Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.728
    Пол:
    Женски
    Не би рекла... знаеш колку има што викаат подобро во карантин во МК, отколку тука (рандом европска држава, каде што според нив е бетер од тука)
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    253.377
    Забега малку со коментарите, и ја претера.
    Еве јас сум на државна работа, и пак одам повремено.
    Маж е приватен сектор со дијагноза, и оди на работа оти мора да се работи.
    Го прашаа сака да земе боледување или не, засега одлучи да оди оти така ќе земе поголема плата. Знаеш дека мора да плаќаме сметки и да јадеме.
    Освен образование, се друго работи од државно.

    За споредба, татко ми работи и тоа вози во најкритичните земји, брат ми оди на работа, зетовците работат. Единствено сестра ми е дома оти работи во Мекдоналдс и сега е затворен.
    Граници се уште делумно отворени.
    Школи од вчера не работат.

    Доста со експертските мислења, доста.
    Напаѓаш само, вадиш бројки и подгреваш тензија. Ви кажав јас, а која си впрочем ти?
    Да,Филипче е неврохирург, и тоа одличен доктор. Знае што значи вирусот.
    Моментално на сцена го гледаме докторот во него, а не политичарот.

    На крај, светот, народот не е подготвен за вирусот. Нормално, со ваква медицина очекуваше дека нема да биде волку сериозен, опасен и дека има лек.
    Сите бевме лабави и оптимисти. И сите се исплашивме од Италија.
    И сите учиме од Италија и јас верувам дека Италија нема да се повтори.
    Се е затворено, така да крај на април би требало да стивне секаде.

    Страшно е, опасно, ново, непознато, ама ќе помине, само треба и ние да станеме совесни и одговорни и да слушеме препораки на овластени лица.
    Само така ќе успееме да се справиме со ситуацијата.
     
    На Ivan4e04, Purplelilac, pianogirl и 31 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    269.108
    Ние дур можеме ќе го шетаме.
    Имаме голем двор ама тој нејќе во двор ич. Ептен натегање треба.
    Живеам веднаш до шума, на 200-300 метри, таму го носиме секако.

    Не се пикаме со други луѓе секако, има доволно простор за сите кучкари кај нас, да шетаме со по бар 50м растојание.

    Ако дојде ден да не смее... тоа е.
    Ќе го учиме во двор да кака.
     
    На FreeMind, Angie1432, emiliana и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Која заштита луѓе? Една маска што ја носиш по 8 часа секој ден? Работиме еден до друг, јадеме во менза еден до друг. Нема растојание од 2 метри.
    Епа замислете еден да има од нашиве 2000 вработени, по просек 4 во фамилија, колку луѓе би биле во изолација? Па и ако се гледале со пријатели и поширока фамилија? Цела Источна Македонија би била во самоизолација. Според мене многу подобро е да не се ризикува и да се стопира производството (што патем не е ниту храна, ниту лекови, ниту заштитна опрема, значи е нешто без што се може), отколку да се јави некој заболен па да рипне бројката и во најлош случај сите да се разболат. Во ваква ситуација секако ќе затворат. Со ист прибор јадеме, мислете го мијат темелно? Послужавникот го мијат? :shake::shake:

    Едит: прашав дали имате информација дали и камионџиите што се враќаат од Италија, Германија, Словенија, Хрвстска, ќе одат во карантин?
     
    На queen19, Nigredo Odor и ivanchos им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Да, да. А Филипче и компанија од врхушка не го знаеа нашиот усран менталитет па не знаеа дека ќе бидеме непослушни и не може само со препораки!

    They simply did not care, или неспремни беа. Не е битно. Дека не преземаа доволно е факт. И внатрешна и надворешна оператива.

    Економијата има мали резерви. Ама договорот со нато беше побитен секако.

    И кој ве лаже дека политика на транспорт не може да се оддели од патниот сообраќај со патници?
    Материјални добра увоз - извоз може да има дур е патен сообраќај прекинат. Се се може ако се сака.
     
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    ова е се што треба да се знае за тебе.
     
    На CameliaMiller, poppie, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    13.089
    Пол:
    Женски
    Јас мислам детето да го дадеш кај некој да ти го чува додека не си сигурна дека немаш вирус мајка татко и слично.
    За негово добро.
    Сепак ти може да се излечиш ама детето уште е многу кревко и нежно и многу полошо може да помине од тебе.
    Се надевам дека нема да имате вирус и дека се ќе биде добро.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz па до некаде и во право е. Мислиш ние не сакаме да останеме дома? Не се плашиме за нас, за нашите најблиски? А замисли тек како ни е моментално кога треба да ги покриваме оние што седат дома ради децата?
     
    На Skorpija25 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  9. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    1.988
    Баш запамтив дека и претходниот пат вметнуваше политика во темата, мислам дека и прокоментирав за тоа дека стварно нема поента да вмешуваме тука политики, си има подфорум за тоа. Ако баш те интересира, јас не сум политички определена ама очигледно ти упорно си ја бркаш мувата од капата и бараш политика кај што нема. Тоа што го напиша за државната каса пред животите на луѓето нема врска со моите ставови туку се обидувам да задржам разум и да вклучам малку логика. Се гледа дека си многу разочарана генерално, преку употребата на Северна и најцрно можно сценарио на се, ама верувај дека тоа не ти оди во полза ни на тебе ниту на нас што мораме да читаме или да скроламе :D Поздрав
     
    На Purplelilac, poppie, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.249
    Допаѓања:
    56.994
    Пол:
    Женски
    Луѓе, карантин под надзор е само за одредени случаи што се ризични, самоизолација за други што дошле од странство или имале контакт. За останатите граѓани важи забрана за собирање во групи. Тоа не значи забрана за шетање во природа без контакт со други луѓе.

    Имаше муабет за шетање кучиња. Јас ја шетам, и не мислам дека кршам препораки. Всушност, ги следам. Намерно излегувам порано за да немаме контакт. Еднаш неделно до маркет и аптека и толку од моето изложување.

    Последен пат како што разбрав министерот сам рече дека океј е шетање во природа, не во групи. Внимателно го следам. Не слушнав за промена од тоа. Сите треба да сме во карантин? Ако има нешто такво, ве молам испратете ми конкретно каде е кажано и препорачано. Не како тоа вие сте го разбрале, туку точно како е напишано.
     
    Последна измена: 17 март 2020
    На Ivan4e04, DAngel, darcy и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Доколку внимателно го прочиташе постот ќе сфатеше дека се ставив во одбрана на твојот брат, сопруг, татко. Државата не ги регулираше овие мерки до крај, и се помина без санкции.

    Дури и самиот Филипче на поедини прашања дава одговор на поедини не. Вторите на кои не дава е зошто држ. администрација не работи а приватњаците мораат на работа на пример. ;)

    Самата кампања им е дволична или ќе се правиме слепи?
    #СедиДома не важи за сите. Зошто тогаш се потенцира на секој следен прес? И зошто не вонредна состојба? Печени сме за таква.
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Испаничени ќе речат -и во Тунгузија ќе одам ако има помалку заболени од земјата во која моментално се.
    Дали е заради мерките (горе-долу секаде исти се) дали заради тоа што во некои земји е огромен протокот на луѓе (развиен туризам, економија) или феноменалниот систем на трети, не знам, ќе се анализира после бурата.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    да ги остајме децата онда на улица а? или одор и ти ќе ги чувате?
    цел живот работам со болести, тоа сум го одбрала, моето семејство е изложено секојдневно на болести поради мене.
    колку пари јас лично правам за во државна каса поарно да не знаете. затоа ова одор што го збори мене ми е смешно.
    само нели ви е срам во темава да зборите кој деца чувал кој кого ранел !? досадно ви е!?
     
    На darcy, Angie1432, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor дури и да трае ситуацијава една година, тоа не е ништо во споредба со тоа што следи отпосле. Зарем треба сите сега да се откажат од пари (со тоа и од храна, струја и вода дома) само затоа што ти мислиш дека е себично ако не го направат тоа?
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.728
    Пол:
    Женски
    Го знаеја, затоа и збореа цело време
    Се сложувам дека порано требаше да забранат патувања. Реков и претходно.
    Не знам кај прочита ти дека не може да се одвојат транспорт и патници. Сега е така. Ама... тоа не значи дека МК државјани нема да се примат. Ниту една нормална држава не смее да врати свој државјанин.
    Друго... кажаа на прес мислам дека ние немаме ресурси да прогласиме карантин за цела држава, просто немаме толку војска, полиција кој ќе спроведе ред. И што ако се прогласи, ако не се применува?
    Иако и јас сум за карантин, тоа го зборам цело време наназад, ама сега кога ја гледам состојбава како ја прикажуваат (а ваљда ги знаат ресурсите и не лажат) можеби е подобро да се одделуваат само одредени жаришта, отколку цела држава.


    Туку... мене ме загрижи сликана од зградата кај Три Бисери што беше постирана претходно.
    Таму се спомнува дека дојденците од Италија имале стан во Џевахир. Па луѓе, ако се прошетале таму, ќе биде “инересно”. Џевахир е прилично населен. Се надевам дека ги пријавиле.
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.116
    Допаѓања:
    269.108
    Дај докажи до крај.
    Фудбалерот имал ЛЕУКЕМИЈА.
    За која не знаел.
    Знаеме дека корона (и било кој вирус патем) можат и се погубни за лица со компромитиран имун систем, малигни заболувања... не е дека туку-така умре 21 годишен спортист.
     
    На Ivan4e04, Waverly Raven, Purplelilac и 22 други им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.728
    Допаѓања:
    43.817
    Пол:
    Женски
    Луѓе бе, луѓе, абе што ако се расправате сега што требало, што не требало мислам која е поентатата да се расправаат криви дрини. Место сега во ваква ситуација да бидеме сложни, да пробаме да сме подршка едни на други, да споделуваме информации ако имаме вие се расправате и препукувате кој работел приватно кој државно. Светот не може да се стави стави на пауза тоа е факт, некој ќе продолжи да работи и во најлошо и треба да го подржиме тој некој не да ми создаваме уште похорор сценарија.
    Било што било до сега не се враќа, сите мерки шо можеа да се преземат се преземени и сега останува да чекаме и да видиме резултати, зошто ќе има резултати и лоши и добри подоцна, вие бидете дисциплинирани и тоа е тоа. Никој нема вас да ве послуша што треба и не треба да се направи, само тензии ќе правите џабе.
    Некои земји ни такви мерки немаат, Филипче воведе и не сметам дека е предоцна, може малку задоцнето ама не предоцна.

    Имајте малки верба, не значи дека ќе биде најлошо.
     
    На Ivan4e04, Waverly Raven, Purplelilac и 15 други им се допаѓа ова.
  18. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Не е вистина сите истражувања досега покажале дека малите деца се најголеми преносители а во исто време тие се најимуни на вирусот. Децата имаат најблаги симптоми а во исто време децата од 0-9 имаат најмала стапка на смртност од вирусот
     
    На Purplelilac, BloodElf, ivi1987 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    35.728
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам тоа што читам од другите и што имам приватни информации. Не мислам дека е вистина, ниту дека се во право. Не мислам дека ние тука подобро ќе поминеме, или, недај боже, дека сме подобри од ГЕР. Без грижа, вие сте нумбер 1.
    И ова не го мислам иронично, туку реално.
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    253.377
    Моите не се во Мк како прво и свесни се дека мораат да работат.
    Татко ми се нервираше оти нема тури, како ќе плател сметки. Не му е прва епидемија ни криза. Знае дека мора да работи.
    Брат ми не е женет, и свесен е дека мора да работи. Еднаш не слушнав да плука по државата.
    А колку задоцнија со мерките, а се на граница со Италија.

    Маж ми работи приватно со дијагноза М35. Изгуглај ја слободно. Еднаш не побара се да се затвори.

    Не може сите да седиме дома и ништо да не работи.
    Не вклучувај секаде политика. Овде барем не.
    Мерки се презедоа, де факто имаме вонредна состојба на терен.

    Вирусот наши го донесоа, а на нив граници не може да им затвориме.
     
    На ivi1987, dunika, deliza и 6 други им се допаѓа ова.