Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.121
    Допаѓања:
    180.833
    Мислам дека баш не треба да се оди на доктор, како да видов негде телефони да се јавиш ако имаш симптоми, веројатно ќе пратат мобилна екипа да те проверат.

    Еве го, го најдов
    https://faktor.mk/site-koi-dopatuva...adolzitelno-da-se-javat-na-dezurnite-telefoni

    Владата апелира сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со корона вирусот задолжително да се јават на контакт телефоните на центрите за јавно здравје.
    Се апелира лицата веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје. Во Битола – 071/261-330, Велес – 071/219-278, Гевгелија – 078/545-444, Кочани – 071/373-913, Куманово – 070/215-851, Охрид – 070/723-029, Прилеп – 076/475-747, Скопје – 071/289-614, Струмица – 072/235-543, Тетово – 075/240-464, Гостивар – 076/365-161, Штип – 078/365-613, и на телефонот на Институтот за јавно здравје – 078/387-194, како и на телефонот „Ало докторе“ – 02/15-123.

    – Со исполнувањето на оваа обврска граѓаните ќе помогнат да се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот за да можат институциите навремено и ефективно да реагираат, се вели во соопштението.

    А може и како банер да се стави во хедлајн на форумов, ако е официјална информација. Оти повеќе се шират дезинформации, не секој ќе знае. @RainBow
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, smile:) и 8 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ете, ова е битна инфорација.
    Фала ви. :hug:

    Се поразлично од овој тип изливи на форумов е ништо друго освен .... /додајте пожелба/
     
    На cresa-jagoda, smile:), candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SoNata

    SoNata Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Напротив ќе го нема на рафт како што клин со клин се избива истото за коронава важи;):D
     
    На cresa-jagoda и g8lQQk им се допаѓа ова.
  4. SoNata

    SoNata Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Е па и ти не е до тоа да читаш само битно е и што читаш.
    Ама дека се креира тензија колку да се прави нешто и џабе се дига паника точно е, бар јас така осеќам и гледам.
     
    На smile:), LadyC и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Точно така, ама за да стигнеш на темава до битна информација, мора низ десетици небулози, претпоставки и хистерии да поминеш.

    Многу поубаво ќе беше, ако се чисти темата од шундот и се остави простор само за битните информации, за да можат луѓето лесно да се снајдат, а не само да се напнуваат.
     
    На smile:), eli25, LadyC и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. SoNata

    SoNata Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Така си е ама не можеш на народот да му забраниш да си мисли како сака и да му ја кажуваш вистината ако не сака да сфати зар со инка ќе тураш? Секој нека мисли како сака но нека ги почитува мерките за претпазливост а не со сила кивај и кашлај божем ако го пренесеш на друг ќе го излечиш(facepalm)
     
    На smile:), LadyC и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    :D Ме насмеа :D
    Тоа ти е 'Македонска логика' :D
     
    На smile:), Mrs. Lovett, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Се изначитав смешни дезинформации за корона вирусов, оваа ми е врв: Вирусот не е отпорен на топлина и ќе биде убиен на температура од 26-27 степени. Затоа пијте топла вода :D
    Дали легендиве што го шеруваат ова чуле дека температурата на човековото тело е околу 36 степени?
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, EuHenIa и 14 други им се допаѓа ова.
  9. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Кои доктори при здрава свест кажуваат вакви работи на пациенти?
     
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.426
    Пол:
    Женски
    Сите со кои се консултирав и тоа стручни лица се ,а не рекла казала. :D
    #македонскисиндромјазнамсе
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.632
    Пол:
    Женски
    Во италија а и Кина не е на време стопиран вирусот како прво.
    Конкретно во Италија имало месец дена скоро (@vitamina корегирај ако грешам) како не го третирале корона како корона туку како бронхит или запаление на плуќа.
    Кина криеа.

    Ајде сега проста математика, за тоа време колку луѓе дојдоа во земјава од Италиј само ( Кина не ја земам). Ако беше толку опасен и токлку лесно заразлив знаете што ќе беше? Ќе паѓаа луѓе по улица не од сега туку пред месец дена. Така да олабавете малку. Без паники. Подаеку од заболени луѓе, хигиена, избегнувајте гужви и готово. Се пренесува од заболен на здрав на растојаније помало од 1 метар. Значи ако имате во комшии човек болен од вирусов а не се гушкате и не седите блиску до него, немате контакт НЕМА ШАНСИ ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ. Исто и со сезонски грип.

    За тоа дека изумира на високи температури е точно. Се мисли на надворешни температури во воздухот каде што вирусите не опстојуват на површини доколку е потопол воздухот и нема опсност да се заразат луѓе.

    Истите правила на заштита се и за обичниот грип само што народецов не е свесен и болен иде на работа, се движи меѓу луѓе и се шири.
     
    На cresa-jagoda, neno0o, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  12. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Пуста докторска суета, фармацевтите вечен трн во око. Намерно "пуштале" вируси, кревале паника... :rofl:
     
    На smile:) и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.426
    Пол:
    Женски
    @nena2010 преубаво кажа.
    Само едно ќе искорегирам бар од мое искуство од приватен сектор. Не ги интересира газди дали си болен, па јас боледување (освен бремена првиот пат) во живот не сум добила. Мислам дека тоа право го немаме.
    Вчера прв пат кога бев на гинеколог, ѕвонеа бремени жени ослободени од газдите да земат боледување ради короната (што е големо браво за газдите и искрено прв пат се сретнав, мада не знам дали е од приватна или државна институција) , но едно ме интересира, дали сите ќе седат сами во изолација цело време дома и како планираат да се заштитат?
     
    На smile:) и Mantub им се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.426
    Пол:
    Женски
    Ова нешто тебе лично ли те погоди?
    Не знам зашто се чудиш. Ајде реално, маска ќе те заштити 100% ?
    Дали знаеш кој по правило треба да носи маски?
    Има ли лек за корона, дали е измислен и колку чини ако е?
    Колку пари направи фармацијата од паниката и хистеријата на народот?
    Ц. Не е до фармацијата ич. :)
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.420
    Допаѓања:
    114.632
    Пол:
    Женски
    Баш затоа и го кажав. кај нас да кажеш дека си дома во приватен сектор е како да добиеш на лото. А тоа е најлошо кога владеат вируси не само овој. И мене тоа ме интересира дали овие што се во принудна изолација заради контакт со луѓе кои биле во Италија кина и останатите ризични област некој ги надгледува ?
     
    На smile:), ku4ence, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
     
    На smile:), ku4ence и SoNata им се допаѓа ова.
  17. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.247
    Допаѓања:
    39.603
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1582883296026.jpg

    Забегани затуцотини.
    Амин.
     
    На Herrera, sweet-cherry, Ivan4e04 и 19 други им се допаѓа ова.
  18. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Маската не заштитува 100%, заради способноста на овој вирус да опстојува подолго време на надворешни површини.
    Што се однесува до носењето имам пишано и во претходно мислење кога почнаа да креваат паника и да празнат аптеки - маски носат оние со здравствени проблеми, здравите не. Ова е препорака и на министерот и на докторите, т.е. после мислењево зависи кој доктор. СЗО знаеш што препорачува? Едно основно миење на раце, добра подготовка на храната и избегнување контакти со многу лица во затворени простории. Значи доволен е обичен сапун, така да нема потреба да правите профит на фармацијата.

    А лек за жал не е воопшто едноставно да се створи, иако се вложуваат напори за истиот. За сега терапијата е симптоматска. Или би требало фармакомафијата да биде веќе спремна и да пушти вакцина во промет? :)
     
    На Bezimenka90, smile:) и LadyC им се допаѓа ова.
  19. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.426
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со горенаведеното ( поголемиот дел) .
    Немам маска, средства сум полна за дезинфекција ама дека работам габични инфекции на работа и тоа одамна, немам купувано деновиве и не намеравам. Бремена сум скоро 5ти месец и не паничам. Не празнам маркети и не се тресам што ќе биде.
    Не Филипче, не овој оној, ама доктори исто од инфективно стручни нели ми посочија да мијам раце , а не е тоа спротивно од моето мислење дека се претерува со хистеријата нели?
    Или мислиш дека размислувам контра од наведеново зашто реков дека увек фармацијата има придобивка? Зошто обична маска од 10 ја кренаа на 25 денари? Зашто секаде има реклами дека има маски од аерозагадување и сл? Не ти го поддржувам само исклучиво ова за фармацијата но сепак е твое мислење. А моите доктори кажале сигурно не од суета оти они и од фармација заработуваат знаеме сите, туку како на блиска ...
    И да . Маски се за заболени лица, а не кој стигна купи од неупатеност...

    П.с. разбрав дека има лек, па ќе видиме како ќе испадне на крај. :)
     
    На smile:), senjorita-v, SoNata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.113
    Допаѓања:
    21.882
    Пол:
    Женски
    Ок, нека нема маски за здрави лица.
    Но сметам дека медицинскиот персонал мора да носи маски, зошто не знае со кого се среќава.
    Лани во екот на морбилите по болници беа забранети посети...
    Никој ама баш никој не водеше сметка за хигиена..
    Со мантил и кломпи со кои влага во сала одеа надвор, се шетаа по одели...
    Ја и мм ко будали со маски кој знае како не гледаа.
    Ама јас не мислев на морбили тогаш.
    Викам да му е..ам чудо, тука е карсиологија, не им треба вирус некој да им донесам.

    За фамава по маркетиве...
    Сериозно не видов никој да купи сапун.
    Никој....
    Како да носи тој што е заболен маска кога не знае од што е заболен.
    Викаат само сува кашлица.
    Ама секој различно ќе развие симптоми...
    Јас уште вадам секрет од грипот, ќерка ми немаше и веќе не кашла.

    Друга работа е инатот на стариве ги гледам по дома.
    А кивнеш или се закашлаш, тиндаваат чај...
    Доктор нешо, ма јок.. сега чајче и до утре ко нова.
    Ми дошла вчера на гости, и бап ташната на кревет кај што спие дете...
    Е браво, ептен паметно. Ако чај ќе се напиеме.
    Евентуално некој антибиотик пошо тој е лек за се.
    Ама доктор никако.
    Пак ќе кажам, не е вирусот тој за кој треба да се крева паника. Народот е.
     
    На cresa-jagoda, ku4ence, smile:) и 4 други им се допаѓа ова.