Врати се неколку страни види го видеото што го постирав да видиш колку е тоа објаснето и се однесува на корона вируси. Тоа дека е како обичен вирус е легитимно само да се пишува на форум. Инаку не се нови вирусите корона, можеби за тие никад што не слушнале се.
Јас никаде не слушнав за некој од Виница.. Сите од Струмица. И тие сабајле и возачот И сабајле на пресот кажуваат дека се струмичани сомнителните Или па јас не дослушувам
На телма идеше пресот..пресот ете го на линкот. Не можат дезинформации да шират ако Венко не кажал нешто такво хмм Еве сега барам и на страната на Телма, немаат такво нешто никаде пишано.. и по цел гугл нема такво нешто
Па не знам, на јутуб има видео на Телма, а на пресот не ме фаќај точно дали беше во Кина кажаа дека има и куче заразено само не знаат далу е носител или заболен. Дополнително ќе се истражува.
А во С. Кореја диктаторот егзекутирал пациент со корона, наводно првиот. Не знам дали е тоа точно ама е страшно и нечовечно ако е.Тешко на тие што живеат таму.
Гледам сега на видеото го отворив на јт што е викаат од Струмица чекале. Пресот не го гледав кога ќе стигнам дома ќе го видам. Кажаа нешто ново?
Ме направи трачарка иако читам и се ажурирам строго со официјални вести на официјални сајтови, односно ги читам пресовите на министрите преимерот претседателот и слично ама нека. Нека бидам трачарка од Италија. Јазикот го владеам перфектно со оглед на тоа што имам завршено тука. Не ти е прв пат да плукаш и да се однесуваш вака како што се однесуваш али нека и тоа. Споделив се што споделив со намера да ја намалам паниката мегу народот и да ја претставам сликата овде каква е, односно вистинската слика. Прават дезинфекција во метроа автобуси транваи, во венеција итн, се борат колку што можат. И да, потфрлија, потфрлија со оглед на тоа што требаше по логика да се водат дека од цел свет илјадници луге одат транзитираат околина на Милано, не беше за потценување и беше логично да дојде кинез и да зарази некого. Али еве не и текнало дека на човеков италјанец со респираторни проблеми и темп би можел да има корона вирус. Па го препракале дома, и ова го слушав и гледав имаше интервју со родителите на човекот, односно првиот заболен. Јас не зборувам нешто што не знам или нешто што сум слушнала од некого туку од официјалните вести и пресови. Ќе се стави под контрола ситуацијата, работат се борат и трудат. До сега не ескалираше ништо. Со добра намера пишувам овде и информирам.
Нема потреба да се навредуваш и воопшто да се замараш или објаснуваш по 1000 пати на некој. Кој има разбирање ќе те сфати, кој нема ќе тера инает.
Во Хрватска денес по 3 теста, позитивна девојката на првозаразениот. Првите два теста и беа негативни. Што потегнува прашање за вистинската бројка во Италија.
Како што пишав претходно, со оглед на тоа што низ многу земји (еве и Мексико сега) болните се поврзани со Италија, бројката е сигурно многу поголема. Од друга страна тоа кажува и дека многу луѓе го поминале вирусот и без да стасаат до тест, што е кажува дека сепак не е толку јак.
@vitamina пред да пишуваш срце парателни постови, без да ме цитираш, ај прочитај прво кој пиша дека шири рекла-казала прв, па после продолжи со тоа дека си увредена од некаква замислена навреда. Кај нас на работа одат само физичките работници со строги инструкции за близина, јадење, хигиена и сл. Сите останати кои може да работат од дома, се дома. Превентива нема никого да убие.
Срцепарателни постови, навредена, рекли казали ахам океј. Ниту сум помислила на овие 3 работи. Али добро.
Добро, овие од власта, надлежните, не стравуваат за себе што не презедоа од самиот почеток посериозни превентивни мерки? Нешто тука сепак не е како што се претставува.