Касно е веќе. Требаше одма да се забрани. Значи, кинезиве испаднаа илјадапати поодговорни и почовечни од македончето.Како што им кажаа така прават. А, ние....
Сакам да прашам, негде прочитав дека сега се поскпнало. Маските за лице, сапуни и сл. Се било поскапо. Дали е точно?
Слушајте владини препораки и се ќе биде во ред. Почна на големо да се претерува, каква е оваа параноја, бидете рационални.
Еве 10 нови случаи во Германија меѓу кои и 47год маж чија жена работи во градинка и е заразена..што значи допрва ќе се пребројуваат Меѓувремено уште 2 нови случаи во Хрватска и првите случаи во Данска и Естонија.. А во Осака жена по втор пат се заразила со Короната откако на 1 феб.била пуштена од болница.. Значи најверојатно не создава антитела организмот
Ало ја слушаме владата уште полошо ке биде ,затоа што се крие за да нема паника,тек сега почнува за жал.
Другар ти под хитно треба да го избркаат од работа. Вработените немаат право да прекажуваат што зборат пациентите и ништо за нив. Има нешто што се вика медицинска тајна и плус овде немир праиш со муабетиве
Имате среќа што не сум модератор иначе ради вакви работи и ширење паника бан ќе јадевте. Еден случај е регистриран засега, пациентката што се вратила од Италија. А ако некој издава информации за жената која е, од каде е и слично исто би го санкционирала затоа што по фејсбук и твитер веќе почнаа јавни повици да се каменува на плоштад. Дали мислам дека носи вина што во пик на зараза одлучила вака да патува? Да. Дали мислам оти и 1000 други го имаат истово ова направено? Да. Дали мислам дека носиме општествена одговорност како луѓе? Не. Дали треба таа како поединец камења на улица да јаде? Исто не.
Се крева паника за џабе. Уште од првиот пат кога кажаа на вестите за вурусот во Кина, знаев дека е све политика. Не можам Фејсбук да отворам од толку многу статии, коментари, и уште 300 глупости. Не знам како да им објаснам на поединци што е вирус, и како тој се пренесува. Не нарачувале од Али експрес имало корона Друго, смртноста е всушност многу мала, жртвите се лица во одминати години со 7 други заболувања и вирусот ги докрајчил. Има над 10.000 Кинези што се опоравиле од вирусов, терапија нема симптоматска е. Значи, мора да се намали паниката кај граѓаните и да се спречи материјалната корист ( геловите за дезинфекција и хируршките маски скокнаа со цените ) Не е крај на светот. Едит: пијте течности, многу овошје, миење на раце и одбегнувајте собири. ( истото што треба да го правите и секој ден ) Ќе помине кога ќе се кренат температурите, па некој друг вирус ќе дојде и така...
Луѓе жената била пред еден месец во Италија. Нема ни недела кај што се разбра дека во Италија има корона. Од кај да и текнело нејзе пред еден месец? Второ, таму била на шетање, што може да прави освен да се врати дома. И трето и најбитно, била на лекар во Италија и ја лечеле од грип. Нашето здравство го критикуваме ама за мене поголем пропуст од тоа да ти дојде пациент и да не препознаеш дека има корона и да го пуштиш да си оди, нема. Жената воопшто не е крива. А неандерталци што повикуваат камемување на жената, па што и да очекуваш друго од ваков народ
У склоп на муабетов, прееска читав дека италијанците тие што ги излекувале ги лечеле со терапија за ебола.. и се покажала како успешна во нивните случаи.
А што е поразлична терапијата за ебола од терапијата за сите вируси каде што лекувањето е симптоматско?
Криеле цел ден за заболената. Не кажаа веднаш, смислуваа стратегија што да кажат. Исто и јас приметив недоследности во изјавите. Нај коми трагично ми беше делот кај што Филипче ломоти околу инкубацијата, вика: не се секирајте , на пациентката и е 14 ден, не е заразна??? Ало, па нели и со 21 ден имаше случаеви што се заразни. Изјавите им се тотално лажни. Ако внимателно ги слушаш сите тројца ќе им ги фатиш недоследностите.
Како пишуваш, како да никој друг не слушаше прес -конференција. Си кажаа дека 14 дена била болна во Италија каде била на гости, ама таму нема здравствено осигурување и морала да си дојде во Мкд.Кажа дека е во свесна состојба, не е на апарати и дека луѓето што патувале со неа се исто во карантин се до поминување на 14 дена т.е. период на инкубација. Од каде ова дека изјавите се лажни ?! Зошто се обидуваш да внесеш немир ?
Не е.. НО на форумов вчера дискутиравме со една членка (не е на темава) дека само со парацетамол ги лечеле.. и тврдев дека не е така. Па затоа што ја чита темава а немаше аргументи да продолжи со парацетамолот, еве тука нека прочита Да не испадне дека со сила сакам да продолжам да и докажувам А и за сите оние што читале и недочитале па мислат дека само со парацетамол се лечи.. затоа што знам дека и такви има, ги читав по Фејсбук не е еден, стотици ..
Па тоа е...лесните форми со течности и одмор, по потреба антипиретици и аналгетици, потешките форми вклучуваат антибиотик ради можни компликации, евентуално кислород ако има проблеми со белите дробови. Исто е за најголемиот број респираторни вируси, и за еболата. Прочитав некаде глупост дека со вибрамицин се лечел вирусов, пукнав од смеење.