Не верувам дека е намерно пуштен вирус. Очекувано беше според мене вакво нешто. На цела таа нехигиена таму, чудно е како до сега не се појави вакво нешто. Ај што јадат се е една работа, него како тоа се продава и "спрема" е уште пострашно. На сред улица, се коли животното на под, се пакува и им се дава. Додека околу тоа "месо" има еден куп други живи животни кои дишат у него, или седат во крв од претходно "спремените". Ужасно. Плодна почва за вируси и секакви чуда. И не само Вухан, секаде е така. У сред Пекинг на ноќен пазар се јадат шкорпии, змии и бубачки. Па после корона вирус... ај да не.
На Американците им смета Кина и сакаат да ја уништат економски, политички и да ги намалат. Chemical Virus..
Australian lab first outside of China to copy coronavirus, helping vaccine push https://www.abc.net.au/news/2020-01...d-in-australian-lab-outside-of-china/11906390 Добри вести
Вирусите се едноклеточни организми и тие и бактериите се најстарите живи организми кои и ден-денес постојат. А за да постојат десетици милиони години, значи лесно можат да се адаптираат на новонастанати околности. Секој сезонски вирус е нова мутација на некој претходен. Затоа секоја сезона има наново вакцинација на населението. Исто е и со овој. Нема никаков заговор.
Не знам зашто не кажуваат дека оние кои починале биле постари лица и со веќе нарушено здравје. Паника се крева. Ок, не е безазлено, НО не е дека луѓе паѓаат како муви на улица. Се работи за вирус на кој не делуваат абтибиотици, како и на грип. Е сега ако некој има нарушено здравје и слаб организам и така има шанси да умре и од грип. Јас сум моментално болна на боледување и цела сум затната и кашлам. Бев на лекар и луѓево бегаат од сите што кашламе божем имаме корона вирус. Многу се крена паника.
Всушност не се организми туку ацелуларни (бесклеточни) форми составени од протеинска честица обвиена околу нуклеинска киселина. Баш ради овие особини многу веруваат дека ги создаваат вештачки во лабораторија. Не сум баш сигурна од кога постојат али дека се нешто ново, не се. А дека мутира, мутира. Вирусите на грип мутираат на пример многу лесно со промена на протеинските единици. Тоа е и причината зашто не можеш да стекнеш имунитет против него. Јас пак ко што читав за коронава ретко бил смртоносен. Евентуално некои негови поретки форми биле така поопасни. Инаку оф топик - Вистина ли е дека скоро се појавиле и неколку случаи на црна чума во Кина?
Ништо чудно и да се појавила, имајќи ги предвид прехранбените навики, пренаселеноста и тешкотиите во одржувањето на хигиената. За среќа, за yersinia pestis има лек, само да не е измутирана бактерија.
@nena2010, па добро, факт е дека медиумите од тоа живеат, колку посензационален наслов толку поголема веројатност да бидат читани. И јас сум против тоа кревање на паника. Ако е некој со нарушен имунитет и ако има некое претходно заболување и обична настинка може да е погубна. Јас се обидувам да не кревам паника. Деновиве повеќе користам такси отколку јавен превоз во најголемите гужви ама тоа ми се мерки на претпазливост секогаш кога е и обичната сезона на грип. Често миење раце исто така, малку претерувам со ова ама better safe than sorry Добар и квалитетен сон исто така прави чуда за имунитетот. Гледам и тоа да си го дозволам деновиве.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=163724304928498&id=100038727871197 После сето ова нека цркнаат ова е ненормално , после видеото неможев да јадам цел ден .. уште малку наместо умрените луѓе да се погребаат они ке почнаат да ги јадат грозноо ..
https://www.cnn.com/asia/live-news/coronavirus-outbreak-01-29-20-intl-hnk/index.html Статијава е од денес @sjdgo нормално дека не се сите болни ама од 5мил сигурно има некој болен кој може не е ни свесен дека е болен
Имам верба дека се на прав пат. Иако викаа дека за минимум една година ќе најдат вакцина јас мислам дека ќе е поскоро. И ептен се нервирам што тука кај нас ептен мала контрола и се прави овие денови на кинези што влегуваат во Македонија. Лошо е ептен што јадат се и свашта секако има секакви вируси. А СЗО уште траат и не објавуваат ништо посебно.
Колку пати ќе кажам дека се е од луѓето!Има многу да кажам ама подобро да си ќутам зашто секој пат ќе се изнервирам на вакви слични теми за вируси и болести.
Толку ужасно се чувствувам додека го гледам видеото снимано во Скопје, како не се најде некој на лице место да го построи идиотов. Немоќни сме пред глупоста на човекот. Се надевам ќе биде казнет, а на дечките од Кореа ќе им биде упатено писмено и јавно извинување, но не само преку статуси за збирање лајкови кои можеби никогаш нема ни да ги прочитаат. Ова е катастрофа.