Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Бегаш од темата. Според тебе што е приоритет моментално на државата? Здравјето на народот или да не дозволи да пропадне економијата? Не може да има баланс едното се издигунува а ти процени сама
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @CameliaMiller и пак ќе кажам, немам ништо против карантин, самоизолација, казни за непочитување на мерки. Ама одлучите кои ги носиме сега можат да не следат уште многу многу подолго отколку што трае кризата.
    И да, факт е дека ни е увезен вирусот. Исто како што во секоја друга држава освен во Кина е увезен. Ама има вируси и кои се појавила на територијата на Македонија. Тоа што никој од нив не "успеал" до сега е само чиста среќа.
    Условите на карантинот се во ред, ама ме нападнавте затоа што реков дека порадо би во странство отколку во Македонија во карантин. Оти тоа заболе? Не е мој избор? Нели "да не сте се вратиле". И кога речам не се враќам тогаш е: "не се враќаш оти не сакаш во карантин, да беше одговорна ќе се вратеше и ќе си го преседеше карантинот и ќе ќутеше и немаше да се буниш".
    Mocking-Spongebob.jpg
    Мислам, смешно ми е веќе, извини. Кој е тој скриен садизам со кој посакуваат да биде казнет секој што е надвор од државата? :D
     
    На Harper, buba4e89, prominent и 5 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.701
    Пол:
    Женски
    СУМИРАЊЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА
    1.Вкупниот број на заболени е 201 лице.
    Тројца се починати,а 3 излечени(2 се праќаат на домашно лекување,од Дебар и Скопје).
    Има 24 нови случаи од кои 15 се во Скопје,а има уште 1 позитивен од тие кои имале контакт со Цаца.
    2.Заболениот од Тетово е жив и се тестираат 4 пациенти и 14 здравствени работници кои биле во контакт со него.Министерот има информација дека заболениот имал една посета.Членовите на семејството на заболениот ќе бидат тестирани понатаму(мора да помине периодот на инкубација).
    Министерот ги нема сите информации за заболениот од Тетово и можеби повеќе ќе каже утре.
    3.Вонредната состојба дава резултати и нема коментар за кризна.
    4.Ќе се спроведуваат мобилни тестирања од следната недела.
    За да бидат точни тестирањата,мора да се чека изолираните да поминат 14 дена во самоизолација/карантин.
    5.Државава ќе добие донации во форма на маски(500.000),реагенси за тестирање и респиратори.
    6.Министерот не чул за изолирани или заболени вработени во ЈСП-СКОПЈЕ. :^)
    7.Здравствените установи треба да побараат опрема од Министерството за Здравство.
    8.Се спрема мапа на заболените по општини,ќе има и објавена статистика,начин на трансмисија,ако не викендов,тогаш следната недела.
    9.Терапијата со лекови не може да се прима дома,туку во болница,по направено ЕКГ.
    Никој да не зема лекови на своја рака!
    10.За сега нема позитивни членови на семејствата на заболените доктори кои имале контакт со Цаца.Тоа што било кажано,било дезинформација.
    11.Сите треба да ги почитуваат мерките!
     
    На ohlalalala, Love 83, candy.cane и 23 други им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.374
    Едноставно не може. Ако се стави стоп на се тогаш ќе умреме од глад прво. Нема да се произведува брашно, а со тоа и леб. Ќе биде затворено се. Нема да има овошје, зеленчук од кај да купеме пошто нема да се донесува. Само тие што сами си произведуваат ќе имаат. Никој нема да работи, нема да има произведени производи или добра и нема да има плати. Без кафенце у кафиќ во денот може да се пројде, ама без леб тешко...
    Едит. Фала Богу дека е приоритет здравјето, ама мора некои сектори да работат за време на пандемијава. Сурово е, жално е, ама реалноста е таа.
    Знам дека не сум јас цитираната. Ама тоа е мое мислење конкретно за тоа. :)
     
    На Harper, ohlalalala, candy.cane и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Нит логори, нит нехумани услови, нит не дај боже зандани се спомнаа за тие кои доаѓаат од странство.
    СИТЕ велат дека единствено што треба е да ги поминете тие еб*ни 14 дена во карантин.
    Е сеа тоа што некои од вас си сакаат да си прават филмови како цел народ тука сме Хитлер, не е наш проблем.
     
    На NarCis@, Feminka22, ohlalalala и 13 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    И јас тоа го велам, ама ми велат, поарно без леб и без корона, отколку со леб и со корона, никој не умрел 2 недели ако не јадел :) Како ќе се борат против корона гладни, еве не знам! Може јас размислувам безвеза, не знам... ама коронава направи толкава паника што луѓето се во состојба да остават работа, да гладуваат, ќе седеле на свеќи дома. Викам без струја како ќе се греете, студи надвор. Како што преживеале војни порано, така и ние ќе сме преживееле без струја, без леб... само корона да немало :/ Секој со свое мислење, што знам. Мене ми е некако екстремно.
     
    На Lolipop23, ohlalalala, Larichka8 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.982
    Пол:
    Женски
    Мора холистички пристап во се, мора да има баланс помеѓу двете. Не смее да предничи ни економијата над здравство нит здравство над економија, а и така се тесно поврзани една со друга област. Човечките ресусрси во облик на здравствени работници ја нудат услугата од нивната работа и така го одржуваат здравјето на останатите човечки ресуси кои како работна сила со своите придонеси допринесуваат за полнење на државниот буџет.
    Не можеш да направиш строга дистинкција поеѓу едно и друго, неопходна е рамнотежа. Тоа се обидува да ти објасни членкава, џабе се инаетиш или не разбираш или не сакаш да разбереш, што год и да е во прашање.
     
    На Lolipop23, ohlalalala, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.275
    Допаѓања:
    189.717
    Оти дезертери, разбираш8).
    Шо не сме се согласиле да си легнеме на брашно, што сме барале преку леб, погача.
    Ама ние сме си ја изработиле погачата побогу.
    Башка иста каша се срка сегде деновиве:|

    Мозочно освежување е да те прочитам на темава бтв, каде и да си физички.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.518
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller на никој не му е гајле за условите се додека не станува збор за самите нас или наши блиски, е тек тогаш е друго, не за џабе рекле сто стапа по туѓ грб ништо не се. Малку емпатија треба и тие се нечии сакани. Додека едни кои или имале среќа или врскички ,како за повеќр работи во државава па така и за ова не ме чуди да ги има, па ги сместиле сами во соба во хотел на Камчев ( има еден дечко на фб објавува видеа таму е сместен) други се со непознати во соба или во детски одмаралишта каде што ако ме служи добро паметењето тоалетите се заеднички и се по неколку во соба. Тоа не е самоизолација. Има огромен ризик еден да е болен сите да се заразат а тоа никому не му е во прилог.
    Сместени се и во Десарет во Охрид по двајца во соба, хотелот е ладен оти не е отворен со месеци и нечист ама ај сами ќе си исчистат и така ќе им е досадно ама со ладното што правиме.
    Самоизолацијата подразбира да се Сами во соба, или евентуално доколку и во странство живееле со истите лица па сега и тука да се заедно, се друго е ризикување на здравјето и изигравање карантини. Во Демир Капија пак лицата кои се таму се рашетуваат низ објектот , движењето не им е контролирано, додека пак во хотеливе не смеат да искочат од соба. Значи нема еднакви услови за сите. Јасно ми/ни е каква држава сме, ама тоа не им е изговор, подобро нека си го платеа карантинот самите отколку вака. Имаме студентски домови, имаме државни хотели каде што можат да се сместат по еден во соба. Работава е моли се тој/тие што се со тебе во соба да не се болни, оти си на*ебал.

    20200323_123836.jpg
     
    На Lolipop23, ohlalalala, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.374
    Остај за јадење. А, таа корона не дај Боже ако ја фатиме дури и најблага форма како ќе ја излечиме? Пак треба чај, супа, парацетамол или нешто такво. Цело време се труби да се миеме раци. Како ќе се миеме раци, ако немаме сапун?
    Короната освен што ќе земе многу жртви ќе направи и многу дупки во економија и други сектори.
    Ама ајде, живи и здрави прво. :)
     
    На ohlalalala, candy.cane, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Муабетот на некои е демек да се купи се што треба за 2-3 недели, и после тоа НИШТО да не работи освен болници, полиција и војска. Кој хаос би бил по маркетите и аптеките, која тепачка. Секое едно семејство да купи се што треба за неколку недели, би се испоубиле по маркетите меѓусебно. Без телевизија, струја, интернет како ќе знаеме дали ситуацијата се подобрила или не во тие недели? Како ќе ги стоплиме и избањаме децата и ние самите? Немаш болјер, немаш топла вода. Немаш шпорет, немаш ручек. Немаш струја, немаш фрижидер. А болниците од каде струја? Од каде храна за болните? Не е само ајде ќе кажуваме нешто. Гледам не е еден со вакво размислување полно се, за жал. Од паника, свеста се заматува.
     
    На Konfetka, ohlalalala, Larichka8 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Секако, нападот е најдобрата одбрана.

    ДА.
    Бевме едни од првите кои затворија училишта, факултети, кафичи, ресторани. Со само неколку случаи. Брзо потоа ги затворија границите и аеродромите. Воведоа полициски час. Еве, викендот ќе биде од многу порано.

    Дали знаеш дека во Србија, која упорно ја спомнуваш, до скоро работеа и кафичите? Училиштата ги затворија после нас?
    Мислиш ли дека треба да запре се?
    Да се затворат сите фирми?
    И тие се луѓе, да. Како што се луѓе сите доктори, полицајци, фармацевти, работници во маркети.
    Затоа и има наредба ако некој патувал, или е бил во контакт со некој кој патувал да седи дома. Оние кои не се чувствуваат добро, пак нека седат дома.

    За тоа што народот нема свест и не го почитува тоа, не е крив Филипче.
     
    На Feminka22, ohlalalala, Larichka8 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.477
    Прво никој не рече дека е крив Филипче, не менувај тема.
    Друго јас нема тебе да ти кажувам, кој мерки требало кои не.
    И уште еднаш ќе ти кажам овие мерки според мене не се доволни, ако ти е тебе океј бројка 201 лица на 1,5 милони можи сме, далеку од 2милиони сме, мене не ми е.
    За паметење кој не бара.

    Како се фативте за примерот со Србија како слеп за стап јас не знам .И ако немаш друга работа молиме те не ме цитирај повеќе. Фала пријатно.
     
    На elenaeli22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Значи мерките не се доволни ама ти никако не сакаш да ни споделиш кои други мерки требало да се спроведат.
    Битно да се најдеш у муабет некој, да потепаш време.
     
    На Harper, TheGoldenPeach, ohlalalala и 9 други им се допаѓа ова.
  15. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.477
    Форумов не е тоа шо беше одамна, за жал.
    Сето настроено мислиш крвта ќе ти ја испијат ако имаш поинакво мислење.
    Ете ви ги мерките ви ги кажуваат властите.

    Досадни сте со едно исто, па исто.
    И не коментирам колку сакаш цитирајме.
     
    На elenaeli22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    Нема да ми кажуваш мене кои мерки треба кои не, оти и ти самата не знаеш.
    Затоа и настапи на тој начин.
    Не, не е мала бројката, како и никаде во светот. Нека не те залажуваат сегашните бројки, допрва следува заострување секаде.

    Упс, извини што те цитирав. Немам работа.
     
    На Larichka8, Purplelilac, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Италија пак 6+
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Добро што ја отвори оваа тема, баш размислував за ова уште пред недела дена. Ама ништо не пишав тука.

    Прво ќе те прашам цениве што ги кажуваш се ако немаш здравствено осигурување таму така?

    Имам добиено впечаток дека тие што си плаќаат и што имаат здравствено осигурување во странство не трчаат да се вратат тука, туку седат таму каде што се.
    Ама тие што немаат, оп одма гледаат тука да дојдат од каде што избегале.
    Зошто одат во странство, без да средат и здравствено да имаат таму во секој момент за било што, не дај боже. А не да кукаат како им е скапо таму лечењето, па трчаат назад. Си решил да одиш да живееш и работиш таму, епа плати си бе и здравствено.
     
    На ohlalalala, candy.cane, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.677
    Пол:
    Женски
    Не е баш така. Јас имам здравствено осигурање, иам и пари ако треба да се лечам, иам и уште два месеци да плаќам кирија и да живеам без да работам ама едноставно сакам да си дојдам и да сум со моите во ова време. Јас не знам како не ви е јасно и како се дрзнувате да осудувате зошто сакал некој да си дојде. Дедо ми почина додека бев тука, не го видов 7 м пред тоа, знаеш ли каква ми е психичката состојба ради тоа, не знаеш и не посакувам да знаеш, ете затоа сакам сега да си дојдам за недај боже да не ми умре пак некој и да не ги видам, ете анксиозна сум и да мене ова ми е битно. Се додека почитуваат карантин и си отседат 15 дена таму задолжително зошто сте се запнале сите со навреди и препукувања не ми е јасно, нели се осеќате злобно, јас вака да коментирам за некој не можам бе, срце не ми дава па макар у ебола имало во земјата.
     
    На Harper, pravnicka_2604, Ivan4e04 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.584
    Пол:
    Женски
    А зашто наместо казни да не биде нешто иновативно.
    Да речеме кој не го почитува законот и не седи дома да чисти улици.
    Или пак нешто друго што ќе и користи на државата и тоа без надоместок да работат.
    Повеќе ќе ги стимулираат да бидат одговорни така него да се плаќаат казни.
    Бидејќи реално некој кој работи за 15000 илјади плата без потреба нема да искочи од дома кога е забрането бидејќи е свесен дека тоа не може да го поднесе финансиски.
    Додека пак некој кој може да го поднесе финансиски ќе си искочи му е гајле.
    Ама кога ќе треба да се обработи нема да им биде баш сеедно.
     
    На Feminka22, Jana06 и *Amethyst* им се допаѓа ова.