Имајте на ум дека во Италија месец дена има корона пред да го објават и да видат дека кај нив има. Во тој месец дена колку дошле од Италија? Така да, полека.
Мене па ми се допаѓа колку е крената совеста кај народот. Колку-толку. Со тоа што нема антибактериски и маски, значи сепак не сме толку ,,батал,, како што велите. Ги следат препораките и се штити народот. Друго е што не може да се надвакса оти и Алкалоид нема толкаво производство. Несовесна е жената која не се пријавила на граница. И тргнала болна со уште 15 патници. Па макар и со дијагноза само грип да е, пак е ризична.
Зошто сите ја сметаат само опасноста од Италија? Заразени има и од Хрватска, Србија, Грција,Германија, кои може би патувале во иднина во Македонија, нашинци или странци. Цело време сте се фатиле за Италија. Опасноста може да дојде од секаде.
ako se dvajca batal neznaci deka cela drzava e takva .. Makedonija ima pameten narod ne sme nie primer kosovo ili nekoja zatucana drzava
Прееска ми излезе ова на фб Свечен дочек..значи србите не планираат до 14 март короната да им стигне барем планираат Прееска бев и во друга аптека да купам за дедото лекови и прашав за маски и средства за дезинфекција..ме гледа таа и ми вика - касниш! Не мора и другите аптеки да ги шеташ - нема во ниедна Ох си викам во едно селце како што е берово ако нема кај што сме шака луѓе, што остана за големите градови.. Јас мислев дека барем во една аптека ќе има ама сум се зафркнала.. Не дека имав намера да купувам, ама чисто онака прашав Е да.. уште не се нападнати маркетите тука, освен што брашното го снемува
Mислев денес макарони со некој сос да направам дома, и тамам да купам за пауза. Кога оно..влегувам во кам, ќораво пакетче макарони нема! Годнолите со зејтин празни. Следно отидов кај млечните и сувомеснатите производи, и тие гондоли празни. Оставиле само по некое сирење и златиборски колбас, и по нешто скапо со цена над 200 денари. Кај замрзнатото месо иста ситуација. 'Навалија цела редица, буткаат раце до крај на кутиите во очај дека ќе најдат некој залутан продукт' ми вeли касиерката, а јас ја гледам онака мутаво и бледо. Не е ниту смешно веќе, мизерно е.
Незнам за вас мене денот ми почна исто како и вчера исто како и мината недела и минатата година. Не почувствува дека нешто се има сменето се ми изгледаше исто како и секој ден. Изгледа само мене така ми е? Инаку ми рекоа, на телевизија рекле околу 30 лица има во карантин и другите патници со кого биле во контакт. Вистина е? Исто некој погоре праша дали веднаш ќе ги пуштаат, не нема ќе бидат во карантин 14 дена, така е по протокол. Исто така нема втор случај имаше тестирано од вчера ама негативни се, не ширете невистини.
Којзнае колку случаи и од кога ги имаме овде, си го прележаа луѓево и никому ништо. Можеи јас имав, може цело семејство имавме корона, од нова година наваму се убивме од кашлање месец ипол, дури срединава на февруари се опоравивме комплетно. Вирусот како и грипот е смртоносен за луѓето кои секако треба да се пазат постојано поради годините или ако имаат некоја хронична болест. Пишува дека вирусот можже да се прележи и во ептен блага форма и човек да не побара лекарска помош, се зависи од имунитетот на личноста, може само со кашлање и блага температура да се прележи, а знаеме дека ние возрасните за обична кашлица и благо покачена тт не пиеме ни чајче, а камо ли за тоа на лекар да отидеме. Се ова ќе остане чудо за три дена, ќе се стопли и бидејќи не е резидентен вирусот на топлина, ќе го снема и се брзо ќе се заборави.
Кој сака нека се лути смешки ви е скопјето. Кога имавте земјотреси правевте стампеда сега зошто ги празните маркетите во најголемите гужви??? Увоз извоз транзит на стока не е забранет секој ден пристигнуваат нови производи. Пациентката од Италија е можеби hoax по пат на 1 h од дома сама се сетила дека е болна хахајахахахах како беше приказната. Не верувам во опасност од короната, некој прави бизнис профити и експерименти со широките маси.
Ќе почнат да тестираат се живо и диво и на крај ќе снемаат исто као тука, од вчера донесените се тестираат само на мед персонал и луге со вистински симптоми и контакти со заболените. 95 посто од регеансите биле негативни, замислете колку потрошиле, но ситуацијава е под контрола знаат кој треба да се тестира кој не од створената енормна паника за џабе. Преимерот за овде вели, сакаме од понеделник да ставиме се под нормала, да се врати се во нормала, училиштата јавните собири и слично, размислувале за тоа, мислам утре и е состанокот за одлука, најверојатно ќе ги скинат сите мерки. Иначе официјално има 98 заболени тука од кои 3 под мојата општина,позитноста била што почнал бројот да се намалува 80 посто биле дома, многу веќе се излечени и негативни и така. Ова со залихиве за брашно и слично е смешно, како некој што кажа погоре многу пострашни се лугево него коронава. Паника левел бесвест оти мора нешо да се дешава досадно е
Што да очекуваме од држава што чека да се појави вирус за да ставеле сапун во училиштата.. Абе малку е корона за нас.
Ајде де, ние постарите генерации цело средно и факултет го минавме без сапун, па што ни бидна? Ојачани сме, како да ти кажам.
Твитер и Фејсбук ми се преплавени од: прва група луѓе што ги исмеваат оние кои се плашат за сопственото здравје и мислат е многу јаки и никој ништо не им може и се недопирливи, ништо нема да ги допре, и втора група на луѓе што ги гледаме по пат,во автобус,на работа или предвања со маски на лицата и ако некој се закашла одма бегаат и почнале гледам и да празнат маркети што малку е претерана реакција. Ни едното ни другото не е во ред, ама малце пазете како се изразувате затоа што не знаете ничива здравствена историја и зошто некој е толку претпазлив колку што е. Овој вирус пребрзо се шири и без разлика на сите статистики дека попрво кола ќе те акне него да умреш од корона, никој не сака да биде ставен во карантин, поготово не во најскапаните одделенија на нашите клиники кај што е поверојатно дека ќе се доразболеш него што ќе се излечиш,и никој не сака да поминува низ тој пекол да му се смени текот на животот и да биде третиран како закана за здравјето на луѓето во цела држава. Пазете како се изразувате