Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Никој не збореше за прашањето со респираторите туку за грдото понашање на новинарот буквално на секој еден прес.И ако прочиташ малку за него, ќе сфатиш каква мака си има он со сдсм, лични фрустрации и дека е вмровец и не е дојден на пресови да ја известува јавноста од етички новинарски побуди, и ќе ти е се јасно. Свежина беше денес на пресот кога видов дека не е тука
     
    На candy.cane, Larichka8, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не ги тестираат сите што ќе се пријават затоа што нема доволно тестови за жал. Што се 1500 тестови? НИШТО :(
     
    На темјанушка, Nigredo Odor, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.044
    Допаѓања:
    203.789
    Пол:
    Женски
    Не е донесена. Уште работиме и има контроли од ФЗОМ низ цела држава. А тоа што немаме соодветна опрема и нема каде да се набави, не е проблем. Битно да се работи. Да примаме само итни случаи. А тие итни случаи без клешта/турбина не се решаваат. Турбини не смеат да се користат поради распрскувањето. И како да работиме?
    Во светот се секаде затворени стоматолошките ординации, имаат дежурни пунктови со фул опрема. Само кај нас е задолжително да се работи.
     
    На Harper, do-re-mi, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    Може по препорака со матичниот ќе се договара, на дежурен ќе се оди, ама што од другите градови.
    Еве ти падне пломба или итно треба нешто како ќе седиш така???
     
  5. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    9.281
    Пол:
    Женски
    И јас истото го помислив. Ќе ни требаат уште многу тестови. Се надевам дека ќе ги набават со време.
     
    Последна измена: 20 март 2020
    На candy.cane, cresa-jagoda, Milicko* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.044
    Допаѓања:
    203.789
    Пол:
    Женски
    За пломба ќе чекаш. За болка, ќе се јавиш кај матичниот да ти каже што и како. Не смее да се користат машините без фул опрема.
     
    На Cosmic Girl, CameliaMiller, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.568
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200320-163418.png
    Screenshot_20200320-163443.png
    На апликацијата AirCare пред малку стигнаа овие информации со телефонски броеви
     
    На Harper, @ster@, Mrs. Lovett и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Покрај неа и други нејзини колеги имало заболени кои сепак одат на работа?
    Така ми кажа колешка моја од Кавадарци.
    Зошто кријат случаеви, за да нема поголема паника?
    И онака речиси сите сме испаничени и повеќе од што треба :(
     
  9. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Па и самиот министер потврди дека не биле тестирани сите кои се јавиле во Институтот,а веќе имале симптоми.

    @Mantub имаше коментари дека не требало да се прашува сега за тоа,кога приоритет било ширење на зараза. Секако дека е приоритет тоа,ама се што се прави треба да биде транспарентно и да не се користи ситуацијата за да се полнат поединци со пари.

    Ситуацијата и смртноста во Италија ептен голема :o
    А читав на некој сајт,луѓето пак не седеле дома,пак се рашетувале (facepalm)
    Се надевам само дека процент на смртност е близу 10,зошто бројот на заразени е многу поголем,отколку што е,само тие се без симптоми или лесно го пребродуваат вирусот па не се тестирани и затоа не влегуваат во статистиката. А ако е реален бројот на заболени, и бројот на умрени,тогаш :x
    Многу жално како и да е.

    Секоја чест на Филипче за однесувањето,за зборувањето,за начинот на кој одговара на прашањата :clap::clap::clap::clap::clap:

    Останативе само читаат она што им е запишано.
     
    На candy.cane, eli25, P.S.love и 6 други им се допаѓа ова.
  10. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    2.038
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Сто пати се кажа, ако се изолираме, така се заштитуваме себе и другите. Попросто од ова не знам како да се објасни. И пак има луѓе што ова не го разбираат и не го применуваат.
    Се дури има шетачи, ќе се случува вака!
     
    На Dadusicka, @ster@, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  12. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    44.327
    Пол:
    Женски
    Филипче пред пет минути на фб...

    На светско ниво, бројката на заболени лица, во изминатите 12 дена се зголеми за 100 илјади и во моментот вкупниот број заболени во светот е близу 250 илјади лица.

    Како резултат на порастот на заболени кај нас, Комисијата за заразни болести предложи да се обединат капацитетите на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“.

    Вкупниот број дијагностицирани пациенти во нашата земја сега е 70 лица. Притоа, од трите новодијагностицирани, едната пациентка патувала во Србија. Вториот пациент е роднина на жената од Штип, којашто од вчера најавивме дека ќе биде тестирана, а третиот пациент е од Скопје. Во моментов дијагностицирани пациенти има во: Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид.

    Сите пациенти се со релативно стабилна клиничка слика, лесна до средна, додека пациентката, која е на респираторна машина е единствената која е на механички асистирана вентилација во нашата земја и таа од синоќа е во многу критична фаза. Се прават сите напори во однос на дополнителна поддршка и терапија за подобрување, но и натаму нејзината состојба е навистина покритична од тоа што беше во текот на изминатиот ден.

    Во однос на останатите пациенти, нивната состојба е непроменета и во текот на вчерашниот ден и денеска е направена домашна визита кај пациентите, кои се на домашно лекување, има пациенти кои избираат да се лекуваат дома и да не бидат хоспитализирани, бидејќи нивната состојба тоа го дозволува, согласно изработен алгоритам од стручните лица на Клиниката за инфективни болести.

    Во однос на состојбата со респираторите, нашата земја во моментот располага со 120 машини за дишење и дека согласно светската статистика - 5% од 1000 заболени се на респираторна машина, тоа значи на бројка од илјада пациенти, претпоставка е дека ќе има 50 пациенти кои се на респираторна машина, при што најави дека се прават напори за набавка на нови респираторни машини, но како што посочи, проблем е што машините во овој момент се запрени во Бразил, со одлука на нивната влада и во тек е интензивна комуникација со МНР и нашиот амбасадор во Бразил за што побрзо надминување на оваа состојба.

    Многу земји во светот го запреа извозот на респираторни машини чувајќи ги за своите пациенти. Се надевам дека ова ќе успееме да го направиме за краток период, но во исто време од денеска веќе имаме и друга добра информација, а тоа е дека и Кина веќе резервира 200 респираторни машини. Тоа го потврдија во текот на денешниот ден и треба да се формализираат актите пред тие да стигнат во нашата земја. Сакам да кажам дека и во овој момент располагаме со доволен број респираторни машини.

    До денес вкупно се направени 888 тестови и дека лабораторијата во Институтот за јавно здравје располага со дополнителни 1400 тестови. Исто така, е донесена одлука за избор на уште илјада теста, а најавена е и донација за дополнителни илјада, појаснувајќи дека илјада тестови ќе бидат на располагање секоја следна недела за нашиот институт и 300 во кое било време во лабораторијата во Клиниката Жан Митрев.

    Во насока на реорганизација и зголемување на достапноста за земање брисеви, на територијата на Скопје од понеделник ќе функционираат два пункта, во рамки на Здравствениот дом Скопје во поликлиниките Чаир и во Јане Сандански. Пациентите ќе закажуваат телефонски, преку системот МојТермин и со тоа значајно ќе се зголеми достапноста до оваа услуга.

    Мерките се согласно препораките на СЗО, и согласно степенот на ширење на вирусот. Со оглед на тоа што има податоци дека многу често мерките не се почитуваат, дека во текот на денешната седница на Влада ќе предложам заострување на одредени мерки, посебно во делови од државата каде е регистрирано непочитување.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, Biljarkata и 12 други им се допаѓа ова.
  13. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    20200320_165752.jpg
    3 нови случаи
     
    На @ster@, cresa-jagoda, Demiii и 2 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.992
    Допаѓања:
    276.414
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    121.466
    Пол:
    Женски
    Не, принт скрин од фб страната на министерот Филипче.
     
    На CameliaMiller и smile:) им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    19.982
    Пол:
    Женски
    Имам другарки во Германија и баш правев муабет како е таму, кажуваат дека за разлика од тука таму мерките за заштита биле многу слаби. Т.е секоја покраина си донесувала одлуки што ќе преземе, така да во некој места пример не се оди на работа во некој да. Дека многу граѓани воопшто не се замарале и се однесувале како и вообичаено, а бројот на заболени секојдневно растел. Излегува дека не само македонциве се заникаде со почитување на мерките за заштита.
     
    На candy.cane, темјанушка, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.301
    Допаѓања:
    185.866
    Па затоа и случајот со кавадарчанецот намерно не го спомна
     
    На cresa-jagoda и ivanchos им се допаѓа ова.
  18. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
  19. SmartyWifey

    SmartyWifey Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Човекот синоќа е тестиран во Жан Митрев, кога побарале по симптоми да го тестират на клиника му рекле дека е бронхит, а не корона. Цела недела го лечат од бронхит човекот, затоа дома му одеа сестри да го буцат. Чекаат потврда од ИЈЗ за случаите. Човек што сака да се скрие не оде самоволно да се тестира на приватно.
     
    На BloodElf, темјанушка и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Од фб страната на министерот