Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Се чита она што се сервира.
    Не за џабе кажав претходно, медиумите ни се срање, се ќе напишат за читаност што е многу далеку од вистината.
     
    На prominent, Rama, thequeen95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Некако ми е контрадикторно ова нели? Зошто побогу носат маски медицинариве кои се во допир со заболени ако истата не ги штити од вирусот? Од мода ли?
     
  3. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Нормално дека СЗО ќе каже дека не треба маски да се носат кога е криза во цел свет. Што треба да кажат да, треба да се носат маски и да се створи поголема паника?
     
  4. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Види вирусот е нов односно измутиран, така да не се знае точно, ама досегашните истражувања покажуваат дека не штити, ама го спречува да излезе.
    А и да штитеше како што кажа еден англиски доктор тогаш на дневна база треба да се менуваат 2 или 3 дневно минимум да се ставаат исправно итн.

    Медицинскиот кадар носи зашто таков е протоколот, а и тие не носат само маски...

    А и се ставаат во карантин и сестрите што стапиле во контакт со нив иако биле заштитени.
     
    Последна измена: 27 февруари 2020
  5. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Дури и да штити голем број од луѓето ја ставаат неправилно (со нечисти раце и др.) И ја користат на долгорочна употреба што не е препорачливо
    • If you wear a mask, then you must know how to use it and dispose of it properly.
    • Masks are effective only when used in combination with frequent hand-cleaning with alcohol-based hand rub or soap and water.
     
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Како и да е.
    Државата е должна да обезбеди доволен број на маски во аптеките ако за ништо друго, за атер на луѓето кои имаат хронични заболувања, постари луѓе со слаб имунитет и слично. Не може да нема никаде маски и одговор да биде „не ви треба“.
     
    На Rama, Mrs. Lovett, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Не сме само ние цел свет има недостаток на маски,гелови и други медицински производи затоа што се фокусираме на војни, ракети, оружја итн а за здравјето кому е грижа
     
    На Nausicaa, Rama, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.640
    Пол:
    Женски
    Карневалите ги откажаа овде во Грција каде што живеам.. инаку овде има тројца заболени моментално, двајца во Солун , еден во Атина..
     
    На Magic13, sjdgo и smile:) им се допаѓа ова.
  9. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Добро да ве прашам зошто мислите дека методите на Филипче се неразумни и не помагаат.

    Па што мислите, нему комшијата му кажува какви мерки да спроведе, се кажува сзо што,како и зошто, всушност тој само официјално ни кажува што да правиме или дека мерките се на сила.

    Во вакви случаи министрите спроведуваат многу малку мерки на своја рака. Истите мерки важат секаде.
     
    На crimson, Stephen Amell, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    До каде отидоа лугето,вчера прочитав коментар хидроген петрооксид кој се користи за надворешна употреба не знам што дозирање беше со капки во чаша вода и да се пие.Мани друго имаше и дозирање за мали деца.Од кога почнавме да пиеме средства за дезинфекција.Ова баш е лудо(facepalm)
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не е Филипче проблем, туку Спасовски и цела негова врхушка. Гледаат дека има епидемија и интенционално не ги затвараат границите. Каде е тука логиката? Не бара народот трансферот на материјални добра и трговија да запре, туку бара да нема влез на луѓе од надвор. Не само од Италија, туку од сите критични подрачја. Бар на еден месец, дур температурите не се покачат. Не за нас ,,здравите" eте во чест на хронично болните и постарите лица кои ако заслужија повисока пензија, вајда заслужија и да ја доживеат. :D
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  12. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Природна селекција.
     
    На WildMk, ku4ence и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека се празни маркетите во Скопје, не ширете паника. Во аптеките нема маски уште пред две недели кога бев да земам за близок член на семејството, а вогмаски нема уште од декември, освен тук тек во некоја забутана аптека. Нема потреба од дезинформации па луѓево "шо не обезбедиле залихи" да се потресуваат. Можеби вчера имало навала, денес барем не е празно.

    Тоа што се откажуваат карневали, фестивали е супер безбедносна мерка, чисто за да не се шири и би било океј и кај нас да се одложат карневалите и Златна бубамара бар за некоја недела. Јер боље спречити него лечити.

    Едит: А тоа што народот нема верба во здравството треба да биде шамар и за државата и за докторите и да се освестат дека тоа што се прави со години наназад е поразително и води до недоверба во истите и на штета на оние кои навистина се вложиле и се врвни експерти.
     
    Последна измена: 27 февруари 2020
    На cresa-jagoda, referentka, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    За срамота! Немаме никаква општа култура!

    • Хируршките маски, овие шо ги препродаваат се најголеми дебили во целата држава.
    • Личноста шо била свесна за тоа дека е болна и пак се одлучила да дојде во Македонија.
    • Образованието и здраството шо чекаа да се појави вирус за конечно да стават сапуни по државните објекти.
    • Апокалипсата по продавници и нехуманото купување на производи демек “за секој случај“.
    • Цел народ треба да го заплашиш со смртоносен вирус за да им текне раци да си измијат и да стават рака на устата кога киваат или кашлаат.
    • Ширењето на дезинформации од небитни медиуми шо пишуваат статии само за да штракаат луѓето.
    • Неспремноста на целото здраство, неукиот народ, дивјачко однесување,...

    Овие Филипче и екипата ги жалам. Не знаат како да ја оправдаат болната. Зборат, ни сами не знаат шо кажуваат. Ништо не им се поклопува. Пробуваат да кажат на смирен начин за да не креваат паника луѓето, ама не им успева.

    Јас сум торално разочарана од тоа колку сме само проста маса!
     
    На H.VAGA, xxx-ba, supergirlmb и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Тажно е што треба да се кажува толку пати дека треба да се мијат раце ,дел од основна хигиена е ама поединци не ни користат сапун не ми се верува :worried::puke:
    Прочитав еден флаер во него објаснето како во забавиште кога те учат дека треба после автобус ,после одење во веце итн.. да се мијат раце.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13, Mrs. Lovett и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Јас па не можам да ги разберам луѓето што толку многу коментираат дека било тажно што толку многу се повторувало дека рацете требало да се мијат и да се одржува хигиена.

    Не, не е срамота. Превентивни мерки се тоа. Ако треба и 200 пати на ден нека се повторува. И не, не е само во Македонија тоа, туку секаде во светот. Важно е да се подигне свеста на народот, дека хигиената треба да биде на многу повисоко ниво од обично.
     
    На faye, Rama, Sejfullai и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Што превентивни мерки тоа е најосновна лична хигиена како и миење заби , а инаку кога нема вирус не миеш раце ?
     
    На cresa-jagoda, Amellie13, Mrs. Lovett и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    Италија како жариште од каде се сите нови случаи во Европа,многу пропусти во справување.
    Ги третирале како воспаление на бели дробови.
    За што говори
    Др Нела Сршен од болницата во Падова.
    https://www.tportal.hr/vijesti/clan...zimaju-trebalo-je-obaviti-puno-prije-20200224
     
    Последна измена: 27 февруари 2020
    На H.VAGA, Biljarkata и nena2010 им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Се сомневаат дека папата го фатил вирусот, бакнувал и поздравувал луѓе на некој собир во Италија и сега не се чувствувал добро.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.555
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира овие што ќе бидат 14 дена изолација дома, како ќе се контролираат дека не се шетаат низ град? Конкретно патниците што дојдоа вчера и нвните семејства се 14 дена дрна ослободени од работа и треба да се во изолација. Кој ќе ги контролира ако знаеме дека имаме навика да велиме: Како не бе ништо немам.
     
    На cresa-jagoda, senjorita-v, ku4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.