Кој ќути бре луѓе? Ние овде 50 страници што изнапишавме? Министерот што излезе и кажа колку заболени има (1), колку се во карантин, колку се испитуваат, колку се заштитени во домашни услови? Досега една заболена има, се тестираа уште 3 лица кај кои искочи негативно, ќе се следат и другите што патувале со неа, меѓутоа ќе им се прави тест дури по 5 дена пошто тогаш тестот може да покаже дали е позитивен или негативен пациентот на вирозата. Потврдено е која е кај службите, со кои луѓе била во контакт, ставени се сите патници во карантин и се чека. Тој е протоколот, тука, во Шведска, во Германија, секаде. Ене и во другите земји не се откриваат небитни прикаски од тоа кои се и што прават во животот туку се споделува само колку години имаат, рута по која се движеле и како реагираат на терапија. Тоа ние овде чаршиски муабети што си правиме е друг муабет. Од институциите толку можат. Друга тема е здравството, болници какви имаме и персонал, кај што треба критика - треба. Ама што да ви кажат друго конкретно за вирусов кога известени сме за се што е најбитно, колку заразени има, колку во карантин, колку се суспектни и колку искочиле негативни на тестот а идат од жариште на вирус. Што повеќе ве интересира да знаете?
Ова кажува зашто сме загрижени,а не тука не лажат дека корона вирусот е како некој потежок грип кој не треба многу да се паничиме.
Да бе, паника е оправдување. Ставила под опасност 12 други меѓу кои 2 деца. По пат кој знае каде застанале и со кој се во контакт била. Битно она да е добра.
Аманте бре луѓе. Аман!!! Доста веќе. Претеравте. Комшиите велат, вака било онака било. Доста!!! Кревате паники.
Ти така во стаклено звоно ги чуваш децата па за ова си се фатила. Кажаа дека децата не ги фаќа, дури и да фатат шансите се поголеми за оздравување. Така да, тоа што она патувала зела ризик на себе а тоа не значи дека ти треба да идеш да и го пукнеш куршумот у чело. Тоа значи да се грижиш повеќе за себе и да не бидеш како неа. Ете така.
Па треба, со оглед дека ги напаѓа респираторните органи. А она спортистка.. Значи моиве црни дробови да си ги пазам малку поче а
Не реков дека е од италијанците сакам да кажам и да го нема кај нас гарант ќе го пуштат. Како прво апла се гледа дека е вештачки направен вирусот
Во право поголема шанса е да се разболи од грип и да умреш од колку од корона, ама за грипот на никому не му е грижа
Знам дека паника не е потребна, ама па вие што мислите дека сте над вирусот и дека сте кул што не ви е гајле па ич не сте потребни. Денеска споменав дека во Грција имало уште некој заболен. Другарка ми вика "Читаш ли ти тоа..." Замисли, сакам да сум информирана. Ич не ви е убаво. Јас сум сосема информирана за вирусот и неговата опасност и пак ми е страв. Затоа што тоа е над мене. Јас како да не сакам паметов да ми олабави. Иако сум посмирена од вчера.
И мене ми е страв ама вчера сфатив дека паниката си завзема поголем замав. Имам се што треба за заштита, водам хигиената. И колку повеќе не мислиш толку повеќе посвесно ќе размислуваш.
Си бил/била ви допир со некој што бил во Кина или Италија? Бил болен? Значи не паничете. Смртноста е минимална, од сезонскиот грип смртноста е 7% а од овој, нема ни 1%. Полека не скокајте.
Грипот е вирус за кој има вакцина, позната манифестација и третман. Не е за потценување во никој случај. Од друга страна корона вирусот е нов и никој не ви гарантира како ќе се манифестира, се расфрлате со факти кои ги нема, Кина верувам не споделува се за број на жртви и нивниот систем не се споредува со ниеден друг, милионски град ставија во карантин и со дронови мереја тт на луѓе. СЗО се нацртале кај нас оти вирусот е заебанција нели. Не викам да купите вреќа брашно ама периодов сами правете некој карантин избегавајте собири, гужви и нели раце миење. Инаку овие од комбето, возачот е од Струмица, а другите се од околните села и навистина има полициски надзор и им носат храна од Црвен крст. За од Скопје пишува 1 објект, ваљда една фамилија е.