Не верувајте на ништо додека не слушнете официјална информација. Некогаш имам впечаток како некои луѓе да се хранат со оваа паника. Како што кажа една членка погоре, којзнае колку им е досадно. Бан да кркаат сите што шират рекла казала муабети низ темава. И сите што вадите изјави од контекст. Не сте интересни. Има луѓе што се големи паничари а стресот не е воопшто добредојден во моментов.
Доксициклинот сам по себе не ја лечи маларијата, иде во комбинација со кинин. Ама тоа одамна не е лек на избор кај маларијата, има други лекови на кои им се дава предност, односно се поефикасни. Глупаво е да се шират вакви дезинформации. Оти и онака луѓево тука го пијат вибрамицинот како бонбончиња да јадат, во паника може да почнат и така да го пијат, без причина. Што не е во ред.
Луѓе не е ова чума. Полека малку со паниките. Вирусот е од типот на вируси кои го напаѓаат респиратотниот систем. Нос, грло. и ако си склон кон спуштање на плуќа може да дојде до пневмонија или бронхитис. Клиничката слика е иста како кај грипот со таа разлика што за Х1Н1 има вакцина со која ранливите категории се покриваат и не ги фаќа во појка форма на компликации а за ова нема вакцина. Заради тој факт се препораките да не се шири брзо. Заштитата е иста како кај грип ; Миење раце Ако си болен не оди на работа седи дома ( ако си имал контакт или се сомневаш на овој вирус јави се во ЦЈЗ и ќе те спроведат на тестирање) Избегавајте масовни собири, манифестации, гужви ( ова важи и за обичен грип кога владее не само сега) Ако кашлате и кивате покријте се со лактот или со марамче за еднократна употреба ( палома) не оние текстилните затоа што вирусот опстојува до 6 часа на ткаенина ( ова е исто и за обичен грип). Пијте повеќе витамини. Не ширете овде информации од типот на комшивката внукот од машка тетка на гравче видел вака онака.. ако ви е да се правите интересни тролајте на други теми.
Да, изјавите не им се доследни. Ако ја „фатиле на граница“ како случај мислам, зошто тогаш патниците со нејзе во комбе ги пуштиле прво по дома да си појдат? Значи не ќе да е така. Дури синоќа на другите патници им пратиле полиција пред врата. Ако имало потреба ќе ги прибрале по болници во понатамошен карантин. Ако ти како власт знаеш дека имаш случај во комбе со други патници, се знае сите на друг протокол ги ставаш, а не прво по дома. И како може да изјави дека 14 ден не е толку заразен? Самите научници не се сеуште сигурни како функционира вирусов, па затоа им се деси и на 21 ден да се шири зараза од некој пациент, а овој нашиов ќе не теши дека на 14 ден не е толку заразно. Абе ај!
Не верувајте на се што ке прочитате. Доксициклин не е лек за маларија бај д веј го даваат како профилакса при недостаток на малероне за тие што патуваат во земјите каде има ризик,оти кај нас друго нема што да се даде. Доксициклин се употребува за многу други болести со кои секојдневно се среќаваме. Не се паничете само следете препораки,друго нема.
Да. Навистина е така. Треба да се следат само официјалните препораки од стручни лица, но не и приказните од социјалните мрежи, како на пример оваа за Вибрамицинот.
Не е фатена на граница затоа што не кажала дека е болна!!! Да кажела дека е болна немало никој од тоа комбе да влезе во Скопје и Струмица туку сите ќе биле спроведени на Инфективна според протокол.
Значи цел ден вчера, а и претходно се даваа препораки како да се внимава и народов уште не научи да покрива уста кога кива и кашла и да сврти глава. Па мечка од планина да симнеме ќе научи. Ова некултурава никад нема да се искорени, а треба да очекуваме дека ќе следат некој протокол. Ќе бидеме први на листата каде што има повеќе луѓе на токсикологија отколку на инфективно. Ќе се потруе народов со свашта ама да покрие уста, нема.
Некој компјутерски најарно. Па да се рокне и веб 2.0 и сите права и слободи, на секој што ќе му текне да пишува и да крева апокалиптична тензија. Ќе се чита Нова Македонија во огромен формат и ќе има 2 тв канали на ТВ. Што има поарно од контролирани информации? Демек многу сме слободни вака и све знаеме? Тикви. Пострашен е воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме секој ден, отколку овој ф... Ковид. Сега продолжете со паника.
Па како што идат до сега. А, изгледа на народов и така му треба за да се крене свеста да се мијат раце често, и да зема витамин ц. Како тоа да не треба да се прави секојдневно. Се згрозив јас од околината. Ниво на образование нула, ниво на хигиена во минус.
Лани за морбилите некои мува не ги лазеше, упорно си шетаа навака натака невакцинирани деца. Сега паника на високо ниво. Епа седете дома додека помине букава, што не е ни лошо. Ништо нема да ни биде ако не појдеме еден дел по молови, игротеки, лизгалки, нишалки и слично.