Аха, значи според тебе доколку се заразат кај нас, сите ќе завршат на апарати за кислород? Па и во најмизерни услови тие апарати ги има. И те уверувам, во доволен број. Заклучок - Болниците во поголем број се во лоша состојба, има и катастрофа персонал, има и добар персонал. На вирус антибиотик НЕ ДЕЛУВА, мерките т.е терапијата е симптоматска. Кога ќе објават дека нешто е направено против овој вирус, а кај нас го нема тогаш ќе ти го сфатам мислењето. Нема потреба од ширење паника дека немаме опрема и ќе завршиме на апарати и нема да има доволно.
Превод од видеото погоре. Видеото е од конференција на експерт од World Health Organization. Dr. Bruce Aylward: "Вирусот убива луѓе, велиме дека ги убива старите и ранливите, но тоа не е случајот секогаш - умираат и млади луѓе дури и во индустријализираните земји. Луѓето гледаат на проблемот и велат, во Кина тие го немаат ова, немаат она итн - ако имав COVID-19, би сакал да бидам лечен во Кина. Кога одевме по болниците прашувавме колку "вентилатори" (машини за помогнато дишње) имате (се мисли за кинеските болници)? 50-60. Количини на кои не сме навикнати да ги гледаме. Колку ECMO системи имате? 5. Ние го немаме тоа во Европа. Кога гледаме колку е опасна болеста, треба да бидеме претпазливи кога гледаме на податоците од Кина. Кина знае како да ги држи луѓето заразени од COVID-19 живи, тие се многу посветени и прават огромни инвестиции. Ова нема да биде случај секаде во светот. Ова е сериозен проблем и се грижам дека луѓето ќе се потпираат на бројките од Кина и ќе имаат лажно чувство на сигурност ...." Можеби не е од збор до збор ама ете. Ако сакате гледајте го видеото од 50та до 54та минута..
Вајлд.. не е нека не МУ одат на работа, пошто ако не одат на работа тогаш ќе се жалиме како нема кој да нѐ прегледа, или да нѐ излечи и после уште 300 работи ќе искочат од тоа. Дали стварно мислиш дека докторите се замараат во какви услови им се пациентите?Не. Негово е да ти даде дијагноза/терапија, да те оперира да кажеме и после процесот на закрепнување ама баш и не ги занима. Плус да ги заболе толку докторите за пациентите, немаше во овие неколку години да има смртни случаеви во болниците како последица на НИВНИТЕ грешки.
https://www.6yka.com/novosti/hrvatski-naucnik-izracunao-kolike-su-sanse-da-obolite-od-koronavirusa Малку околу паниката.
Поверодостојни од твоето мислење околу терапијата, а и вирусите воопшто Едит: Те замолувам да не ме цитираш повеќе, ти кажа твое мислење а јас мое. Нема што да се дополнуваме повеќе, ниту имам намера да ти докажувам нешто или да се расправам. Имај убава вечер.
Хрватска нема намера сега за сега да ја затвори границата за лугето од венето и ломбардија Но ќе има рестрикции и медицински преглед за секое лице од истиве региони, ако имаат симтоми на корона вирус ке ги вракаат назад доколку оние со поневеродостојни симптоми ќе бидат ставени во карантин во хрватска. Доколку ситуацијата ескалира ќе ја затворат границата за нас.
Извини не те разбрав што ме прашуваш. Едно е да не се плашиш и да охрабруваш и други да не се предаваат на параноја, друго е во 10 реченици коментар, 40 навреди да кажеш како се глупи, прости итн. Ако и ти го размислуваш истото за луѓето што се плашат, да и на тебе се однесува. Ако не го размислуваш, не се однесува.
Кина и Италија нека си трпат кога немаат толку добри експерти како кај нас. Кој им е крив бе што се неедуцирани. Абе не само што со пандемии се справуваме на најбрз начин, уште малку и временската машина ќе е готова. Едит: Башка велат постарите се таргет група. Сигурни сме ние зошто во нашава земја ем наталитетот цвета, ем поголемиот дел од народот се млади и здрави луѓе. Чилнете луѓе на тв кажаа дека се е во ред.
Да де глупи италијанци А на нашава пациентка САМО едното белодробно крило и било зафатено и имала добри шанси да се излечи.. демек малку е што може пола човек да си остане Толку од лечењето само со парацетамол како што некои тврдеа дека со едно парацетамолче ќе бидеш како нов
Thehealthyfood.mk ,објавиле на инста за симптоми на корона.Мислам дека е текст кој го објави членка тука во темата,ќе се препознае која беше.Туку тие што сме од Струмица прашајте не како ни е .Возачот на комбето од заразената е струмичанец,плус патници имало. Само едно ќе кажам,Господе чувај не сите .
Добро фала јас сум од овие првите, веројатно. Инаку да се надоврзам за експертиве кај нас.Ние значи се знаеме, па корона тоа е мала шала за нас. Па ние знаеме подобро и од Филипче и од Кароџовски беше докторот така, па и од шефот на СЗО.
Да де..сега може да биде експериментален глушец на нашите од инфективна Меѓувремено во Норвешка и Грузија се појавија по еден заразен.. Според мене во следниве 2 дена драстично ќе се покачи бројот на заразени во Германија, бидејќи последните случаи не ни можеле да ги поврзат со претходните.. А во Англија па и школи ќе затвараат..глуп народ
Во следниве денови ќе се појават уште случаи во тие потуристички земји, среќа ние не сме од нив, ама и тие само нека се штитат и се ќе биде во ред