Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Доколку животот ти биде загрозен нема да се прашаш како во др. држави се справуваат, туку ќе бараш резултати во својата.

    И не, ова не треба да е репер за споредба и изговор. Особено не кога човечки животи се во прашање.
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  2. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    9.281
    Пол:
    Женски
    Брат ми живее во Скопје (Карпош 1) и вели дека не можел неколку дена да најде маски. Да ве замолам, вие што сте во Скопје да ми кажете, каде може да се купат?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.992
    Допаѓања:
    276.413
    Нивен вработен ми е пријател, исто со нив разви симптоми, се пријави со ЦЈЗ, дојдоа дома го тестираа и испадна позитивен.
    Потоа цела негова фамилија ја тестираа, но интересно, буквално никој друг не префатил, ни жена му.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Јас добив маска од колешка и плус помагав да се шијат за резерва за медицински лица зашто фалат секаде.

    Препораката беше памучни, ама густо ткаен памук, амо имате од оние старите бели чаршави што малку тврди се дури, со такви шиевме најмногу. Ако ви е за една употреба еднослојна доволно е. Ако планирате да ја користите подолго, секако со перење, барем двослојна. Мојата е трослојно и за сега супер е. Обавезно перење, јас ја вријам во тенџере со нежен прашок за перење, поприроден да кажам, и после пеглање, исто дезинфицира тоа до некаде.
    90507897_812517729268306_5210471817461891072_n.jpg Едит. еве слика од маската. Барајте на пинтерест и шаблони и се има.
     
    Последна измена: 21 март 2020
    На Ivan4e04, Skorpija25, Cka и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.146
    Пол:
    Женски
     
  6. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.931
    Допаѓања:
    178.533
    Пол:
    Женски
    Лично мојот живот и те како е загрозен. Со хронична болест на бели дробови и парнтер кој мора да работи во први борбени линии и те како се плашам.
    А не сум само јас во ваква сутуација.
    Па си седам и размислувам.
    Каде да ја киднам и да се "спасам".
    И Да беа отворени границите Не можам да изберам земја и да речам- Е овде ќе одам, оваа држава ќе ме збрини и ќе покаже резултати.
     
    На Ivan4e04, Mishela, Love 83 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Те разбирам, Бог нека ве чува и тебе и сопругот Бубче. За жал ситуацијата е таква.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    11.971
    Пол:
    Женски
    Ете тој префатил од една посета на Срби или евентуално од газдите, а дома луѓето поблиски со него, никој не се заразил.
    Чудна работа ми е што уште не се знае како се пренесува.

    Ист случај и со првата заболена, никој не префати од истото комбе.

    Од друга страна кај други случаи колку брзо се шири.
    Не знам што да мислам веќе. :worried:
     
    На candy.cane, CameliaMiller и Mantub им се допаѓа ова.
  9. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    Прашуваш за маски што да се прави, добиваш одговор и после дискусијата ја одведуваш во сосем друга насока.

    Накратко за респираторите има статистики на светско ниво дека само 5% од заболените имаат потреба од истите. Засега кај нас само една пациентка има потреба од респиратор, што значи има доволно за идниве денови.

    За администрацијата те читам упорно деновиве го повторуваш тоа, а всушност врска си нема со реалноста.
    Не ти реплицирав за тоа бидејќи не сакам да се расправам, но од дома имам што се во јавна администрација и РАБОТАТ без скратено работно време.
    Разбирам дека ти е мака бидејќи имаш блиски во приватен сектор кон кои можеби има неправедно однесување, но не ти е цел форум виновен ниту пак тие од администрација за кои пак ќе повторам РАБОТАТ по регуларно работно време.

    За контроли еден куп членки досега кажаа дека веднаш штом пријавиле, било реагирано.
    И секако дека сите граѓани треба да помогнеме со пријавување, затоа што нема да ни паднат рацете ако кренеме слушалка за да придонесеме за КОЛЕКТИВНОТО здравје.

    Сума сумарум, мислам дека премногу лично го имаш сфатено проблемов како само тебе да ти се дешава, а всушност се дешава на цел свет.
    И цел свет не се справува подобро од нас т.е. со други зборови сите правиме онака како што мислиме дека е најдобро.
    Доказ и непобитен факт за истово се бројките на заразени, излечени и починати почнувајќи од една Франција, Германија, Италија итн.
     
    На Ivan4e04, НаталиЛили, MissChievous и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    Првата заболена била веќе 2 недели болна претходно како што кажаа, а најверојатно се шири пред да се појават симптоми и веројатно првата недела со симптоми. Секако ова е претпоставка и се работи на нејзино утврдување. Затоа веројатно таа во комбето не заразила никој за разлика од другите.
     
    На queen19, Fifi84 и MarigoldA им се допаѓа ова.
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.582
    Допаѓања:
    11.971
    Пол:
    Женски
    И така нека е, во случајов што го спомна Камелија изгледа цело време бил со домашните, и пред да му се појават симптоми и после. :?:
     
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Твоите работат. Тоа не значи дека кај сите е така. Прашај која е разликата кога државен и приватен сектор ќе побараат годишен одмор или боледување. Кому кратат од плата и кој е во лоша позиција и таргет за отказ овој период. Исто така дојди да погледнеш чии автомобили се на паркинг а чии не од понеделник до петок.

    Воопшто ова што го пишувам не е на индивидуален план, туку буквално сите не засега.

    Жал ми е што имаш добиено впечаток дека сакам да ги заштитам само моите родители за кои никаде експлицитно не се изјаснив дека работат приватно, освен можеби како пример.

    И зошто да се прават дома маски кога државата има законска обврска да набави со цел да ги заштити своите граѓани. Во Виола немаше денес после 12 на пример, за разлика од она што пишаа горе.
     
    На Tekki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Од денеска е во функција и call центарот - 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви - материјали во Поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, кадешто веќе е распределен стручен кадар.

    Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот Мој Термин, а после јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во call центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат - да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта.

    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda и Purplelilac им се допаѓа ова.
  14. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Дали е донесен законот за полициски час? Барам на нет ништо нема...
     
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.760
    Допаѓања:
    13.876
    Пол:
    Женски
    Еден полицаец ми кажа дека ќе има.
    Ама не ми кажа кога.
     
    На cresa-jagoda, fificaaa и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.779
    Пол:
    Женски
    За твоите имаше пишано во друга тема па поради тоа знаев.

    Не знам дали навистина не можеш или не сакаш да согледаш колку всушност нашиот придонес не' штити колективно.
    Се повлекувам од дискусијава, бидејќи гледам дека не води никаде.
     
    На Angie1432, CameliaMiller, ForeverYoung и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Ставен е на предлог листа уште прошлата недела кога ви пишав, но ќе се имплементира во текот на следната.
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.309
    Допаѓања:
    133.107
    Пол:
    Женски
    Филипче рече за дополнителни мерки ќе биде кажано по 18 часот.
     
    На cresa-jagoda, veteruska и fificaaa им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Ќе покажат бројките колку се добро имплементирани законските мерки за колективна заштита. Не се брзај, уште е рано.

    Ќе зборуваме кон средина на април за ова живи и здрави. Тогаш ќе се сетиш.
     
  20. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Незнам што е толку тешко да седите дома барем две недели, се додека не се среди и имате одмор да се наспиете, да гледате филм, земи неколку вежби, седи надвор низ дворон со комшии и обавезно со маски и растојание и без поздравување, на ливе камера нешто занимации, само по потреба ќе одите до маркет или аптека. А вие како да сте на распуст и скитате покрај езеро или на скара на планина, значи страшно. Кога ќе добиете од тој вирус тогаш немат каење! Да сте паметни луѓе ова немаше да дојде...за жал.
     
    На lovemme, manako1, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.