Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.505
    Допаѓања:
    45.859
    Пол:
    Женски
    Значи, на страната кај што гледаме сите :
    прва колона - активни случаи + излечени + починати
    Претпретпоследна - само активни случаи.
    Пишува 77 во првата колона затоа што имаме една излечена и 76 активни.На тв и од министерство ги кажуваат само активните случаи , а не ја рачунаат излечената зашто е пуштена од болница.
     
    На Purplelilac, Sejfullai, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Имаме вкупно 77 случаи со прво заболената која веќе е негативна на корона вирусот, а имаме 76 активни случаи. Постои една колона total cases каде што ги пишуваат сите случаи без разлика дали се активни или завршени (извлечени или починати) а има и колона active cases каде што ги пишува сите активни случаи. Има разлика.
     
    На Purplelilac, Компир Манџа и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Мислам ситуацијава по малку им бега од контрола па затоа Филипче пиша дека само еднаш дневно ќе кажува и веќе не се води евиденција кој од кого заболел.
    Досега кажуваа има 6 нови случаи...има 3 нови случаи...па сега не паничете кога одеднаш ќе каже двоцифрена бројка на нови заразени.

    Исто информираше овој заразен бил во контакт со оној заразен, а сега изгледа бројот е рипнат и не може да се снајдат.

    Очекувано е.

    А и кој знае колку седат дома со симптоми, тестови се намалуваат, некои лажат дека се болни и така.

    Ама се тешам дека барем овие заболени официјално што ги знаеме дека се веќе во болница. Барем нема да го шират вирусот.
     
    На CameliaMiller, candy.cane, Nane2356 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. k3x

    k3x Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    114
    Во ниту една држава, здравствениот систем нема да издржи со стотици или повеќе заразени со нешто ново, каде што нема никаков лек или третман во исто време.
    Доста зборите леле какви ми се, овакви сме, не не бива, бла бла бла.
    Во италија, шпанија и останати држави, колку има што се заразени колку има што се мртви?
    Да повеќе народ се, нивната бројка изнесува +500 на ден, вие тука кенкате на +7 секој ден што има.

    Друго, и останатите држави, каде што има милионски нардо, здравството им тоне, од немање на кадар, недоволно маски, недоволно кревети, голем број на заразени од еднаш, недоволно вентилатори.

    Ние сме ни први ни последни со овој проблем. Ова е глобален проблем.
    Во Тајван е најдобро се гледа, менталноста на луѓето и за сериозноста. Тие беа најспремни од сите држави. Затворија се, тестираа секој, надвор ако излезес од згада, ќе те тестираат.

    Сите европски држави ова не го разбраа како сериозно. Епа сега сите ќе ги сркаме гомната.

    Нема да ме чуди.држење на дистанца и карантин да биде до крај на годинава.
    Спремете се за сериозно ова да го сфатите, и да промените некој разботи во вашиот живот.
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.420
    Пол:
    Женски
    https://press24.mk/dr-dragan-danilo...s-najverojatno-kje-mora-da-bide-zadolzhitelna
    до 12ти април вика 900 :o
    Многу се бе ;( Кај да бегам Боже Господе
    Ќе избегам на пуст остров 8)
    Шо си праам филмови до пред зграда не ми даваат да искочам, на пуст остров ќе бегала (facepalm) *почнав сама со себе да зборам
    EBE6B69C-3DFC-4266-9787-54E24AA6F11D.png
    паметно искрено, и кај нас треба вака.Пошто народов е несовесен и купува ко батаљон да има дома.
    Кој ќе купи повеќе по 1 брашно/ориз/сол/шеќер (зборам најосновното) дупло да си плати :!:
    Па пак купувајте по 500 ствари.
    Од Рамсторов под мене ги гледам на паркинг кога идат, сите со количките пуни до ГОРЕ.
    И се знае шо е главно, тоалет папир 8) па тоа ли ќе јадете бре
     
    На candy.cane, Ladybug98, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.373
    Допаѓања:
    227.352
    Пол:
    Женски
    Денес во цибус една жена проба да земе 17 суви квасеци и уште толку свежи. Многу месела она.
    Секако, на каса ја вратија.
     
    На Harper, CameliaMiller, candy.cane и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.420
    Пол:
    Женски
    Месела жими мајка
    Нека ми напраи еден бурек ако меси толку.Душава ми искочи за бурек :)
    Без осет.
    Ја пишував пред некој ден, пазарам во Стокомак, ја трупам чипсови, грицки онака junk food
    Рачунајте ја дур полнев корпа и барав низ рафтовите тоа што ми треба за дома.
    Женава се утепа од барање квасец и после мене на таа лентата извади 10на квасци на Зико ама не од оние малечките во кесичка, прв пат видов такви, цела плочка беа :o
     
    Последна измена: 21 март 2020
    На candy.cane, Doozy, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  8. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Нови мерки:
    1. Се задолжува Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи на 21 март 2020 година (сабота).

    Владата го задолжи д-р Венко Филипче, министер за здравство, да определи двајца епидемиолози што ќе присуствуваат на седницата на Влада, со цел да ги образложат предложените мерки и препораки на членовите на Владата.

    2. Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.

    3. Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата

    4. Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови и условите на преземање и транспорт на лицата до објектите во кои ќе бидат сместени овие лица во државен карантин. Плаќањето на авионската карта за организираниот лет ќе биде на товар на патникот, додека трошоците за сместување, транспорт од аеродром и храна ќе бидат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија.Периодот во кој овие лица ќе бидат сместени во државен карантин да биде најмалку 15 дена, веднаш по нивното слетување.Лицата кои ќе бидат сместени во државен карантин да бидат по едно до две лица во просторија.

    Да резимирам: ПОЛИЦИСКИ ЧАС НЕ НИ БЕГА
     
    На nextredstyle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Што е со страницата на која што ги следевме бројките за вирусов?
    Има некоја нова на која што можеме да гледаме?
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    26.711
    Малце ако сте разумни би сфатиле дека веќе е невозможно да се води евиденција кој со кого зборел/збори, кога илјадници луѓе се' уште работат. И да седите дома илјадници, останува фактот дека други илјадници се' уште излегуваат и се мешаат меѓусебно. Тоа значи дека се' уште ќе се шири заразава и секој ден ќе има новозаболени. Што не е јасно?

    Знам, срање е. Но тоа е реалноста во која живееме сега. Нема враќање назад. Сега се' што ни останува е да пробаме да се штитиме најдобро што можеме и да се соочиме со фактот дека можеби ќе заболиме. Џабе е полициски час и самофалење дека седите во изолација која има илјадници што мораат да работат надвор од домот. Во најмала рака, помеѓу тие луѓе ќе се шири заразата.

    Станува збор за пандемија, низ цел свет е раширена заразата, според вашата логика ниту една држава и ниту едно здравство не си ја врши работата како што треба. Што очекувате да направат сега кога веќе е насекаде раширена? Ако некого сакате да обвините, обвините ги они кај кои прв пат се има појавено заразава. Тие се виновни што споро реагирале, не го ставиле местото веднаш во карантин со забрана за влез и излез. Сега е веќе доцна.
     
    На Harper, Ivan4e04, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.351
    Допаѓања:
    15.642
    Пол:
    Женски
    Сега првпат отворив сајт со статистики од сите држави, и гледам дека има некои со 500-700 случаи а помалку од 10 смртни случаи. И тоа безврска држави што воопшто не очекувам да се подобри од Италија во однос на здравство. Стварно не сфаќам како таму стасаа до толкав процент на смртност кога еве генерално не е толку висок. Дури и вкупно низ цел свет е околу 3% (груба математика), а во Италија е скоро 10%. Нешто фатално утнале таму во однос на непреземање мерки, или имаат многу хронични болни.
     
    На H.VAGA и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. k3x

    k3x Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    114
    https://www.bing.com/covid
     
    На elenaxbbg му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.687
  14. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е второто.
     
    На candy.cane и Spidy им се допаѓа ова.
  15. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.870
    Пол:
    Женски
    Ако поминеме со 5000 заразени, добри сме.
     
    На cresa-jagoda, Nigredo Odor и veteruska им се допаѓа ова.
  16. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.082
    Допаѓања:
    124.294
    Пол:
    Женски
  18. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Комбинација од двете.Колку повеќе народ толку потешко да го ставиш под контрола,по некоја моја логика.Тука сме во предност :D
     
    На cresa-jagoda и Spidy им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.742
    Стигнавме до 85 денес.
     
    На cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  20. k3x

    k3x Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    114
    Мислам владава ќе почне да се свестува повеќе кога ќе ги имаме првите смртни случаеви.
    Тогаш ќе биде воведени полициски час и нема мрдање никаде.

    До тогаш нека мислат дека прават се.
    Моментот кога ќе почнат да одат курбан луѓево можеби ќе сфатат за нешто посериозно
    До тогаш, ние ќе си нервозираме.