Брашно бе, како трета светска војна прва нуклеарна да не очекува. Ова е нешто сублиминал од медиумите, на некое друго бело прашаче ги асоцира. А овие безработници што немаат живот и раскажуваат на интернет како им поминал паничарскиот ден не знам од каде таа паника кај нив освен да ги стресираат оние што навистина имаат работни контакти секојдневно.
и јас не најдов на интернет таква информација на вести само еднаш слушнав. Ама ваљда било дека вториот пациент бил негативен. Грешка имаат во пренос на информации
На никој не му е смешна состојбата со корона, смешни се ситуациите што народов наш со сила сака да створи состојба на епидемија, празнат супермаркети, прибираат цели залихи на брашно и зејтини... Доколку си имунокомпромитирана веќе би требало да знаеш дека секоја настинка би можела да те "бутне" односно да го влоши твоето здравје. Во Македонија редовно секоја зима владее инфлуенцата, така што заштитата на твоето лично здравје не би требало да биде ништо поразлична од претходно.
@simona_baby јас ваљда лошо сум разбрала. Имало втор случај кој го испитувале дали бил заболен од корона или не. А не дека бил втор случај заразен од вирусот. Опростете.
Ни прв ни последен вирус, ни прва ни последна паника. Лично не ме плаши, а во врска со мерки на претпазливост преземени ми се на време.
Мене не ме секира вирусов. Абе врска немаат лекариве овде. Тоа ме секира. Болен од Грип ќе речат имаш корона а болен од корона ќе речат грип ти е па тој пустиот цела држава ќе ја зарази. Толку ни фали нас. Во Кина дезинфицираат прскаат веднаш пред и после преглед на пациент а овде никаква санитарија немаме. Ни дезинфекции се прават. Значи во најнормални услови каде што редовно треба да се прават дезинфекции по болнициве.
Смртноста од сезонски грип не е 7%. Побогу тоа би значело дека 7 од 100 луѓе што добиле грип умираат. Според статистиката на CDC.gov (центар за контрола на зарази на САД), од 35.5 милиони заразени од грип во 2019 година, умреле само 34,200. Тоа е околу 0.1%. (Извор: https://www.cdc.gov/flu/about/burden/2018-2019.html) Смртноста од корона, направена според студија во Кина (каде има најмногу заразени) е 2.3% (20 пати повеќе), но најмногу меѓу старите лица и оние со респираторни и срцеви проблеми. Кај луѓето под 50 години, смртноста е околу 0.5%. Но кај оваа возрасна група и смртноста на грипот е исто така многу помала од 0.1%. Заклучок: Сепак е поголема смртноста на короната отколку кај грипот.
Од каде ваква дезинформација?! Сите ги фаќа, само денес додека читав 8 деца во Италија беа меѓу заболените.. а сигурно бројката е многу поголема, значи денес само 8 до прееска Студија не знам дали има ама еве ја статистиката за Кина..3.5% смртност во Кина, 3.4% на светско ниво
Не се децава од денес заболени и не се само "од денес, до преска" .Јас за децава од пред 2 дена читам. Не знам на кои медиуми читате иначе децава се дома и без симтоми, дезинформации даваш дефинитивно. Како што гледам и на сител даваат инфо за починатите а не даваат инфо дека истите се над 80 год веќе хоспитализирани и со тешки болести. Значи сакам да ја споделам вистината од нашиве надлежни овде, односно министри премиери и слично. Секоја една вест е напумпана односно не ги дава целосно информациите како што ги дава италија на пример. Ги дава само ударните информации но не и деталите што е многу важно да се знаат.
Витаминке сигурно не се само денес деца заразени, туку секој ден. Да не се правиме на три ипол, има преку 650 заболени во Италија..нема официјална статистика колку од нив се деца ама деца ИМА и со тоа паѓа во вода она дека деца не заболувале.. И нема зошто сител да дава инфо дека сите се над 80 години затоа што не се..Прееска изјавија дека 23год спортистка починала, здрава права..спортист не е заебанција. Пред некој ден 36год почина, па 48год..па многу други под 80 Исто така (на страна од муабетот за децата) мојата проценка од сношти пишана на темава дека денес бројката на заболени во Германија драстично ќе се зголеми, излезе точна.. од 17 на 48 скокнаа.. Меѓувремено прв случај во Нигерија, во Јапонија училиштата ги затворија на 1 месец и тако даље.. Конкретната табела бидејќи има проценти е од https://covid19info.live Инаку за бројката ако сама сакаш да си пресметаш оди на страната на светската здравствена организација и симни го извештајот од сабајле https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/situation-reports/ Таму стои 2747 смртни случаи во Кина ама тоа е од сабајле кога е пишувано. Па извади процент
Има над 650 заболени и 17 мртви точно. Само кај мене има околу 120 од случаите со тоа спагаме втори по ред на заразеност. Детето кај нас во падова нема симптоми и се наога дома. Она што е демантот е реченицата каде што пиша "само денес се заболени 8 деца, значи денес до преска" со што те демантирав. Сите починати се лица си претходни заболувања веке хоспитализирани. Важно е да се знае, јас пишувам она што читам, односно што кажуваат на прес овде. Ниту одземам ниту додавам. Сакав само да го демантирам тоа погоре бидејки не е точно. За другото што кажа се си е во ред. Јас зборував за Италија дека лицата што се жртви се стари и сзнемоштени луге над 80 год, за лицата надвор од ит не знам и не можам да кажам .
Значи од сабајле до вечерва скоро 20 часа и повеќе поминати може драстично да го измени процентот така да ќе се задржам на оној процент од студијата зад која стојат тимот епидемиолози од Кина, сепак ти благодарам и тебе што си се потрудила.
Денес на CNN го слушнав тоа.. 8 нови случаи на деца бла бла бла.. а бидејќи немаат статистики (што страшно мн ме нервира) нема ни релевантни информации.. така да ниту една информација технички не е точна.. затоа што тие шашавите не се замараат со тоа што најмногу го интересира народот, туку трубат 2500 пати како раце да се мијат правилно..
До што сакаш држи се ИСТО е.. извештајот на WHO од сабајле е 2747 починати, мојата табела е од сега и е 2788, што ти менуваат 41 плус или минус за цел ден? Ако толку ситничариме еве вчера бројката беше 2718 починати во Кина, значи бројката се зголемила за 29. Денот пред него бројлата беше 2666, што значи 52 починати за едно деноноќие.. Почекај го извештајот од сабајле па ќе бидат 2800.. и пак ништо нема да ти значат тие 20-30 повеќе или помалку затоа што процентот е тој - 3.5% и секој ден бројот на починати ќе се качува, процентот ќе варира во зависност на новозаразените и излечените и тоа е тоа..