Од еден вирус до друг има разлика.Сепак ова е опасен вирус и те како треба да бидеме загрижеби затоа што министеров ништо не презема како и многу несовесни граѓани кои кашлаат и киват без да си стават рака на уста.
Јасно ни е дека умираат и од грип. Коментарот твој не е на место. Као демек не се секирајте, овие стариве и да умрат никому ништо.
Кога одев на вожња, не сакав да тргнам, му викам на инструкторот: “Ќе ги изгазам децана! Ми е страв.“ Ми одговори: “Ај па ти за едни деца. Има и други“
Кога велам да бидеме загрижени и претпазливи не мислам на пишење коментари по фб,туку да бидеме совесни и да ги преземеме потребните мерки.Да не ги спомнувам мајките кои своите деца со симптоми на грип ги праќаат на училиште оти нели ништо не им било.
Се мислам дека ова е нелојална измислица. Антракс, свински грип, апокалипса. Не мислите дека сме нечија играчка?
Значи катастрофа. Пред да поминат граници ги прегледуваат луѓето или со скенер ги поминуват не знам баш точно. На аеродромите знам има како скенери и кој е заболен го ставаат во карантин одма и не го пуштат да помине. Се чудам како женава не ја ставиле во карантин и како не знаат дали другите патници се заболени или имаат симптоми??? Како намерно да е ова. Моја теорија: Воопшто не ги ни прегледуваат патниците од Италија и пошироко.
Штом го прочитав мислењето почуствував дека е напишано за мене и уште неколкумина. Добро знаеш дека во Сад секоја година 300 000 луѓе умираат од непознати вируси ама не се обрнува внимание како на ова сега затоа што не се шири толку брзо или воопшто не се шири, и нема многу заболени, корона вирусот за првпат се појави околу 25 декември така нешто ама ние разбравме за тоа околу 10 Јануари а паника се крена кога од нигде никаде излегоа толку заболени, пред тоа никому не му беше гајле. Сите податоци досега покажуваат дека стапката на смрт е поголема од грип одколку од корона вирусот, ама гледам дека никој не паничи толку од грип, зошто затоа што медиумите тоа не го пренесуваат. Оваа паника која што се создава е само за нивните цели, на медиумите, и јас паничев додека не седнав и не прочитав вистински што се случува а не тоа што ни се сервира во медиумите. Колку оздравени има знаеш? Знаеш колку помалку има преживеани од други болести кој исто така лесно се шират а добро ни се познати и знаеме се за нив, ама никој не паничи волку. А на крајот на краиштата и поопасен да беше ќе ти помогнеме нешто ако паничиш.
И да има скенери и сите да одат под скен, секако дека е можно некој во моментот да нема симптоми, а да е заразен така да ова со скенериве не е апсолутна превенција
Јас не се плашам од грип и мислам дека повеќето вируси корона ебола свински птичји грип се создадени лабараториски со цел намалување на човековата популација.
Стварно нема простор за паника. Едноставно медиумите ја цицаат ситуацијата и народот ко и обично паѓа на ова. Вирусот не е ништо пострашен од сезонскиот грип. Наверојатно ни вие, ни вашите стари и хронично болни сакани нема да се разболат. Дури и да се разболат, најверојатно нема да умрат. Стапката на смртност на 80+ години е околу 15%. А ако немате кардиоваскуларно заболување, дијабет и сл. и да сакате нема да умрете. Буквално за да биде вирусот смртоносен треба прво да го фатите (шанса 1 во 90000), плус да имате 80+ години и хронично заболување, а и дури тогаш шансите да умрете се 1 во 6000. Мијте раце и уживајте. Spoiler: Извор https://www.worldometers.info/coronavirus/coronavirus-age-sex-demographics/
Не, мојот коментар беше дека не е поразличен од другите вируси, за кои патем не паничиме оти не се крева фама. Да чита овде човек, испаѓа како да сите ќе испоумреме.
Колпортер на улица: Голеема непогода 34 жртви!!! Ајде народе! Купете, прочитајте! Застанува минувач, купува весник. Колпортерот продолжува: Голеема непогода 35 жртви!!! Ајде народе! Купете, прочитајте!