Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.864
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не е потребна ама зарем треба да биде потребна па да ја воведат? Тогаш веќе е касно, исто како кај нас 3 недели карантин целосен и пак сме најјаки, значи поентата не е да кога ќе згусти да стават карантин бидејки еднаш ли вивне сопирачка нема односно оди многу бавно
    Сметам дека треба да се спречи ширењето со карантин бидејки карантинот е единствен спас за овој вирус
    Отпосле е касно...
    Значи касно е карантин да воведат кога ќе збувне а не е касно сега на пример
    Бидејки после се излегува од контрола
    За пензионерите треба да има најголема згриженост најголема бидејки се ризична група

    Не ме сфаќајте лошо што коментирам сакам само да посочам на грешките што ги направија овде
    Да се спречи карантин од 2 месеци наместо од 1 на пример

    На никој не ни е лесно, не е лесен каранринот воопшто ама е едноствено оружје за спасот
     
    На ~Allure~, P.S.love, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    3.165
    Пол:
    Женски
    Да, да знам. Пишав претходно дека има фирми веќе спремни.


    Инаку еве нешто во врска со имунитетот за овој вирус. https://www.npr.org/sections/goatsa...y-after-recovering-from-a-case-of-coronavirus
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Па за некој кој останал без работа неочекувано и без заштеден буџет се многу.
     
  4. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Мене ми е чудна ситуацијава околу градежнициве, по 50+ души се на објект секојдневно, оној Венко Филипче вика нема да имаат проблем никаков ако се придржуваат до мерките за заштита, а како уствари ќе се придржуваат кога ќорава маска ни за лек нема ?
    Треба да се стопира работата на градежниците и најстроги казни ако бидат начекани по објекти, можда некој ќе рече дека тие мораат да работат лебот од тоа го вадат утре може без денар да останат ама стварно е огромен ризик 50+ души сите незаштитени напукани у еден објект...
     
    На ohlalalala, Bibi30, CarrieBradshow и 6 други им се допаѓа ова.
  5. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    да не бидам погрешно сфатен, најстрога казна но не за нив, туку за тие проклети газди што ги тераат така да работат
     
    На ~Allure~, CarrieBradshow и kikin им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски

    Не по глава по тил. Ти и таквите како тебе што “мудруваа” пред две недели сте потенцијални зарази.

    Не иде бројкава од вчера иде од денот кога си славевте родендени и крштевки, мекици си делевте, кафенца си пиевте и покрај забраните. Школите беа затворени а вие ширевте зарази.

    И сега двајца од Англија ви се криви што сакале да си дојдат.
     
    На Harper, Ivan4e04, oblace1 и 37 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Не Кенди, во ваква криза не треба воопшто државата да има корист од дијаспората, ако тие немаат буџет(дел имаат) како ќе платат? Ако некои се нашле на островот само 2 месеци,не успеале многу да заработат како ќе платат???
    Мртво беше зимава,едвај нешто плус и да работеше. Пример Ер Србија не им наплаќа билети (може има измена).
    Кирија не е 170 евра, ама ако збориме дали се исплатело ќе се согласам дека не се исплати да седиш и да плаќаш кирија.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    од нив ќе биде големото. Мислам реално таков народ сме наназад ко ќе погледнам од "ништо не ми е ќе помине" луѓе си умреа ама сега од истово и други покрај нив (да не даде Господ) може да умрат.
     
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    да точно. Само јас не дојдов од Италија да се скријам и да ќутам за слободно да шетам. Во времето кога славевме роденден имаше 2-3 ца заболени кои дошле во Дебар. Нив не го затворија дома нас ли ќе не затворат? Во нашиот град во период кога беше речено дека училиштата се затвораат игротеките уште недела дена работеа и никому ништо. Ама затоа па родотеливе сами се ставија во изолација. Ниеден роденден во игротеката не беше откажан освен мојот што во последен момент се повлеков.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    И заборавив да се надоврзам за ситуацијата,ги забранија движењата по тројца или повеќе,казна 3000евра на лице место.

    Ама некои не го сфаќаат озбилно. Сите што се во карантин се чешлани,по адреси на лични карти проверуваат,во еден ден е изречена казна во висина од 10.000 евра. На лице место плаќаш.

    Од денес за трудници,хронично болни и лица над 65 години е забрането движење.

    Според мене треба и полициски час да има затоа што оперираат коли навечер,ќе се качат двајца,па по пат уште двајца и ете корона. Оти утре тие истите ќе одат на работа по објекти.
    А особено треба да обрнат внимание во Марса таму е лом ама им попуштаат многу.

    И тоа е,ако има нешто во теков на денов ќе пишам
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Не мораш да се криеш и ќутиш можеш јадењето од пред игротека да си го донесеш дома со се деца, со се гости со све и да се “самоизолирате” на два квадрати.
    Ако не беа тие од Дебар вирусов магично ќе фатеше кривина покрај Македонија и мајка вековна немаше да се зарази. Ќе ја прелеташе.
    Абе со кој најдов и јас да муабетам, ајде марчи терај прај доручек.
     
    На Harper, ohlalalala, ruruk и 12 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Леле муабетов! Па и @FreeMind алал на упорноста да се докажеш :) Она не шетала и на сите гости им направи епидемиолошка анкета и може да слави.

    Ај не заебавај! Заради ова се шири вирусов! Ради вакво неодговорно однесување. Какви родендени по дома или игротека во ова време! Па и уште и памет солиш тука.
     
    На Harper, Ivan4e04, Waverly Raven и 28 други им се допаѓа ова.
  13. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.033
    Кога Филипче на прес рече дека се затвараат училиштата, јасно и гласно нагласи дека ова не значи дека родителите треба да ги носат децата по игротеки.
     
    На Harper, Ivan4e04, ohlalalala и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    14.718
    Пол:
    Женски
    Може некој да ме исправи ако погрешно размислувам ама што е толку битно како некој се заразил и барање од Филипче до бескрај за објаснува за секој еден случај? Еве на пример жената од Куманово. Може имала швалер што бил во странство од кај Филипче да знае што правела она во животот.
    И тоа манијакално следење на бројки. Многу битно дали денес се заразиле 20 или 25. Вие седете дома, носете маски и ракавици и почитувајте препораки. Тоа само е ваша обврска.
    Дефинитивно треба полициски час за интернет! Само по 1 саат дневно и ајт.

    Па уште членки тука да ви објаснуваат зашто дома сакаат да се вратат. Дај најдете си некоја продуктивна обврска.
     
    На marchi-cool, Harper, Ivan4e04 и 39 други им се допаѓа ова.
  15. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Софија:
    [​IMG]
     
    На candy.cane и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Ја повеќе би ги плукал оние што решиле да идат на скијање и шетање у сред епидемија во Италија него овие што им ја укинале работата па мораат или сакаат да се вратат дома... Како тргнала епидемијава, не сме далеку од палење вештерки на плоштад..


    Него друга интересна работа што читнав на интернет, изгледа планетава ќе живне на некој месец одкако човеков се стави во карантин...

    https://www.unilad.co.uk/science/ea...QUZqdUYqgmyZ0Z8jOVn11wm7h0kAeQk7opsWIFknCUpFg
     
    На Maja z, Alisa22, ohlalalala и 17 други им се допаѓа ова.
  17. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    1.508
    Пол:
    Женски
    Дали некој има информација за градоначалникот на Велес и неговата сопруга докторка имаа контакт со директорката од шумското. Велат дека и они биле во изолација , а во понеделникот свекрва ми беше земаше рецепти од сопругата негова.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Ги имаше на ТВ вчера, Алфа мислам, во карантин се.

    Сто посто сопругата негова им била матична на заболените...

    Се надевам свекрва ти не била долго во контакт, консултирајте се со ЦЈЗ во Ве
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.962
    Допаѓања:
    127.728
    Пол:
    Женски
    Ако се во изолација тогаш ќе се јавеле на свекрва ти бидејки ги испитуваат сите контакти со кои што биле. Аман полека .
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Се јавуваат на други само ако испаднат позитивни на вирусот.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.