Дoктoрите некa си се држaт дo свoетo знaење и некa не прoпoведaaт се и сештo. Тoa штo се дoктoри не знaчи декa седaт рaмo дo рaмo сo светски лидери нa фaрмaцевски индустрии пa сеa кao знaaт нештo и сaмo нa свoи луѓе кaжувaaт Селскa кooперaцијa муaбет. Дa не е вирусoв ќе изумре фaрмaцијaвa, зa греoтa, немa oд штo дa живее. А нa мaскиве сaмo вo Мк мoже дa им се крене ценa вo вaквa ситуaцијa зaрaди aлчнoст. Цел нoрмaлен свет би нaмaлил ценa.
Кревањето на цената го разбирам само од аспект да се спречи непотребно купување на маските. Знаеме кој оди и купува, баш оние испаничени, слушнале-недослушнале, "дај по 10 денари се ќе изнакупам", па кога навистина ќе дојде некој на кој му е потребна маска, нема. Но, секако дека не ја оправдувам оваа постапка на покачување на цените.
У една работа верувам и никој не може да ме разубеди. Оф топик е ептен ова. Ракот е болест за која има лек, ама не се дава секому. Исто е и со другите вируси. За се има antidote, ама за нешто се дознава порано за нешто покасно. Тие светски фармацевтски лидери се дел од тие организации кои создаваат вируси и фармацијата работи на антивирус за да прави пари. Тоа е јавна тајна. Секогаш ќе има од што да живее фармацијата зашто увек се луѓето зависни од неа. Тоа е бизнис ко погребално претпријатие што никад не изумира . (Како грубо звучи ама е вистинито) Ептен сум оф топик, бришете ме слободно, само да си кажам. Како и другите болештини, така и Короната е тука (овој пат у ептен блага форма на смртност која напаѓа за жал луѓе со проблеми) да направи елиминација на народ зашто земјата е презаситена , па уместо војни - болештини се прават.
До негде држи вода муабетот. Но секогаш има штета и кај останатото население. Со болести нема играчка и кај здравите индивидуи создава последици, а тие последици водат до се поболни генерации. Има нешо и во тоа дека фармацијата си тера бизниси (истото го има кажано врвен доктор од балканов од чии книги ние учивме на факултет) и кога за некои работи ќе им ги кажеш на останатите те гледат како мрдната да си. Но фактот дека потрфламе како нација и во здравство и во култура и хигиена потрфламе. Еј да треба сеа некого да учат раце како се мие... Во автобусиве свињарник, порано бар ги миеа од надвор сеа ништо, не знаеш кај си од што се толку прљави прозорите. Гнасно. Башка ме чуди како има толку убедени луѓе во својот имунитет и здравје, абе од нигде никаде "здрави" луѓе умираат. Никој не знае што носи во себе.
@Cosmi се си е најнормално, освен нели што народот е исплашен. Пред два дена излегов немаше никој денес веќе 100 души на плоштад. Затворени со рестрикции се местава со жариштата на коронава тоа се неколку мали места во Италија, се останато е најнормално. Најавуваат дека од понеделник ќе се врати се во нормала како јавните собири и училиштата до вечер треба да потврдат. Освен што ги соспрендираа карневалите викедот и тоа не секаде се друго беше и остана нормално. Освен неколку мали места во Италија каде што се жариштата , cadogno ломбардија, и кај нас Vò euganeo падова место со 3500 популација. Ќе пишам во тркот на денот што читам и како се одвива состојбата. Мене ми е смешно за во Мк 1 заболен значи ЕДЕН они зборуваат за епидемија за затворање дома за неидење на работа за залихи за за за.. Работава ја направивте како да има 1000 заболени а не еден па мерки па седење дома зад блиндор врата па па па
Имам многу колеги во Италија, 200км далеку од жариште, па никој не оди на работа, сите се со залихи дома, купуваат само онлајн. Не сме само "доле" во паника. Нит школи ќе отворат, нит настани ќе дозволат. Бројката расте со голема прогресија. Италија официјално побара меѓународна помош, ваму ништо не е. Аха.
Сакам да си дадам едно мое мислење за целата ситуација.. Прво, се согласувам дека не треба да се крева толку голема паника, ама од друга страна не треба ни да се потценува сериозноста на вирусов, затоа што не е ни малку наивен. И колку и да сакаме да не се крева паника, едноставно, толку голема маса народ е тешко да се контролира. Вирусов го има на сите контитенти. Друго, не знам зошто правите споредба со грипот. Грипот е сосема друг тип на вирус, за кој што постои вакцина. Таа вакцина се препорачува секоја година за хронично болни, стари лица, бремени жени, здравствени работници, се со цел да се стекне имунитет и да се заштитите. На тој начин, ризикот за ширење на грипот се намалува. Трето, главната разлика измеѓу корона вирусот и инфлуенцата е во тоа што корона вирусот инфицира многу поголем број на луѓе, значи многу побрзо се шири. За истиот нема вакцина, па не дај Боже, кога некој од нас би се заразил, многу лесно би можеле да го пренесиме на нашите родители, баби и дедовци, кои имаат коморбидитети. Многу ме нервира, фактот што упорно тврдите дека смртноста е САМО кај стари и хронично болни лица. Чекајте малку другари, тие не се луѓе? Дел се од нас, наши родители, баби и дедовци, луѓе од крв и месо. Немојте да бидете себични. Треба да останете со ладни глави, ама и не треба бидете толку наивни и да ја потценувате ситуацијата. Ако не беше толку сериозно и ако беше исто како грип, немаше да има волку голема узбуна секаде во светот. Немаше да бидат изолирани милионски градови во Кина. Немаше да има забрана за масовни собири, немаше да се спроведуваат вакви превентивни мерки од страна на министерството. Немаше да има полицајци на гранични премини 24/7, немаше да седат 20 луѓе изолирани во карантин 14 дена. Немојте да зборувате така. Многу е мал бројот на научни трудови и докази во врска со вирусов, за да правите такви споредби и толку самоуверено да избрзувате со вашите заклучоци.
А не ми е јасно со маскиве дека здрав не треба да ги носи. Еве јас ако сум носител, но сеуште немам симптоми и додека откријам може да заразам и други луѓе. Ми нема логика тоа. А ако нема маски по аптеките тоа е веќе друго и е друга причина зошто, приоритет имаат болните. Абе само кај нас џабе се кревало паника, а во Кина изградија цела болница за неколку дена, пикаа во комбе луѓе што одбиваа да носат маски и се шетаа по улиците. И што се секирате умираат САМО луѓе кои се хронично болни и стари луѓе. А овие луѓе не се на некои син/ќерка/родител? И не размислувате дека ќе живееле уште доколку не го фатиле вирусов??? Само кај нас што ни е улави сме што крваме паника.
Да прашам вие што кревате паника, што велите сите ќе умреме итн. полесно ви е ако го велите тоа? Полесно ви е ако и другите паничат околу вас? Не велам за тие што се плашат и паничат, туку за тие што велат "како ти не паничиш, па сите ќе умреме"... Уште нешто, луѓе овде не доаѓаат епидемиолози и доктори кој се доволни информирани, овде доаѓаат деца, тинејџери, жени со мали деца итн. кои се не доволни информирани за да се информираат а не да ги преплашиме. Секој ќе си направи некои филмови во глава, особено помладите. Второ луѓе ајде не верувајте во се што ќе прочитате, па речиси 90% од информациите се неточни. Некој спомна за децата, и децата заболуваат само што имаат поблаги симптоми и стапката на смрт е многу мала помала од 0,0001% За спортиста што почина, од каде знаете во каква состојба отишла во болница, дали имала некоја друга болест. Да појаснам за тие што велат дека корона вирусот ќе не разболи сите 2 000 000, нема да се случи тоа по последните официјални информации до кој дојдов велат дека во Вухан има 11 000 000 значи 70 000 случаи на заболени не се ни 1%. Во земји со помала популација вирусот ќе се шири побавно.
Озбилно како вие едвај да чекате некој ,,пикантен детал'' за да убивате досада. И да е, и да не е, не мислам дека е во ред да се постира вака непроверена информација. Многу работи ќе слушнеш, твое да провериш дали е од веродостоен извор. И дали воопшто е информација за споделување.
Дури и шансите стари и хронично болните се многу мали. А и истите син, ќерка треба да се свесни и да помогнат, за да не се случи ништо лошо, а не само кога се во тесно да се сетат на нивните родители.
Туку,што народ сме! Малите антибактериски гелови што ги купував 45 ден сега се 90! Алкохолот е 150. Ма премиер или претседател глејте го Путин изјави дека на сите што ќе кренат цена ќе им ги земе лиценците? Вие? Све е отидено,стока сме.
Абе и мали да се, шанси има. И оти ме прават ненормална ако сум задигала сапуни, маски, и средства за лична хигена и храна? Ете сакам да се заштитам да не се изложувам на непотребни гужви. Мое е се да направам да се заштитам јас и мојата фамилија, а не уште луда да ме прават. Така ако размислуваат сите кај ни е крајот. Обичен вирус е шетајте слободно, мала е смртноста
Па не да се затворам дома, ама што мора секојдневно да се изложувам на вирус пазарејќи? Можам да намалам и со шетање и мешање со народ додека стивне ситуација нема да умрам од тоа