Ти можеби можеш,ама повеќето не. Ама и така ако размислуваме, маж ти да излезе ќе донесе нешто. Сто посто заштита нема.
Може и да не е до нив, самите веледрогерии ако им пратиле со дупло набавна не можат да ти го дадат по стара цена и во минус маржа да одат. Ама и за тоа треба државата да со поведе ред. Маски посебно требаше да набави и без пари да се делат. Погони во Србија за маски пуштени се на турбо а зошто нашиве не земаат, не знам.
И според мене е тотална глупост затворањето дома и пазарењето како да ќе се полнат бункери. Повеќето работиме, имаме неодложни обврски и не можеме да си дозволиме да си чиламе дома ,,додека не се смири''. Не претерувајте и не создавајте дополнителна паника со тоа пазарење како апокалипса да иде. Доволно е да се избегнуваат масовни собири. Ако е така и во супермаркет кога одите да стрпате во количките се' што можете да дофатите, ќе закачите нешто.
Сега за сега грипот има повеќе случаи регистрирани на светско ниво. И смртноста е поголема кај грипот. Само што за грипот има вакцина, а за новиот вирус со оглед што е нов и непроучуен нема. Инаку и грипот е многу многу опасен за стари и хорнично болни исто како и новиот вирус. Главнито проблем е што кај Короната не се знае со што си имаме работа па затоа треба попретпазливо да се постапува. Ама во комплетна хистерија да се оди не знам дали е баш потребно.
Лично не го разбирам складирањето на брашно и конзерви дома. Па и да треба не дај Боже во карантин да бидам, ќе се најде некој да ми донесе дома храна. А секако во меѓувреме ќе треба да докупувам намирници бидејќи не се живее само на леб и макарони со туна конзерва (а не е ни здраво). Тие што ги купија залихите брашно што ги најдоа во маркетите (комшика вчера целото брашно во Стокомак што го затекнала го купила), се надевам дека се сетиле барем и квасец да земат
Добро така е ама го намалувам излегувањето, а со тоа и ризикот. А зошто мислите дека се плашиме да не умреме? Не, не сакам да го закачам вирусов зошто да го прележам па и да г закачи моето бебе? Со едно затнато носе една недела доживеав хорор филм со него, а не па со вакво нешто не дај Боже да ми закачи.
Za pocinatata sportistka od Iran, sportistite chesto se premoreni i koristat hemii i ne se reprezent kako ke reagira organizmot na prosecniot covek i toa e Iran, tamu Bog znae kakvi se uslovite. Jas imam vakvo predznaenje.
Мислам дека не е потребно да се цитираме по 100 пати за едно те исто на темава. Врати се неколку страни наназад, @EvAngelos има објавено статистички податоци во однос на смртноста, па направи компарација. За толку малку време, голем е бројот на заразени и дупло поголем бројот на починати во однос на грипот. Компарацијата ви е лоша!!! Комплетна хистерија никако, само претпазливост, ладни глави и следење на препораките за превенција.
Ок, во Италија 17 мртви од кои 16 на возраст над 70 години и едно лице болно од рак 38 години. Толку. Здрави прави, доста со паниките, попрво ракот ќе не покоси од нездравава вода, воздух и храна.
Италија сериозно потфрли во справувањето со мерките,карантинот и си продолжува.... . Нови 18 во Шпанија, сите од Италија.Од друга страна за пример Швајцарија.Откажан саемот за автомобили во Женева поради првенција и сите други јавни собири. Е така треба.
Наједноставно што може е објаснето. И да, кој ви кажал дека е исто како обичниот вирус? Нека смени дилер.
Бројот на заболени во Италија, Франција и Шпанија се зголемува а во Иран 143 нови случаи за неколку часа.
Со оглед на тоа што низ цела Европа заразените деновиве имаат врски со Италија (тука, Грција, Хрватска, Шпанија, Франција, Германија и повеќето останати), а секако сите тие не се сретнале со истите 300-400 Италијани, верувам дека бројката во Италија е многукратно поголема. За среќа очигледно асимптоматски се повеќето случаи.
Не бе златна..луда си. И ти како мене така мене ми рекоа кога кажав дека не верувам во статистиките ниту во Венко и во тоа дека ама баш никој од тоа комбе не се заразил. И дека баш никој од семејството на жената не е заразен Ама што знаеме јас и ти..само паники да шириме И вчера прогнозата дека бројот во Германија драстично ќе скокне ми испадна точна.. Италија уво не ја боли да дава апдејт.. сега и во медиумски мрак ќе бидат луѓето Да нема пријавено нов случај цел ден, абе ајде кого лажат.. Имам другар во Италија со жена му и децата, на 100км е од жариштето и вика дека од следната недела им наложиле да не одат на работа.. Он на страна што има бизнис се мисли дали да ги ослободи луѓето, затоа што не се баш во зоните ама вика ако му дојде официјален допис ќе мора.. И ајде сега.. ништо нема, само на некои будали им текнало да умираат. Ама стари се, гајле ти е..
Дечки... Ако те стават под карантин 14 дена, имаш полициски надзор дека не се мешаш со народ и имаш пакети храна и средства неопходни за живот ДО ДОМА носење.