Абе луѓенца и да немаше до сеа заболени кај нас гарант ќе пратеа некој да се прошири и низ земјава. Ама тоа е само да не чува дедо Боже друго нема не можеш да се заштитиш треба се да сопре а тоа е невозможно
Намерно не те цитирав, знаев дека ќе го тупиш со тоа, кога нема вирус раце не миеш? Затоа нагласив на повисоко ниво од обично. Ко разуме, схватиче.
Ќе има, мора да има. Може и во една соба да ги стават по 1 во секоја соба и надвор 2 или 3 полицајци за никој да не влезе освен медицински тим
Срам да го фати човек да отиде у маркет да испазари за дома од глупото маЌедонче. И се молат да не ме гледаат луѓето на криво кога кивам пошо алергија имам, немам корона. Тие обични хируршки маски не ве штитат од вирусот. Не се брукајте. А тие госпоЖи и остали кои не го откажуваат патот за 8ми март се дно дна. Јебале ги 8ми март и сВе. Со кој памет да ми е да знам? И не ширете паника без врска. Доволно е само да се одржува хигиена и да немате контакт некое време со лица заболени од грип или од вирусов. На крај краева не се умира така лесно од корона. Ајт.
Така е пошо ние сме специјални, библиски народ, сите само со нас се занимаваат, може и вирусот е пуштен намерно за нас, ама демек од кина да не е ептен дирекно, за да не ни текне
А извини, а како сакаше ние да се подготвиме? Луѓе вирусот е нов, уште не се знае ни од кое животно е пренесен... Ширење на дезинформаци не е само овде случај, секаде го има.
Во 50 земји има Корона вирусот, само кај нас е намерно пуштен. Абе сигурно Италијанците намерно ни го пратија! До вчера со ѓубре не труеа, сега и Короната.. Нѐ мразат нешто овие..
Во Италија пропустот го идентификуваат во тоа што првиот пациент чекал во болница 36 часа пред да го тестираат од корона. 36 часа меѓу персонал, пациенти, влези-излези. Нормално ќе не мразат. Уште од втора светска војна, ние партизани- они германци. Само кинезите не ми се јасни, они нели беа партизани?
Сега читав...Соседите на женава тврдат дека она неколку дена шетала низ Македонија..Не било од вчера..
За тие што прашуваа за карантинот.. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев изјави дека полицијата обезбедува еден објект во Скопје и четири објекти во Струмица каде што живеат луѓе што се ставени под медицински надзор и изолација поради коронавирусот. „МВР е ангажирано за 24 часовно обезбедување на еден објект на територија на СВР Скопје и на четири објекти на територија на Струмица каде што согласно насоките од Министерство за здравство луѓето се ставени во изолација, а се потенцијални носители на вирусот корона“, рече Чулев во Битола. Тоа се лицата кои патувале заедно со жената заразена од болеста.