Ама Дасти, каква корист од паника има? Што сакаме да постигнеме, со месеци никој да не излезе од дома? Граници би требало да се затворат да се запре ширењето, со денови зборат австријците и уште не затвориле. ЕУ така рекла. Карантин на региони има, на држави нема. Треба да се сочува здрав разум, оти луѓе во паника ништо добро не носат.
Те молам да ме просветлиш која е таа терапија или опрема со која се лечи вирус? Еве конкретно корона во случајот.
Може, ама статистиката кажува дека најверојатно нема. Ко што веќе кажав, во државава има 1 случај, шансите кај нас да се зарази некој моментално се еден во 2 милиони, многу многу помали од тоа да се заразиш со грип или просто да добиеш мозочен удар во школо. Секој можен вирус е смртоносен во одредени случаи. Не дозволувајте скандалозните наслови да ви го перат мозокот. Веќе кажав колкави се шансите да се умре, не знам зошто упорно се прави од мравка слон. Ко намерно да сакате да предизвикате паника само колку нешто да се дешава. Се шири толку рапидно бидејќи има подолг период на инкубација, а и голем дел од случаите поминуваат без симптоми (покажува колку е уствари (не)опасен вирусот). Поради тоа луѓето не знаат дека се болни скоро месец дена, па затоа го рашируваат повеќе. Обичниот грип преживува и 24 часа надвор од човечкото тело. Не знам како да ви се објасни дека вирусов не е апокалиптична чума што не била видена досега.
АМА ИСТОТО ВИ ГО ЗБОРАМ ШТО И ДЕВОЈЧЕТО ШТО И ДА БЕШЕ ДЕКА ПУМПААТ МЕДИУМИТЕ, ЦЕЛО ВРЕМЕ ВИ ЗБОРУВАМ ТОА што и девојчето. Еве маж ми вози до критичното место и се е океј. Јес да некои места се затворени за излез и влез и тоа е се, нема ништо друго. Еве се шири и кај нас, во Падова, ама беше очекувано, 95 посто се дома и уживаат и тоа е. Луѓето што починаа веќе биле хоспитализирани со 300 болести во нив како живи кукли и умреле Не од корона вирус туку СО корона вирус. Навистина многу се паничи, еве јас 2 дена истово го пишувам и се повторувам. Медиумите пумпаат пре пре многу!!! Исто ко видеава во кина што паѓале луге, како па да не пагаат. Еве да бидам искрена паничев се додека не разбрав добро односно додека овде министерот не ја објасни состојбата. Сега ќе допрочитам што има ново и ќе се апдетирам.
Леле, неколку саати ме немаше, кога видов колку страници сте испишале... Знаев дека не е на арно. Се шалам, јас дури сум изненадена од себе колку сум chill во врска со ситуацијава. Мислам, знам дека тоа што го преземам јас во врска со чување на сопственото здравје е се' што е во моја моќ. Нема да се затворам дома сигурно, живот иде даље. Не наседнувајте на секакви напумпани наслови и не верувајте во се' што ќе прочитате. Сега е плоден период за квази новинарчиња, медиуми и секакви приучени познавачи на медицината. Мислам дека се' ќе биде во ред и дека и ова е чудо за три дена. Peace and love
https://pogled.mk/nekolku-statistic...ona-virusot-spodelete-i-so-vashite-prijateli/ Еве, убаво е да се прочита ова.
Татко ми бронхопневмонија на неурохирургија.. тие попрво ќе те остават да умреш, него ли сестрите да те погледнат.. Нема корист од паника АМА нема корист ни од ноншалантно однесување како што гледам кај некои.. Ее вирус е..голема работа.. ќе помине бла бла.. А што ако не помине со 5 апченца? Не треба ни да сме незаинтересирани... далеку од кревање паники ама незаинтересираноста за заштитување на себеси и околината е многу поопасна
Треба опрема. Не го лечи вирусот ги лечи последиците од вирусот. Што е потребно ? Потребни се "вентилатори" (машини за помогнато дишење) бидејќи кога имаш пневмонија може да дојде до ARDS, е тек тогаш си се заебал бидејќи нема кој да те излечи у вукојебинава, а да си у кина ќе те кренат на нозе за 5 дена.. Ќе ги преведам минутите од видеото бидејќи верувам дека никој нема да ги изгледа тие 2 минути.
Се сложувам, пример во Иран смртноста е многу поголема дури и се шпекулира дека се кријат бројките, немојте да мислите дека сме подобри од Иран. Нов е вирусот, многу не се знае и им бега од контрола на многу поразвиени системи, така да не паничете ама пазете и бидете одговорни.
Од прегеска на работа 20 луѓе ми се искашлаа во фаца. И уште толку само киваат ниту рака да си стават ниту ништо. Ти и да си направила се како што треба можеби и пукнал филмот од другите.
Се слагам скроз. Ја не дигам толку паника од самиот вирус туку од тоа што живеам во fucking Македонија и се молам само да не закачам нешто за да завршам во мизеријата т.н Клинички Центар. Мене повеќе ми е страв како ќе ме третираат односно нема да ме третираат докториве него од самиот вирус. Да бев во Италија или на друго место низ Европа мислам дека немаше да паничам толку многу. Плус имам татко кој пие ПРЕМНОГУ јаки лекови и голема количина и не смее да си дозволи ни настинка да добие бидејќи ќе се раскопа од пиење апчиња. Не смее да се разболи човекот за да не пие уште толку хемикалии, нормално дека ќе ми е страв, зашо татко ми да се клука тродупло со лекови кога нашиве не се способни да стават ред, рад и дисциплина?
Најмногу што можиме да направиме е да одржуваме хигиена, да јачиме имунитет, да избегнуваме непотребно мешање со многу луѓе и тоа е тоа. Се крена премногу непотребна паника. Овој вирус не е воопшто полош од грип. Само што брзо се шири и има подолг период на инкубација. Стапката на смртност е мала. Медиумиве направија небаре апокалипса е ова, доаѓа крајот на светот. Да, треба да се пази човек, да гледа да превенира, ама ова веќе се граничи со избезуменост. Не е најопасното нешто на светот. А за границите се согласувам дека треба да се затворат за да се спречи ширењето.
А добро сакам да прашам. Во нормални услови, кога нема опасност од вакви вируси, зарем некој не мие раце? По одење во тоалет, пред подготовка на храна, пред јадење, по доаѓање од школо/градинка/работа?? Значи предупредуваат на она што треба да е лична хигиена. И на тоа треба да се учат децаа од најмала возраст,зашто тие ставаат се во уста и се чепкаат по лице со нечисти раце. И да, хигиената во болниците треба да се подигне на мнооогу повисоко ниво а не да ги мрзи сестрите и тие кои се задолжени за тоа да сменат чаршафи и да измијат раце.
Абе не ми е мене проблем шо пишат оти мене ме нервира, туку неќам да се плашат. Оти многу добро знам страв колку може да те онеспособи. За нив ми е Даст. Во време кога доктори и цел медицински персонал е во дефицит, нема никој поголема моќ од нив. Нека не му одат на работа, да видиш како ќе се истепа министерство да ги подобри условите. Ама немаат ташаци, оти не си ја знаат силата, и не се свесни дека тие ги држат конците, а не некој си министер и неговите подлизурковци.
А што во последниве 28год колку што е независна македонијава ниту еден сапун не е ставен во училишните вециња? На што не учи државава жити се? На хигиена? Не.. не учи и не тренира како да умреме побрзо. Миењето раце е дел од основната лична хигиена, за среќа мнозинството се свесни за тоа. Ама за тие што се од планина симнати, добро е и уште милион пати да повторат затоа што верувај ми има и такви.. Подобро е да се пишува и не само да се пишува, туку да се образоваат малку луѓето.. да се пишува и за последиците од вирусот, особено за оние трајните затоа што само ако се преплашени луѓето ќе си ја развијат таа закржлавената свест што ја имаат закопано некаде во главата.. Иначе нас како народ не не бидува. Да не бивало немаше на ова дереџе да сме
Се породила првата пациентка заболена од корона вирус во пиаченца, се било и течело во најдобар ред а бебето било негативно на вирусот. Над 400 заразени. 90 се кај нас, бројката од вчера е дуплирана, има малолетно дете кај нас што е пуштено дома бидејки немало асполутно никаков симптом. За здраството во Мк сите знаеме. Да така ја разбирам и Даст што сака да посочи и мисли.
Точно, да се пишуваат информации за превенција и лекување... а не да се паничи. Тоа го пишав уште вчера.