@vitamina Дали вие луѓето мислам од вашиот дел,може слободно да се движите,излегување од град/село,одење каде сакате или нема мрдање од местото на живеење?
Ќе варира и во однос на бројот на вкупното население со кој го делиш за да добиеш процент, а е варијабилен за сметка на дневна вредност на наталитет и морталитет на вкупното население. Има многу статистички варијабли со кои се манипулира во целава ситуација.
Бројката не е од вкупното население туку од ЗАРАЗЕНОТО.. толку % умреле, толку % се излечиле..другите се лечат и нема сознанија кога ќе се излечат или умрат.
Не се согласувам со тебе ако зборуваме за преваленца. https://sr.wikipedia.org/wiki/Преваленца Преваленца је статистички појам којим се у епидемиологији изражава укупан број оболелих особа унутар неке популације у датом временском тренутку у односу на целу популацију, без обзира на то када се конкретна болест појавила. Добијени податак представља релативни број и изражава се у процентима или промилима. Може да се користи и за одређивање распрострањеност разних стања, броја пушача у популацији итд. Ове информације се користе у медицини и другим областима за планирање одређених радњи и активности у циљу смањења преваленце.
Не знам дали треба да пуштам лаптоп да ти нацртам Ама еве место да цртам..математиката на умрени и излечени е проста, а тоа што ти го постираш е сосема нешто трето Кина има 1.4 милјарди жители Од нив скоро 79000 се ЗАРАЗЕНИ Од тие скоро 79000 36000 се ИЗЛЕЧИЛЕ И од тие скоро 79000, 2800 УМРЕЛЕ ... Останатите се со непозната судбина. Од тие 79000 ако израчунаш 2800 мртви се 3.5% ... И апсолутно не се потребни други математики за вадење на процент на умрени и излечени. А ти тоа што го постираш, процентот на заразени во Кина ќе го добиеш кога од 1.4 милјарди ќе пресметаш колку проценти се 79000.. и ќе добиеш процент на заболени во Кина што е некоја си минорна бројка бидејќи се огромна држава.
Just to say.. Кина е ПРЕнаселена и тоа ми беше уствари првата причина да посумљам дека вирусот е пуштен намерно. Они буквално нели имаа закон или што и да беше да се раѓа само по едно дете во фамилија. Премногу се, пренаселени, ама ние за разлика од нив или од другите европски земји не сме. Рачунај ние имаме поголема стапка на морталитет него на наталитет, 3,5% смртни случаеви да се, за нас е too much. Ќе нѐ покоси. Да не зборам за условите во кои ќе треба да се лечиме ако дојде до болница не дај Боже. До утре може сите на темава да збориме зошто да и зошто да не паничиме, има и pros и cons. Секој со своето
Нема што да ми црташ си објаснуваш исто како што јас ти објаснив од кај видов за преваленца, зар јас ти се обратив дека треба да ти цртам? Нема везе, ти вака си пресметувала ама јас и погоре ти пишав Пре би да верувам во релевантни податоци а дека се пумпа и шири паника без везе се согласувам со оглед дека е минорна бројката не само во Кина туку и на светско ниво. Стравот е што многу брзо се прошири кај нив и излезе од контрола. Но зошто е тоа така и како е и како воопшто започнало се ќе се оградам да се ослонувам на теории на заговор и ќе се задржам на погоре наведениот линк од студијата.
А ти дете да имаш прво ќе го пратиш да се заболи, да стекне имунитет. Ко антиваксерите. На нет се ќе прочиташ, ама само научна студија е релевантен извор. И да, госпожата е себична за мене. АКО е точно дека правец инфективна отишла, значи се сомневала на короно и за тоа можела и во Италија да се тестира, а не да шири зараза низ земјите каде минала. Јас би и дала кривична и пак нек е себична. Има ситуации кога општествената одговорност треба да се стави пред самиот себе. Друго е да дошла и дури после да се разболи. И не туку се расфрлајте со информации лесно било за децата. За една настинка паники се креваат, не па грип или корона. Биле децава на домашно лекување и ај, ништо не им е. 100 стапа по туѓ грб не болат. Не дај боже никој да фати!!
Јас се консултирам со доктори. Нит се плашам, нит ги гледам нив потресени, нит имам намера да правам залихи и да купувам глупештини . Сите доктори (не се знаат, некои од нив се од различна област) исто едногласно рекоа. Фармацијата мора да живее, затоа е фамава. Им верувам. Ако паничам ништо нема да направам, а и немам намера дома да се затворам, ќе збудалам.
Треба ли нешто податоков да не штрецне? Оти секој ден доаѓаат по 6-7 автобуси од Италија. Или битно паника општа да се направи?
Сарказмов можеш слободно да си го задржиш дома со тебе. И те молам не излагај на улица. Ова твоево е позаразно од вирус. Се вика лошотилак. Мене лично не ме плашиш, ама дали знаеш колку луѓе имаат слаби срца и од стрес може куршлус да им се деси? Е баш од вакви коментари како твојов.
Повторувам, опасноста не е само од Италија туку и од Србија, Грција, Хрватска и тако даље, земји поблиску до нашава.! Ако ги следеш препораките, ако имаш висока хигиена нема потреба да се плашиш. Престанете да кревате непотребно паника, деца читаат, возрасни полни со секакви заболувања и им се ствара паника. И престанете да верувате на се што е напишано.
Вчера бев во КАМ маркет. Брашно цела палета има....по 21 денар, по 25 денари, од кило и од 5кг Зејтин има, макарони.... Само да се паничело. Е сега маските се со висока цена, ама тоа е до нас како народ што сакаме да спечалиме на маката и стравот на народот. Купил некој 10 000 броја по 10 денари, сега ги препродава по 90. ...баш имаат смисол за бизнис луѓето
Исчитав што сте пишувале од вчера и и мене паника ме фати. Викам јас.. Колку помалку читаш, полесно ќе ти биде. Се знае што треба: Одржување хигиена, избегнување собири, одење на доктор ако имаш симптоми. Толку. Се' друго е вишок информација во ситуација која не зависи од тебе лично.
Да те поправам. Не треба одење на доктор има броеви да се јавиш, за недај боже ако има симптоми некој. Ќе дојдат дома спремни доктори. Што е многу добра мерка според мене.