Ратни профитери Секогаш имало вакви лудаци, ќаруваат на маката на другите. Ним им одговара паниката, тоа сигурно. Да, се' се одложува за понатаму, а до кога, ќе видиме.
Кукла, претеруваш, шириш како прво дезинфо од рекла казала и тотално глупости дека лугево не одат на работа. Ако не верувате читнете на ит портали и преведете си дека Лугето одат на работа и економијата не беше и не е сопрена. Ако човеков живее во кадоњо или некое друго ризично место кај ломбардија, да, можеби не е на работа но 200 км од жариште сигурно одат на работа. Маж ми ОДИ на работа, оди во Падова баш на работа и близу мира -венеција. Створаш паники кога појма немаш искрено и паничиш без врска до степен на човек гаките да му се затресат и да не излага од дома. Ако не верувате пишете корона вирус италија ќе ви излезат вести и ќе ги преведете од тоа дали одат лугето на работа или не одат. Во пиамонте има 2 3 заразени само. Црвените места сме ние и ломбардија, некои држави имаат дадено црвен картон и за емилија ромања и за пиамонте ама конкретно таму има само 2 3 јца заболени. Сакам да се објаснам и да ви објаснам дека ДА бројката растеше, расте, дека повикуваат сите на претпазливост и хигиена, да, дека до некој степен сите сме загрижени и дека не е дека требаме да немаме трошка загриженост во нас, секако дека имаме, секако дека вирусот многу брзо се шири, епидемијава не е за потценување и се тоа АМА ПАНИКАВА кај одредени луге, паранојата, епокалипсата дека соте ќе умреме, дека нема ова чудо да се сопре дека треба да не идеме на работа, никаде, дека треба брашно 50 кила да купиме и да се затвориме апсолутно не е точна и апсолутно треба да намалиме со паранојава, значи зборорт ми е премногу ама премногу се дигна страшна паника ко небаре црна чума е вирусов и сите ќе умреме. Не е така. Се собираат на фб група за да одат в недела во местото во еуганео тука во падова во знак на подршка за тоа место, ќе одат на ручек и на аперитив сакаат да пренесат порака дека не дошла апокалипса никаква и дека навистина не е толку страшно како што сите испаничиа и се затворија дома. Вирусов ја сруши Италија, од која да потенцирам пак 95 посто од лугето се добро, мал процент од нив се на интензивна нега, премал процент починаа ради нивната тешка состојба притоа наогајки се во сама болница, има толку многу народ што нема симтоми, дома се волонтерно и слично не знам другчие како да објаснам. Првиот пациент што беше во ломбардија е надвор од интензивна нега. Зошто бил на интензивна? Затоа што човекот имал јаки симтоми, затоа што човекот го шеткале и го препракале дома 200 пати па ескалирал околу дишењето бил на кислород, бидејки веднаш ниту му била утврдена дијагноза ниту му дале нешто за подобрување на состојбата. Жена му е 7 ми месец бремена и позитивна, добра е, бременоста е добра, значи во ред е се и со неа и со бебето. Како што кажаа од министерство, има луге што се иќна интензивна, може 50 луге од 700 но под медицински надзор и соодветни третмани им се подобрува ситуацијата на лугето, грото се дома, има многу асинтоматичи што викаат тие, без симтоми. Јас не го потценувам вирсот пак ќе кажам, но ескалирањето на народот е премногу! Сите луге што починаа се луге над 80 год. Последниве 88 години, не умреле од корона туку си корона. Биле на дијализи и слично. Овде се живее нормално, никој не купил залихи и никој не е затворен дома. Не е на одмет да бидеме претпазливи и се тоа, но да стигнеме до степен како во Мк што има 1 случај да не одиме на работа и да се затвориме со клуч па не е ни најмалку до толку ситуацијата. Овде во италија откако го дигнаа овој скандал епокалипса признавам дека сите се плашевме со тек на ден по ден како поминува времето како објаснуваат дека 95 посто од лугето се добри и дома откако го проучиа колку толку вирусот и стана попознат се е поопуштено. Зборот ми е не дошла никаква епокалипса и никакво масивно изумирање. Имало и ќе има уште куп вакви вируси.
Имаше вчера слика сликнато на вратата од Систина, кружеше по групите на ФБ.. после баш ќе ја побарам ако не заборавам.
Аха. Дезинформации. Од дома работат сите колеги. Мене твоево ми е рекла казала. Ќе оделе во жариштето на вирусот да пратат порака Италија бетер од Македонија е. Затоа се шири вака.
Во секој момент треба да излезе дневниот извештај од СЗО за растот на короната во светот. Бидете така, се враќаме веднаш по рекламите.
Не би именувала фирмата во која што денес им мереле притисок, нешто ко систематски преглед, болничарите кои биле во фирмата кажале, испратен бил во Скопје. Инаку неодамна се вратил од Италија. Ако има новости, ќе споделам.
Ама пак не ни кажа ова на мајка ти третата братучедка од таткова страна, чија внука од 3 колено и го кажала или го прочита некаде
@kukla21 искрено се надевам дека е дезинформации но со оглед на тоа што мој близок член од фамилијата работи таму не верувам дека ме лаже. А не верувам дека докторите би измислувале. @flawless_ има сомнеж, значи голем сомнеж, ги има сите симптоми. Пристигнат од Италија.
Мене притисокот ми е стално 170+ ...и во кризни моменти едвај 80 . значи цел живот имам корона Брис, температура мерење и после со такви информации да се расфрлате.. Досега ни СЗО ни никој не кажа дека од мерење притисок извеле заклучок кој е болен. Туку за почеток од температура мерење, брис и симптоми.. Е овакви вести се ширење паника без врска.. Патем не можат да го испратат туку така да си оди во ск .. туку ќе се појават тие со чудните одела и ќе го пикнат во комбе и чао пријатно..
@vitamina, благодарам за деталните информации. Баш во вакви моменти е потребно некој да каже објективно, да ја претстави вистинската слика, а не да се шири параноја. Се надевам дека Италија ќе се справи со проблемот и дека наскоро се' ќе се врати во нормала. Јас избегнувам да читам онлајн медиуми тука, се пишуваат неверојатно напумпани наслови, се постираат слики од празни рафтови и секакви теории на заговор. Погледнувам само вести еднаш на ден, чисто за да бидам во тек. Инаку, наголемо се претерува тука... Како за личност што страда од анксиозност, мислам дека успевам да останам присебна.