Зашто тогаш кријат?Или пак таа излажала дека сега доаѓаа од Италија,или пак жената си кажала искрено,но Филипче да не се крева паника рекле дека наводно одма е однесена во клиника,богда чува бре
Да де зашто на овие од министерство да им веруваме, па гледаш овие од вечер велат не тука од пред неколку е соседи за кој што не знаеме дали се вистински кажале Стварно нема смисла на министерот да ми веруваме
Не прави Филипче муабет со неа, туку тим од неколку здраствени работници....плус патниците во комбето. И секој факинг полицаец од гранична полиција може да провери кога и каде влегла...и никој не може сите да ги изменаџира да лажат. А извор на информации "некои комшии" се типични за портали како Вечер...
Соседот рекол вака, министерот така, ама докторот не рекол така, соседот ја видел како се шета, внуката од трет братучед на колегата кажал нови доверливи информации....сѐ се изначитав во темава.Нов случај е ова кај нас, нормално е малку паника да се крева ама со дезинформацииве и правење планови за преживување со купување на вреќи брашно ништо не правиме.Најбитно што се однесува на хигиена да го оствариме, помалку гужви, јавни собири и грижа за имунитетот.Стварно нема ништо посебно што може да се направи моментално. Плус , многу е веројатно од сите странци што имаат поминато низ земјава или македонци што се вратиле од странство да има заразени само или без симптоми или да немаат пријавено зашто се третираат како обична настинка или грип.Ама океј, тоа е само моја претпоставка и се надевам дека грешам. Слушајте што кажуваат официјални извори и полека со филмовите теории на заговор како нѐ лажеле и да не веруваме на никој.Или правете си филмови ама не мора да ги пренесувате вака јавно.
Тогаш верувај на рекла-казала.. Или ние сме попаметни од докторите. Ај да идеме да ги лечеме, не знаат они како треба.
Затоа реков дека жената си кажала како е,но овие од владата за да не се крева паника,си кажуваат како на нив што им одговара,си подлажуваат.
Абе овој народ при пишана цена на онлајн продукт пушта картаљон коментари "цена цена цена" ,а се чудиме што не умеат да разликуваат професионална статија, аргументирана и поддржана со факти, од аматерска, клик бејт страна и очекуваме разумност. Баталете ги. Нека оставаат цела плата по маркети па нека после нека ја криват државата, кога ќе сфатат дека не ни следува судњи дан.
Пошо мора да има некоја криенка, некоја теорија на заговор, некоја шпанска сапуница, да се занимаваме со нешто
А бе овие новинариве плачат кога им се нарушени новинарски права, а новинарски обврски, да не шират намерно паника за да се читани повеќе? Или само правата си ги знаеме
А низ Струмица се збори дека еден од патниците што бил во комбето пред да биде ставен во карантин бил на кафе (Бу кафе, знаат струмичани) Наводно од кафе го собрале и дома во карантин го однеле. Со друштво бил, секако! Тоа се збори, не сум видела јас, ама ете чаршиски муабети кружат. Е да, и жената 50годишната, и она со струмичко потекло, ама не би да ја именувам оти не сум сигурна. А така, познатка е... ќе се слушне за брзо. Пак ќе кажам, муабети од чаршија, може и не е точно. Инаку во Ср има и бутици кои не работат, причина - страв од корона вирусот.