Премногу паника се шири по интернетот. Поради повеќе кликови на порталите се и свашта се пишува. Да се смириме малку. И од сезонски грип имаше неодамна починато лице во државава. Цели класови беа болни со температура 40, со денови, брат ми беше еден од нив еве. Никој од нас не го префати, а го чував со денови. Никаде немаше информации за тоа, дека во школите од 20 деца во еден клас, пола и појше се со грип, ниту некој се потресуваше. Сега потсвесно од што сите читаме се и сешто, веднаш се створи паника иако смртноста од сезонски грип е 1%, а од Корона е 2%. Д-р Караџовски баш убаво објасни и убаво кажа дека доволно е да се знае за јавноста дека пациентката е стабилна, а персоналот ќе направи тоа што е потребно. Еве јас деновиве се движев и околу клинички и околу инфективно и се возев во автобуси што возат околу таа релација и со патници што веќе биле низ клинички. И да, уште не сум испаничена, а еве ги дома почнаа со паники, дури ми викаат да не сум одела веќе на факс деновиве, да видиме дали ќе имало повеќе случаи со Корона. Ама ако ние како идни доктори и докторите се испаничиме и избегаме уште одма, што остана за другите... Сигурно не ќе лажат ако кажаа дека жената е во стабилна состојба и самостојно дише. Плус и ете некој баш видов погоре спомна како ќе патувала толку долго ако била во тешка состојба. Очигледно е дека немала некои тешки симптоми. Веројатно и не знаела дека е носител на Корона вирус, но сепак сигурно и паднало сомнително што толку време ја држи "грипот", па можеби ете се пријавила тука за да провери што и е. Има милион варијанти. Како и да е, битно е хоспитализирана. Да се придржуваме до основните препораки од СЗО и да не мислиме веднаш на најлошото. Најмалку што е потребно сега е паника и стрес.
Let the doomsday prepping begin Колку и да е утешителен фактот што вирусот успешно се лечи кај здрави, млади лица, не ми е сеедно кога гледам колку лабаво некои луѓе ја сфаќаат ситуацијата. Настрана тоа што едвај чекам да фатам пневмонија, не сфаќам како може толку неодговорно да се однесуваат некои луѓе. Сите имаме луѓе со кој сме во контакт или се во нашето семејство, а кои се во тие ризични групи. Па дури и да немаме, сепак не може со ставот "Јас ќе пројдам лесно, за другите нема врска." Тоа е што е, повеќе да внимаваме на хигиена и култура и да избегнуваме гужви.
Сакам да прашам какви последици може да има вирусов за луѓе со хронични болести, како хроничен бронхитис на пр?
Искрено, откако ги видов сликите од болницата во Штип, кога би осетил симптоми, попрво во гаража би се затворил, отколку на лекар да појдам. Секогаш прва опција ми е доктор, ама во ситуацијава кога би знаел дека некој со ракија се лечи, не би го осудувал.
А се побунивте дека Филипче и докторот многу смирено се однесувале, а тие да покажее знаци на паника па ништо во било која продавница немаше да остане. Зошто постојано се велеше да не паничиме, беше добро познато дека ова ќе се случи, луѓето си прават секакви филмови во глава, па баш пред малку слушам две баби какви филмови во глава си прават, па мислиш крај на светот да смирете се малку, и другите поради вас ги фаќа паника, само за џабе се секирате, ајде малку релаксирајте се.
Лошо имаше слики тука поставено пиши на гугл ќе ти излезе, мувла, ужасни кревети... списокот нема крај убаво кажа @Ketchup попрво и во подрум ќе седам, а и штом повеќето дома ги пуштаат...
Не сфаќам што ќе се постигне со купување на волку намирници? Ќе седиме 14 дена во карантин дома, нема да идеме на работа и сметките наредниот месец сами ќе се платат. Јас на инфективно одделение се пресоблекувам кога одам на пракса (во Штип). Одма до карантинот. Немам видено во каква ситуација е, баш ќе се распрашам утре дали ќе се стават нови кревети. Ако ги лекуваме пациентите во вакви услови, попрво од нехигиена и мувлата на ѕидовите ќе умрат. Колку е само вистина ова... Требаше да лежам на одделението, ама избрав да се лечам дома. Заради условите де..
Цела зима беше полна до вируси и грипови. И тие се ризични за старите. Сакам да речам, ова е вирус како и сите други, така да, тие што се под ризик се секогаш под ризик, па и од обичен грип. Само на вести не кажуваат за смртни случаи од други причини, оти дсе смета за нормално. Многу игра улога како ќе се претстави преку медиумите. Се ствара паника непотребно. Доволно е да се следат препораки, и во време на вируси и грипови да се изолираат ризичните групи што е можно повеќе. Ете кажувам, баба ми има 80 и кусур, настинати кај неа не одиме. Зборувам и за обична настинка, оти стара жена е, може од ништо нешто да бидне.
И министерот и сите други шо викате не паничете да ве прашам стварно не сте загрижени за вирусот.И јас немаше да паничам да живеевме во Швајцарија,Америка,Германија во држави каде нема да дозволат и се ќе направат за да ги заштитат своите граѓани,ама за жал ова е Македонија каде ако отидеш на лекар здрав, болен ќе се вратиш а не пак ова со вирусот.Затоа не дај боже да се прошири оти...
Апсолутно. Сакам да кажам дека во нашиот менталитет нема место за општествена одговорност, само за лична. Во случајов подобро да се лечат со жолта ракија и кисела зелка, ама ист однос ќе има и ако се работи за чума. Попрво ќе ескивира и ќе изложи еден куп луѓе на смртоносна опасност, отколку самоволно да се изолира и да жртвува неколку недели во карантин.
Знаеш колку вируси и бактерии поминаа зимава? Мајките со деца знаат дека баш се имаше периодов. Ама за ниеден не се крена толкава фама. Што правите што паничите? Услуга не си правите. Колкава е смртноста? Исто како сезонски грип. Олабавете малку. Избегнувајте собири, мијте редовно раце. Пресоблекувајте се веднаш штом дојдете дома. Јадете цитруси, аронија. Земајте витамини и тоа е тоа.