Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Во една група имаше пост, коментирај УНИШТИ ако сакаш да го нема корона вирусот (facepalm)(facepalm):D:D
     
    На CameliaMiller, Konfetka, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.758
    Допаѓања:
    145.221
    Венко Филипче
    пред 38 мин. ·
    Во моментот вкупната бројка на заболени во земјата изнесува 35 лица. Сите 4 новодијагностицирани пациенти се со лесна клиничка слика. Стабилна е состојбата на сите пациенти на Клиниката за инфективни болести и на пациентите во Дебар, а стабилна е и на пациентката која е на респираторна машина, односно нема знаци за влошување на нејзината состојба.

    Доцна синоќа се изработија резултати на уште 4 пациенти кои беа во врска со онаа група од вчерашниот ден, последно дијагностицирана, а врз основа на епидемиолошките анкети и податоците со кои тие луѓе комуницирале. Во овој момент се прават анализи на уште 30 лица од кои едно од Куманово, две од Скопје и останатите 27 се граѓани на Дебар и околината. Станува збор за лица кои немаат симтоми, но е можно да биле во контакт со некој од заболените. Тоа значи дека скринингот добро се спроведува, разговаравме и со нашиот инфектолог, професорот од Скопје, локалните инфектолози и епидемиологот, кои имаат направено една шема, алгоритам – по кој постапуваат.

    Авионот кој синоќа слета од Брисел, беше поставена индикација за тестирање на 12 лица согласно податоците кои тие ги дале. Сите тестови се негативни и сите патници од авионот се пуштени дома во задолжителна самоизолација, согласно препораките.

    Вчера преку Деве Баир стигна и група од 10 луѓе, тие се сместени во Пепелиште и во текот на вечерта и утрово се прегледани од епидемиолог и согласно одлуката заради тоа што е можно да пристигнат и повеќе лица, тие ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија. Имаше реакции дека таму условите не се соодветни и затоа преземавме мерки за нивно префрлање и се надевам дека ќе имаат разбирање за ова со оглед на важноста за индикација на оваа мерка.

    Залихите на крв и крвни деривати се сосем доволни, направена е анализа во текот на денот и има идентична количина како што имало и истиот овој период минатата година. Сите итни интервенции и онколошки интеревенции и онколошки интервенции, се извршуваат со вообичаеното темпо, рутина и индикација.

    Во однос на денешниот предлог од Владата упатен до Собранието односно Претседателот на Република Северна Македонија за прогласување вонредна состојба, истакнав дека во рамки на здравствениот сектор, практично од крајот на јануари се функционира во една вонредна состојба со: поставување пунктови на граничните премини со подготвеност за препознавање на овие пациенти, со спроведување соодветни протоколи за мониторинг за лекување на Клиниката за инфективни болести, а со оваа вонредна состојба со ингеренциите кои и се даваат на Владата дополнително ќе се помогне во спроведување и евентуално заострување на некои од мерките.

    Раното откривање, скрининзите по епидемиолошки индикации, како што веќе почнавме да правиме во Дебар, а сега и во околината во Струга, некои населени места во Скопје и во други градови, согласно податоците кои ги имаат епидемиолозите, сметам дека е многу битно за да се откријат што порано случаите, за да не го оптоварат здравствениот систем и тоа понатаму да предизвика проблеми и компликации во лекувањето и неможност да се справуваме со овој проблем. Ги повторувам пораките - сите да се придржуваат до мерките за превенција, да не се излегува без потреба, да се држи дистанца, често да се мијат рацете. Продолжуваме со интензивната комуникација со јавноста и медиумите.
     
    На Ivan4e04, Purplelilac, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Гревови
     
    На smile:) и LiliBoz им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Пијам витамин ц по едно дневно.
    Пијам чаеви.
    Кафе намалив по 2 дневно.
    При крај сум со Хербалајф формула 1 ги има сите витамини и минерали внатре. Сега земав друго - протеин.
    Јадам салати.
    Шејкот го правам со замрзнато овошје насабајле.
    Не мора апчиња можете и здрава храна.
     
    На cresa-jagoda и tigrica92 им се допаѓа ова.
  5. Fifi84

    Fifi84 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    3.564
    Пол:
    Женски
    уништи, уништи :))))
     
  6. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    688
    Не би било лошо рашетаниве пензионери што се собираат у групи да потпишат согласност дека ќе отстапат кревети и респиратори за луѓе на кои им е мил животот кога ќе дојде време за тоа.
     
    На Ivan4e04, Alisa22, CameliaMiller и 12 други им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    А какви се случаите како вас Бројче?
    Те читав си работела во угостителство и сега си без работа. Немаш шанса бар после кризава да влезеш во друг сектор?
    Колку време сте таму?
    Немате заштеди?

    Имам и јас роднини странство кои не ни помислуваат да се вратат зашто знаат од што заминале кога заминуваа од овде, па сметаат дека се позаштитени таму. И тие не одат на работа, но викаат дека можат да преживеат. Затоа и не ми е јасно шо барате назад.
     
  8. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Многу се опуштени. Не знам како не сфаќаат дека тие најпогодени се од ситуацијава. Ние носиме маски и ракавици, а тие релакс си шетаат по маркети и паркови. Неразбран народ.
     
    На faye и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.607
    Допаѓања:
    13.109
    Пол:
    Женски
    Ги пипкаат сите лебови пред да земат.
    Ама ај тоа им е навика од одамна.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.758
    Допаѓања:
    145.221
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    8.581
    По некој месец коронава ќе ви изгледа како мачкина кашлица во однос на кризата која ни следи. Само 2 недели сме во хаос, а веќе има куп народ отпуштен од работа и оставен на улица. Ене уште денес некој протест од отпуштени работници. Што ќе биде ако со месеци па и година потрае корона лудилово? Ќе ни се е. е мамицата на сите. Е дури тогаш ќе ни биде страв да излеземе на улица за да не не нападнат и опљачкаат некои кои немаат леб да јадат. Криминалот ќе порасне до небо. Секако од Спасовски, Заев и мала Ниница не очекувам никакви економски мерки, изгубени се во простор и време, само се тркаат со Вучич кој ќе направи поголема глупост, ама битно надеж имале! Тешко нас.
    Е ама битно со вонредна ќе не замајуваат. Бидејќи немаат друга идеја како ќе владеат ако има протести, социјални немири, гладни ем гласни луѓе по улици итн.
    А вака супер. Можат без пардон и никакво објаснување легално да не згрбачат и олешат на среде улица, и притоа да не немаат никаква одговорност пред законот. Пошто нели вонредна е состојбата, јебига!
     
    На christinnn, темјанушка, BloodElf и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.689
    Допаѓања:
    202.282
    Пол:
    Женски
    Банско е од синоќа во карантин. Мислам дека брачниот пар од Скопје што се позитивни на вирусот биле во Банско некаде тој период.
     
    На cresa-jagoda и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    38.535
    Пол:
    Женски
    А кое е твоето решение?
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.607
    Допаѓања:
    13.109
    Пол:
    Женски
    Сега ќе има на Сител пренос од прес на Пендаровски.
     
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.741
    Допаѓања:
    323.004
    Да дојде ВМРО на власт:D

    Двајцата од Банско не се од сега вратени.Може има 10 дена.Биле на зимски одмор во стан/апартман на пријатели.
     
    На Purplelilac, CameliaMiller, elenaxbbg и 7 други им се допаѓа ова.
  16. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Е тогаш и бандерите ќе процветаат
     
    На elenaxbbg, JuLleE, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  17. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мешате политика во оваа тема, најголем проблем се граѓаните кои се неразбрани.
     
    На Purplelilac, Yipman2, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.607
    Допаѓања:
    13.109
    Пол:
    Женски
    Се виде Мицко прееска што има да каже.
    Доволно беше за да сфатиме некој работи.
     
    На elenaxbbg, JuLleE, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Не го гледав ама претпоставувам што кажал...Заев е крив за се :rofl::rofl:
     
    На cresa-jagoda, smile:) и нина122 им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.282
    Допаѓања:
    40.290
    Пол:
    Машки
    А што може да се направи да се реши проблемов кој е на светско ниво и на светско ниво има рецесија и тек допрва ќе има.
    Ова што спроведуваат драстични мерки од сам старт ќе ни се исплати на долг рок, оти ако не е така и се преоптовари здравствениот систем и ни се случи хаварија како во Италија и Иран, тек тогаш сме го наебале на велико.

    Не е време сега да се збори за политика и партии. Време е сите заедно да се вложиме и да се трудиме што побрзо ова да заврши.
    Понатаму ќе треба и општата граѓанска свест да се подигне, да се волонтира и со храна да се помогне на најригорозните категории.

    Сите сме во иста каша и само заедно можеме да успееме.
     
    На Love 83, Purplelilac, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.