) За македонски државјани границите во никој случај не може да бидат затворени. Па не сме Северна Кореја, побогу.
    Да, треба/ше сите кои ќе влезат да имаат построга контрола. Да, на почетокот скоро и да немаше проверки, ама потоа заострија, иако уште не е доволно, според мене.

    Јас некаде читав дека откако се затворија сите граници и аеродром, сите македонски државјани кои ќе влезат ќе бидат однесени во карантин. Значи не самоизолација, туку задолжителен карантин. Не сум сигурна колку е ова точно.
    Ова требаше на почетокот да се направи, ама немаме ресурси за такво нешто, за жал. Ние немаме ресурси и да ги проверуваме редовно тие кои се влезени со потпишана изјава за самоизолација.
    Се остава на нивната свест и совест :(
     
    На Purplelilac, BloodElf, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz сите работат, ретко од дома што работиме сме дома. Ете еден во фирма да фати сите се во ризик.
     
  9. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    28.167
    Пол:
    Женски
    На располагање мислам дека имаат 150 со се тие од приватните клиники. Имаат порачано 50 и кажаа дека ушште толку ке се порачаат,а тие од Кина не е сигурно дали ке ни се одобрат се чека одговор мислам.Ако грешам нека ме поправи некој.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.727
    Пол:
    Женски
    Оптимист сум и јас, имавме благовремено донесено еден куп мерки, ама сепак сакам да знам со колку респираторни машини располагаме.
    Некако ми се нејасни информацииве и бројкиве, затоа прашав, ако некој има точна информација.
     
    На CameliaMiller, smile:) и LiliBoz им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    министерот за здравство, неврохирург, очекува 2000, а ти , форумџика во паника, 10 000 :) смири параноја.
     
    На Ivan4e04, Purplelilac, LivingGlam и 11 други им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    13.089
    Пол:
    Женски
    Прееска бев во продавница немаше нит ориз нит леќа нит грав.
    Јас не знам што ќе се јаде вака ако продолжат.
     
    На zhap4e, pdb123 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Прочитај ја статијата и ќе видиш зошто требало да се затворат пред месец дена. Стварно е многу едукативна, ќе станеш промотер откако ќе ја прочиташ :D

    Ние лабаво си шеткавме до пред нецели 7 дена, ни на крај памет не очекувавме вакво нешто. :(

    Не само ние, цела Европа зборувам.

    Види во САД што се случува, секаде е истото.

    Значи ова е невиден настан во човековата историја, светот не памти вакво нешто и затоа може само да земаме поука хронолошки гледано наназад од земји што веќе поминале низ тоа...

    Откако ќе заврши сето ова, гарантирам дека ќе има обуки како да се постапува со ваквите вируси во иднина. Пример, кога ќе се каже карантин - карантин, дека веднаш ќе се затвораат граници, можеби и обука на помал дел од население (нешто како прва помош) при вакви случаи, итн.
     
    На Ivan4e04, Purplelilac, BloodElf и 13 други им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    денес во маркет не ми изгледаше ко сите да работат. погоре кажаното највеќе зборам за пензионерите. насекаде се!
     
    На LejlaD и kristina.k им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.727
    Пол:
    Женски
    Вака некако и јас разбрав.
    А пред некој ден министеров викаше дека би имале околу 500 со донацијата од Кина. Некако сигурен беше, а сега одеднаш несигурна донација...
    Барем нека нарачаат нови, оти 300 се ептен малку.
     
    На BloodElf и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Во Тинекс секогаш има се. Зборам за изминативе денови.
     
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    13.089
    Пол:
    Женски
    Епа да.
    Ама нема Тинекс секаде.
     
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    60.953
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на место на луѓево на власт ќе напишам едно 20тина казни на тие што ги прекршиле меркиве и ќе ги споделам јавно. Кога веќе неќат со арно, со препораки, со милион едукативни постери и програми, дајте да ги зауздаме со казни.

    Овој народ ништо не го боли повеќе отколку да го удриш по џеб.
    Вака се опоменува, се караат јавно, ама нема реперкусии уште. Само по џеб. Нема поинаку како.
     
    На Ivan4e04, Amellie13, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.260
    Допаѓања:
    136.715
    Не е шпекулација, жива вистина. Ако кажам кој е, нема да купуваат од него, па јас ќе жу ја плаќам штетата.
    Не е од Велес. У Велес уште нема заразени.
     
    На SwanMay, FreeMind, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Само со затварање граници ништо немаше да се направи. Плус не е бе луѓе туку така тоа, како на игра, уште колку работи влече затварање граници во позадина што ние не можеме ни да ги замислиме. Видете за овие 200 цел конвој колку спремање треба, што ќе беше уште повеќе луѓе да беа затекнати надвор. Не знаеме од кои причини кој бил надвор, колку може да си дозволи да остане надвор, колку му е неопходно да се врати. Не ги правдам тие што навалија назад во Македонија ниту пак Цаца што шеташе низ Италија, ама не е црно-бело ситацијата. И за тие што дојдоа имаше/има решение. Личната одговорност игра многу поголема улога од затварање на граници, ене ви ги парот од Дебар како најдиректен пример.

    Цела Европа тек сега ги затвори гранците, и дури допрва ќе се почуствуваат последиците од тоа.

    Мала дигресија. Дали новинарине зимаат процент со секое поставено прашање зашто ко деца што сакаат учителката да ја импресионираат се пред Филипче?!
     
    На DAngel, BloodElf, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.