Значи немам намера да лажам ниту пак да ширам дезинформации. Го споделив она што ми е кажано, од близок член кој работи во фирмата каде што денес им било вршено преглед и болничарите имаат споделено. Пациентот неодамна стигнал од Италија. Ова не е од рекла казала.
Бегај од таквите како нас најдалеку кога ни е висок притисокот можеме да убиеме некого кога ни е низок можеме на тросед да ви заспиеме.. Не сме заразни ама не сме најпосакувани во друштво
Те сфаќам и тебе, но те замолувам додека нема официјална информација нема потреба од дополнителна паника која се јавува на темата при секој ваков сомнеж.
Верувај дека јас највеќе сакам да биде дезинформација, ама ако има нешто ќе споделам. @Dust си имала низок притисок? Мојов е 80-60 цел живот.
Јас вчера бев во Систина,маски никој не носеше ниту наплаќаше. Од денес како е,не знам. Она што го пиша @vitamina како информација,ми го пренесоа и мене. Луѓето кои живеат во Ломбардија(околу 10 милиони)одат на работа,освен оние кои живеат во градовите кои се во изолација,тоа се неколку мали гратчиња-селца кои се сметаат како жаришта. Многу луѓе од северниот дел на Италија работат во Швајцарија,секојдневно ја поминуваат границата,значи животот продолжува да тече нормално,освен онаму каде што засилени мерки на контрола,а тоа е во жариштата. Школите се затворени во сите области каде има Корона вирус.
Па ви велам јас веќе во секој пост, медиумите претеруваат во 40 страници кај што има мој постови само тоа пишувам
Филипче моментално е на Телма во живо. Рече дека шоферот на комбето со коешто дошла гопожата носител на короната сабајле имал болки во градите и кашлица. сабајлево се јавило ова. Епа ајде со Господ напомош. После да не дигаме паника. Два педа земја сме
Појасно е многу 618 и не е мала бројка ако информацијата е точна ќе имаме околу 1000 во карантин плус оние 30 е еднакво на 1030 Ама ај може грип има фатено
Феминка баш тоа што сме 2 педа земја ни е олеснителна околност А и онака човекот е во карантин што значи има повеќе шанси да се спаси
Не е олеснителна околност пошо сите од периферија доаѓаат во Скопје да работат и да студираат. Они од пон-петок кузнае со колку луѓе стапуваат во контакт, се бацуваат, се ракуваат. Не се знае кој може да е болен, а кој носител. После истите тие дојденци се враќаат за викенд во своите градови кои се дупло помали и помалки раздвижени него Скопје и кај што треба само на 3ца да им кивнеш во фаца за да се разболи цело градче. Тоа прво, второ кај нас е поголема стапката на морталитет него на наталитет.Не можеме да си дозволиме голем број на заразени или пак на смртни случаеви. Ќе треба доста време да се вратиме во ред. Кај нас чим од грип умираат и деца и стари, од ова како ќе се спасиме? Не е ни за паничење ама не е ни за све 4 у вис да ни се. Не се праите сите овде јаки као демек вие не паничите, као демек вие/ние не можеме да заболиме. Самото тоа што Кина и Италија не успеаа да сопрат да се шири болеста во нивните земји, што се дааалеку понапредни од нас.На нас што останува?
Кажаа на вести дека се чекаат резултати од жител на Виница кој бил во Италија. Џабе нападнавте дека се дезинформации.
Од грип умираат повеќе во сите земји така да... Кина како прво не била свесна за вирусот а таму вирус знаеш колку е лесно да се прошири, а Италија исто голема земја 60 000 000 жители ние сме 2 000 000 а за Кина да не зборувам...тоа на сите ни е познато
Да беше дезинформација, немаше да споделам.. Јас сум секогаш против ширење на дезинформации, не знаев дека и на тв имало околу случајот. А и не би ме изненадило, скоро цела Виница и околните села се во Италија, посебно во регионот на Пиемонте која што исто така е во ризичната зона.
Па и е, само моментално е нов затоа и се создава паника. Проблемот е во тоа што брзо се шири. Вратете се неколку страни наназад има се убаво објаснето ако нас не ни верувате може и да прочитате на World health organization таму најубаво пишува и е објаснето