Секако дека има неспособен кадар како и во секоја струка (да, во медицина не би требало ама не сите имаат совест, тоа е факт) ама нели е малку претерано да се шири до толку паника и сите доктори да ги нарекувате неспособни? Може не сме опремени како некои странски држави со материјали за превенција (што секако е минус за нас), но ако се заразат, антибиотици на вирус не делуваат, пак ќе се третира како и во други држави. А за проблемот со условите, поточно хигиената во болниците не се криви докторите.
Не гледајте по години пошто секој што во моментот има послаб имунитет може да закачи. Да не зборам за нивото на ,,свест” што е кај нашите културни граѓани кои во автобус поготово преполн си киваат и кашлаат без рака да стават на уста. Болни деца праќаат во школо, киваат и кашлаат по цел ден. Болни професори доаѓаат на работа ,,да не заостануваме со материјалот”. Не може тоа така.Кај неаме добри услови на Клинички фали уште масивно да се разболуваме меѓусебе. За паника е работава, поготово што е смртоносен вирус. https://www.worldometers.info/coronavirus/ Да беше мачја кашлица вирусов ќе најдеа до сега чаре да не умираат луѓе и да не се шири толку рапидно. Цел свет живее со 200 на саат. На светските аеродроми дневно поминуваат илјадници луѓе од различни делови во светот.Тројца носители или заразени да бидат на едно место може да се рашири одма. Настрана што може да преживее 3 саати НАДВОР од човекото тело. Тоа не е малку време, таман да си најде домаќин. Да кивнам јас еве како носител или заболена, на јавно место и да испрскам околу мене, тој после мене што ќе го фати предметот може да заболи.
Термалните камери или скенери не го детектираат вирусот. Туку детектираат покачена телесна температура. А покачена тт може да има од повеќе причини. Здрави носители на вирусот може да поминат без проблем.
Девојката што седеше до мене во автобус отиде да седне на другото седиште затоа што кивнав два пати излеа. Не знам што да мислам за ова сега.
Криви се и докторите. Тие секој ден го гледаат хаосот околу нив, и тие се оние кои треба да поднесат барања до министерство за подобрување на условите и опремата. Како не им смета секој ден по 8-24 часа, да седат во распаднати објекти?? Или сеј мирен дури течи платата- е муабетот?
Пак ќе те цитирам "Многу паничите, луѓе. Убаво ви кажаа, смртоносен е само кај старите и хронично болни луѓе" Твојот коментар е дека ако не си стар и хронично болен што ти е гајле за тие што се. Сум видела како ги третираат старите по болници кои се пред умирање, како да се инвентар, а не луѓе и твојот коментар е крајно невнимателен како и да пробуваш да го оправдаш. Тука завршувам, а ти размисли дали тоа што го кажуваш е навредливо за некој кој има најблиски што спаѓаат во ризична група наместо да се однесуваш кон старите и хронично болни како небитни луѓе кои не е битно дали ќе умрат или не
Грипот е смртоносен, еболата, морбилите, варичелата...сите вируси се смртоносни. Ај сеа дома да се затвориме и да паничиме. Аман, корона вирусите постојат одамна, не се од вчера. Овој е само измутиран вирус, страшен го прави тоа што има долг период на инкубација и опстојува на неживи површини подолго време.
Ова е сосема точно. Татко ми почина во битолската болница, на 69 години, од компликации од Паркинсон. Никој не го исферма, освен мајка кога ќе одеше да измоли некој пријател да го прегледаат, или маска за кислород да му стават, или туба за хранење. Дежурниот доктор на одделението на мое прашање: Која е прогнозата? Ми одговори со: Стар е тој. Шо ако умри.
Зошто мислиш дека досега никој не се пожалил? Не оправдувам што е така, но во нашата држава и 100 доктори да се пожалат, ако не му одговара или не му е приоритет на тие што се одговорни, џабе е.
Турција, Пакистан и сите што граничат со Иран затворија граници.. дури и една Австрија иако е во Шенген зоната на CNN рекоа дека размислувале да затворат граница со Италија баш поради Короната Ај па ти.. цел ден ќе тупат то па то..ако не ти чини па не мора ни да ги читаш, нели?! Остајте ги луѓето што се плашат да си се плашат. Вие што не се плашете, шетајте слободно. Одете и за 8ми март за Италија.. Меѓувремено набавете им на родителите/бабите и дедовците се што им треба за дс не излегуваат од дома, не кашлајте и не кивајте на луѓето во фаца (огромен процент од македонциве не ставаат ни рака) .. мијте раце и билдајте имунитет. Затоа што џабе сте млади, може не дај боже и вас да ве фати короната па после леле што ме снајде, треба во Штип во дупката да лежам.. Да дупка е.. подобро да умреш него ли да се мачиш таму. Друго нешто.. сите знаеме колективната свест каква ни е, така да не туку свиркајте си и не спијте на тоа уво дека нема никој да се зарази..или дека нема да бидете баш вие тие.. Читавте што може да направи на белите дробови па и на другите органи короната? Епа читнете.. не чекајте само што ќе ви пласираат на тв.. Дури и да се излечи човек, може да ги има истите последици како и после тешка пневмонија..веројатно знаете како е со пневмонијата.. Тоа не значи дека треба Кам да го нападнеме...ама не значи дека треба и да сме си слободни како ништо да не се случува. И да.. оној докторот на тв прееска ми се виде крајно дрзок и вообразен. Од желбата да не се шири паника, неговиот говор ми донесе само немир.. Пациентот дише сам и е ок и тоа е она што треба да го знаете.. пфф немој молим те.. дај што не кажа нешто попаметно..
Ве гледам повеќето ја зборите смртноста и правите споредби со статистики од други држави. Можеме ли да правиме споредби со Кина, Италија и нашава Македонија која е 100 светлосни години назад ? Знаете како се лечи од вирусов ? Знаете дека е потребна опрема која ние ја имаме најверојатно во доооста ограничен број ? Не дигајте паника, ама не се потпирајте и на статистики кои кај нас може да имаат сосема друга распределба.. О да, може да погледнете дел од видеово (50та до 53/4та минута, барем доаѓа од официјални извори)
За што да се жалат они? Они си имаат свои ординации средени, скоцкани. Не се докторите тие што лежат во издрпани и чаршави со стари дамки од крв на нив. Многу им е гајле на нив.Лично и персонално потврдувам дека од Кардиологија дел од сестрите ич уво не ги боли за пациентите, поготово ако се постари. Абе гајле не им е, те префрла во соба ти тупнува се во раце сам да си носиш, климата ја рокнале на 16 степени а надвор +45 (не дај Боже да искочиш шлог ќе те мавне), чаршав има колку да се покрие човек од 150/60cm плус малце имаат додатоци од крв, некое дупче се наоѓа али нема везе де.Супер се условите што им фали Татко ми си заработи така Ешерихија на кардиологија летоска. Се прашувам зошто